fbpx

Отровна убавина – кога козметичките продукти можат да го загрозат здравјето?

tonus

Во просек, една жена употребува 12 разични ,,продукти за убавина”, секојдневно.

Да наброиме само неколку од нив: средства за чистење, бои за коса, разни производи за нега на кожа, разни миризливи лосиони, лакови за нокти, различни шминки, влажни марамчиња итн.

Можеби мислите дека сите компоненти на овие производи се тестирани во однос на долгорочната безбедност, но тоа за жал не е случај.

"“Online”/

Обично, овие продукти имаат соодветни истражувања, односно тестирања, за нивниот краткорочен импакт. Од друга страна, нивното долгорочно влијание на телото ретко е познато. Најчесто негативните ефекти на долг рок ги дознаваме доколку повеќе луѓе се пожалат на несакано дејство од некои производ.

Експертите предупредуваат дека тоа што некои производи се на рафтовите не значи и дека се безбедни. Имајќи го ова предвид, жените треба повеќе да внимаваат што секојдневно ставаат на своето тело и дали тоа би можело негативно да влијае по нивното здравје.

Фарбите за коса и ракот на дојка


Постојат причини да бидеме загрижени околу составот на повеќе популарни продукти за нега кои се раширени на пазарот. На пример, една студија објавена минатата година во International Journal of Cancer пронаоѓа врска помеѓу ракот на дојка и фабрите за коса.

Според ова истражување, жените кои користеле најмалку еднаш во годината фарба за коса, имале за 9% поголем ризик од развој на рак на дојка, за разлика од оние кои воопшто не се фарбале. Дополнително, овој ризик бил исклучително поголем кај афроамериканките (дури 45%!).

Истото истражување вели дека со почестата употреба на овие препарати за коса, се зголемува и ризикот од канцер на дојка. Но, ова важело за т.н. перманенти обојувачи на косата, а не за краткотрајните, освен ако тие не биле користени во домот. Тоа веројатно е случај поради фактот што кога се употребуваат дома, краткотрајните фарби можат поверојатно да се најдат на вашето тело или да бидат вдишани во затворените непроветрени простории.

Експертите велат дека ова не се изненадувачки резлутати. Анималните студиите кои биле правени пред споменатата, покажале дека продуктите за нега на косата имаат над 5000 хемикалии помеѓу кои и онакви кои влијаат за создавање на дисбаланс на природните женските хормони, па дури и на развивање на рак кај испитуваните животни.

Постојат и понови студии кои помалку ги поврзуваат препаратите за нега на косата со канцерогени заболувања. Експертите сметаат дека ваквите нови резултати се базираат на тоа што поновите препарати користат помалку хемикалии кои веќе покажале канцерогено дејство во претхоните студии.

Кратка анализа на резултатите од студијата

Треба да се земе предвид дека испитаничките секако имале зголемен ризик од рак на дојка, поради тоа што намерно биле избрани за испитување како здрави сестри на пациенти кои имале рак на дојка. Ова може да значи дека развивањето на ова заболување на поедини испитанички од студијата не мора примарно да се должи на употребата на фарбите за коса.

Сепак, според експертите, резултатите можеби се доста релевантни, имајќи го предвид енормното зголемување на ризикот од рак на дојка кај афроамериканките.

Дали според добиените резултати, треба да престанете со употребата на фарбите за коса? Според експертите, зголемениот ризик од 45% кај афроамериканките не може да се занемари. Всушност тоа значи дека треба особено да сте внимателни при изборот на препарати за коса, бидејќи можеби не можеме да ги контролираме другите ризик-фактори за рак на дојка, но овој секако можеме.

Кратки совети околу она што ние самите можеме да го направиме за да ја минимизираме изложеноста на штетните хемикалии од разните препарати:



Информирајте се повеќе околу составите на препаратите – при изборот на препаратите за нега на кожата или косата, обрнете внимание на составот. Барем денес можеме да стигнеме до повеќе информации за самите компоненти на интернет. Организациите како www.ewg.org имаат направено анализи, па и рангирање од 1 до 10 на доста чести компоненти во препаратите за нега, па можете да го користите нивниот сајт како извор на информации.

• Доколку е можно, најдете побезбедна алтернатива – доколку утврдите дека продуктите кои веќе ги употребувате содржат некоја небезбедна компонента, побарајте нивна поздрава алтернатива.

• Секогаш бидете скептични околу сите продукти за нега! – многу компании напорно работат за да развијат сосем безбедни производи, но тврдењата на некои производители околу безбедноста на продуктите, често се сомнителни. Добар пример дека треба да останете сосема внимателни е фактот што многу компании ги отстрануваат потврдено проблематичните хемикалии од нивните производи и додаваат нови кои се потенцијално еднакво опасни.

Генерално, намалете ја употребата на препарати за убавина – не секогаш полната бања со продукти за убавина ќе ви донесе бенефит. Генералното намалување на употребата на продукти за убавина значително ќе ја намали вашата изложеност на потенцијално опасни хемикалии по вашето здравје.

• Природниот начин е секогаш подобар! –
многу често комерцијаните производи за убавина можете лесно да ги замените со домашно подготвени продукти. Но сепак, треба да се биде внимателен и со овој пристап. На пример, есенцијалните масла се пропагираат како природен пристап, но и тие можат да носат свои ризици.

Краток заклучок

Од сето наведено можеме да заклучиме дека е потребно да се посвети многу поголемо внимание на самиот состав на производите за убавина кои секојдневно се користат, повеќе да се информираме за нив и на крајот, што е можно помалку да користиме комерцијани препарати.
Наместо тоа, да користиме повеќе препарати кои се подготвени во домашни услови.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор