fbpx

Лицата со СРЦЕВИ ПРОБЛЕМИ треба да се претпазливи при ВИСОКИТЕ ТЕМПЕРАТУРИ!

tonus

Моменталниот топлотен бран влијае на секого, нарушувајќи го секојдневното функционирање и извршување на обврските. Но, одредени групи на граѓани треба и да внимаваат, па дури и да избегнуваат престој надвор во најтоплите часови од денот. Во продолжение ќе зборуваме како екстремно топлото време влијае на лицата со кардиоваскуларни проблеми и зошто истите треба да се особено внимателни и претпазливи.

 

Како влијаат високите температури на телото?

Топлото време може да влијае на телото на разни начини и истото станува опасно кога изложеноста е подолга. Во прв момент, топлината може да предизвика дехидрација, а во посериозни случаи и топлотен удар,

Дури и поблага форма на дехидрација е заслужна за промена во когнитивните функции и расположението. Ваквите состојби се штетни и може да бидат сериозни.

"“Online”/

По подолга, повторувачка изложеност (неколку дена), екстремните температури може да делуваат врз функционирањето на внатрешните органи и особено да се отежне функцијата на кардиоваскуларниот систем.

Важно е да се напомене дека топлото време влијае различно на популацијата. Децата, повозрасните, бездомниците и луѓето со веќе постоечки кардиоваскуларни проблеми имаат зголемен ризик за појава на здравствени проблеми поради топлината. Некогаш луѓето не се свесни дека премногу долго биле изложени на сонце или на висока температура, бидејќи симптомите се јавуваат кога е веќе доцна. 

 

Зошто лицата со кардиоваскуларни проблеми треба да се внимателни на високи температури?

Топлото време може да биде особено опасно за луѓето со срцеви и кардиоваскуларни проблеми поради зголеменото оптоварување на кардиоваскуларниот систем. Кога телото и срцето се изложени на високи температури, тие работат понапорно за одржување на стабилна телесна температура, првенствено преку процесот на потење и зголемен проток на крв во кожата. Овој механизам за терморегулација доведува до вазодилатација, што го намалува крвниот притисок. За да компензира, срцето го забрзува пулсот, а со тоа се зголемува и обемот на работа. За лицата со веќе постоечки срцеви проблеми, овој дополнителен стрес и напор може да ги влоши симптомите на срцева слабост, аритмии и други здравствени состојби. 

Понатаму, дехидрираноста, вообичаена за топлото време, може да го намали волуменот на крвта, што повторно доведува до понизок притисок и потенцијален електролитен дисбаланс, што може дополнително да го напрега срцето. Топлината исто така може да го зголеми ризикот од формирање на згрутчување поради хемоконцентрација, зголемувајќи ја веројатноста за тромбоза и последователни кардиоваскуларни настани. 

Сето ова јасно укажува на една доза на претпазливост и внимателност кај лицата со срцеви заболувања. Активностите на отворено, кога надвор е најтопло, најдобро е да се избегнуваат и истите да се остават за вечерните или раните утрински часови

Повеќе на темата околу правилно изложување и функционирање при екстремно високи температури, може да прочитате ТУКА.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор