fbpx

Често ги внесуваме без да знаеме – Кои се НАЈЛОШИТЕ МАСНОТИИ за нашето здравје?

tonus

Широката јавност е сè повеќе заинтересирана за здравиот начин на исхрана. Една од првите работи што ја сознаваме кога ќе се заинтересираме на оваа тема е разликувањето на т.н. здрави, од лошите маснотии по нашето здравје.

Познато е дека заситените маснотии кои најчесто се присутни во животинската храна, создаваат лоши последици по нашето здравје. Спротивно, за добри маснотии се сметаат оние кои се главно изградени од моно или полинезаситени масни киселини. Тие пак, се присутни кај растителната храна.

Постојат и најлоши маснотии!

Но, пошироката јавност е малку запознаена со маснотиите кои се најлоши. Трансмастите.
Трансмастите можат да се наречат и вештачки маснотии (постојат и природни, но тие се застапени во мал процент кај некоја животинската храна). Тие се добиени со хидрогенирање на незаситените маснотии на високи температури и во присуство на катализатор.

"“Online”/

Ваквата постапка во прехранбената индустрија се прави заради тоа што вештачки добиената заситена маст има погодни функционални својства. Функционални, кога се работи за текстурата на храната, рокот на траење и некои други својства, кои се важни за прехранбената индустрија.

Заради овие причини, трансмастите се застапени широко во поголемиот дел од процесираните производи. Но, дали ваквата маснотија е погодна и за правилно функционирање на нашиот организам кога е внесена? Какво влијание има таа врз него? Кои се препорачаните количини на внес?

Оние што веќе се сретнале со поимот трансмасти, веројатно знаат дека ваквата маснотија делува неповолно на нашиот организам. Но, дали знаеме на кој начин се остварува тоа неповолно влијание?

Во текстов ќе се обидеме накратко да ги објасниме начините на кои се остваруваат негативните влијанија на овие т.н. најлоши маснотии.

1) Трансмастите влијаат лошо на здравјето на срцето

Во серија од клинички студии, луѓето кои консумирале вакви маснотии наместо другите, имале значителен пораст на ,,лошиот” LDL холестерол, без притоа да има и соодветен пораст на добриот HDL холестерол. При консумирањето на останатите маснотии растат двата типа на холестерол, заедно.

Јасно е дека повишените нивоа на холестерол и триглицериди во крвта значително го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања.

Исто така, бројни студии укажуваат на значително зголемен ризик од срцеви заболувања кај пациенти кои ги имале заменето секојдневните маснотии главно со трансмастите.

2) Дали трансмастите имаат ефект на инсулинската сензитивност и дијабетот?

Многу студии, меѓу кои и клинички (работени на пациенти) и истражувања работени на животни, укажуваат на негативно влијание на трансмастите на инсулинската сензитивност.

Една студија работена на 80 илјади жени дава податоци дека оние испитанички кои консумирале масти генерално од транс-потекло, имале зголемен ризик од дијабет за 40%, во однос на контролната група.

Сепак, потребни се повеќе студии на оваа тематика заради тоа што постојат и повеќе истражувања кои барале и не нашле релација помеѓу консумирањето на транс мастите и појавата на дијабет.

3) Поврзаноста на трансмастите и хроничните воспалителни процеси

Хроничните воспалителни процеси во организмот се сметаат за примарна причина за многу хронични заболувања. За хронични заболувања се сметаат: срцеви заболувања, метаболитички синдром, дијабетес, артритис, канцер итн. Ова се воедно и главните болести на модерното време.

Повеќето студии на оваа тема даваат слични податоци. Консумирањето на трансмастите наместо другите маснотии во исхраната, води кон зголемување на т.н. инфламаторни маркери. Слични резултати се најдени и за заситените масностии кои се присутни кај животинските производи (на пример кај путерот). Ова е особено случај кај луѓето со покачена телесна тежина.

4) Поврзаноста на трансмастите со здравјето на крвните садови и развојот на канцер

Се смета дека трансмастите ја оштетуваат внатрешноста на крвните садови, односно нивниот ендотелиум.

Во една студија која имала за испитаници луѓе кои ги замениле заситените маснотии во исхраната со трансмастите, се добиени загрижувачки податоци. Имено, кај испитаниците е утврден пад на добриот HDL холестерол за 21%, додека дилатацијата на артериите, односно нивната способност за ширење, била намалена за 30%.

Не постојат многу студии кои се занимаваат со поврзаноста на трансмастите и развојот на канцер. И покрај тоа, фактот што тие го зголемуваат ризикот од хронична инфламација на организмот, може на долг рок да води кон зголемен ризик од канцер.

Една од студиите која се занимава со поврзаноста на трансмаснотиите и развојот на канцер утврдила дека зголемениот внес на трансмастите, пред менопауза, води до зголемен ризик од канцер на дојка, по менопауза.

Се наметнува прашањето: како да ги избегнеме трансмастите?

По сите податоци кои погоре ги наведовме, освен што се јасни многуте негативни ефекти, јасно е и дека трансмастите немаат никако позитивен ефект на организмот. Затоа, нивната консумација треба да ја сведеме на 0.

Тоа можеме да го постигнеме со проверувањето на наведениот состав на процесираната храна.

Сепак, најдобро би било да ја избегнуваме во целост, ваквата процесирана храна. Зошто? Покрај трансмастите, процесираната храна е богата со калориска вредност, односно заситени маснотии, шеќери, сол, а речиси воопшто да нема микронутриенти (витамини, минерали) и растителни влакна.

Со други зборови, има сè што не ни е потребно, а потребното отсуствува.

Оптимално би било, наместо процесираната храна да се свртиме повеќе кон свежата и целозрнeста храна.

Транс масти најмногу има во: тврди маргарини, пржени храни (особено во помфрит, мекици и крофни), чипс, пуканки од микробранова, замрзнати теста и некои видови крекери.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор