fbpx

Зошто кога е ТОПЛО заспиваме ПОТЕШКО?

tonus

Речиси и да не постои недела во која не зборуваме за важноста на сонот на нашиот блог. Редовно зборуваме за ефектот кој го има спиењето врз нашиот квалитет на живеење и врз нашето целокупно здравје – физичко и ментално. Нажалост, спиењето често го занемаруваме и не му ги посветуваме соодвнетното внимание и важност. Но, хигиената на спиење е особено важен аспект од нашето секојдневие, а за нејзиното одржување потребно е сосем мала посветеност. Имено, под хигиена на спиење ги подразбираме квантитетот и квалитетот на нашиот сон. Иако квантитетот е нешто на што најмногу се фокусираме, неретко се случува да се разбудиме уморни и недоволно одморени и покрај тоа што сме спиеле 8 часа. Тоа се должи на лошиот квалитет на сонот, а за негово одржување постојат исто така повеќе фактори. Еден од нив е и одржувањето на соодветни услови во просторијата каде што ќе спиеме. Токму еден таков услов за кој ќе зборуваме во повеќе детали во денешната статија е температурата, односно која е најсоодветната температура за просторијата во која треба да спиеме?

Како температурата влијае на спиењето?

Нашиот циркаден ритам во голема мера одредува кога сме будни и активни и кога сме подготвени за спиење. Овој ритам или циклус е придвижуван воглавно од изложеноста кон сончева светлина и е контролиран од посебен дел од мозокот наречен супрахијазматично јадро. Ваквиот дел од мозокот користи бројни индикатори од средината, вклучувајќи ја светлината и температурата, со цел точно да одреди кога е најсоодветниот период за спиење. За циркадниот ритам имаме пишувано во претходна статија која можете да ја прочитате доколку кликнете тука.

Како што веќе знаеме, телесната температура на човековото тело е околу 37℃. Меѓутоа, во текот на ноќта, телото користи процес наречен вазодилатација, пришто испраќа поголем проток на крв до екстремитетите, со цел да ја намали температурата во останатиот дел од телото за неколку степени. Ваквиот процес на вазодилатација се смета за причината зошто некои поединци имаат потопли стапала и дланки додека заспиваат, а зошто оние со студени стапала може да се борат со несоница. Ваквиот пад на телесната температура, исто така протекува паралелно со ослободувањето на хормоните за спиење, што помагаат да отпочне заспивањето, но и промовираат подобар квалитет на сон во текот на ноќта.

"“Online”/

Ваквиот ефект на температурата е воочлив со промената на годишните времиња, а особено во студените зимски денови и во топлите летни. Во летниот период телото има потешкотии да ја намали телесната температура, па често имаме отежнато и неквалитетно спиење. Зимата е период кога телото лесно ја намалува температурата, па заспивањето е полесно, побрзо, а сонот во текот на ноќта е често непрекинат и поквалитетен. Често луѓето не помислуваат на температурата како фактор кој може да влијае значително врз квалитетот на спиењето, но таа е особено важна и може да допринесе кон сериозно подобрување на нашите навики на спиење.

Која е идеалната температура за спиење?

Сечии потреби се различни и сите имаме различни навики поврзани со спиењето. Научниците сметаат дека оптималната амбиентална температура се движи од 19 – 21℃, но постојат препораки кои велат дека и пониски температури се прифатливи и препорачливи.

Инаку, температурниот пад во нашето тело при спиењето започнува со самото заспивање и продолжува до рано наутро. Доколку температурата е премногу висока, може да дојде до потешкотии при заспивањето, но и при одржување на континуитет во спиењето за време на ноќта. Ова може да доведе до чувство на умор и потреба од сон, но сепак лицето да не може да заспие. Високата амбиентална температура е поврзана и со целокупно намален квалитет на спиењето, а некои истражувања ја поврзуваат и со пократок период поминат во регенеративните периоди од спиењето – првенствено фазата на длабок сон. Ваквите потешкотии за време на ноќта може да предизвикаат нагласен умор наредниот ден. Затоа, пожелно е да се намали температурата на просторијата во која ќе спиете.

Пониските температури не се толку непожелни како високите, но сепак ладната просторија може исто така да го намали квалитетот на спиењето и да го направи заспивањето потешко.

Како да постигнеме пријатна и удобна температура за спиење?

Како што споменавме, повеќе штета може да напраат топлите простории, отколку поладните. Затоа зимскиот период е подобар во поглед на тоа, но сепак одредени простории може да се потопли од што е потребно. Во тој случај препорачливо е:

  • Променете ја вашата постелнина, но и прекривките и усогласите ги во однос на температурата во просторијата. Користете постелнина од природни материјали која ќе дозволи подобра размена на топлината
  • Избегнувајте физички активности непосредно пред спиењето – како и собата и вашето тело треба да е подготвено за претстојното спиење. Покачувањето на телесната температура преку некоја физичка активност може да има негативен ефект врз квалитетот на сонот
  • Проветрете ја и оладете ја просторијата доколку истата е премногу топла
  • Користете природни материјали и за вашата перница и душек
  • Носете облека која нема да ја задржува топлината и која е пријатна и удобна.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор