fbpx

Зошто стареењето не треба да се асоцира со намалена физичка активност?

tonus

Сите ние. моментално живееме во најнапредниот стадиум на човештвото. Секојдневно се развиваат и откриваат напредни и современи техники во речиси секое поле, а медицината не е исклучок. Човечкиот живот е значително продолжен, а постојат и лекарства и терапии за голем број болести кои во минатото се сметале за неизлечиви. Сето ова доведува до популација која колективно подолго живее и всушност се јавува т.н „стареење на популацијата“. Но, стареењето си носи свои проблеми, а дел од нив се и намалената подвижност, физичка способност и потешко извршување на секојдневните, основни задачи и обврски. И покрај ваквите ограничувања, науката има цврст став – стареењето не е причина помалку да се движиме.

Затоа, во продолжение на оваа статија, ќе зборуваме за важноста и неопходноста од раздвижувањето кај постарата популација и за позитивните ефекти кои истото ги носи.

Зошто е важна физичката активност кај постарите лица?

Проценките се дека луѓето над 65 години, во просек, поминуваат 10+ часа во денот, во седечка или легната положба. Ваквата неактивност има значаен ефект врз нивното здравје. Ризикот од пад, срцеви заболувања и предвремена смрт се зголемува поради ваквиот начин на живот.

"“Online”/

Со самото стареење, евидентно е дека телото мора да се раздвижува доколку сакаме квалитетен  живот. Најобичните секојдневни активности, како прошетки, пазарење или дружење со пријателите може да бидат отежнати или спречени поради недоволната активност. Можно е да се јават болки во делови од телото што претходно не ни претставувале проблем.

Истражувањата се неоспорни и навистина бројни се придобивките од физичката активност, како за старите лица, така и за сета останата популација.

Истражување – зошто со стареењето не треба да „забавиме“?

Во денешницата, сосем е нормално како што старееме да си помислиме дека е нормално и очекувано да забавиме и помалку да се движиме. Научниците го препорачуваат спротивното – со стареењето физичката активност и движењето треба да продолжат, а тогаш нивната важност и неопходност е уште повеќе нагласена.

Тим на истражувачи од универзитетот Харвард, неодамна објави нова студија токму на оваа тема. Нивното истражување покажува дека физичката активност кај повозрасните лица ја „пренасочува“ енергијата од одредени процеси кои може да го загрозат здравјето. Научниците кои биле вклучени во ова истражување се еволутивни биолози и тие сметаат дека луѓето еволуирале со цел да бидат физички активни и кога ќе остарат. На овој начин тие ја насочуваат својата енергија кон физиолошки процеси кои ја успоруваат деградацијата на организмот. Тоа значи дека се намалува ризикот за заболувања како: кардиоваскуларни заболувања, тип 2 дијабет, одредени типови канцер и сл.

Како физичката активност допринесува кон подобро здравје кај повозрасната популација?

Научниците во ова истражување проучувале повеќе различни начини преку кои физичката активност допринесува кон подобро здравје. Главниот начин, како што споменавме е пренасочувањето на енергијата од потенцијално опасни механизми – како на пример, прекумерното складирање на масти.

Физичката активност се смета дека ја пренасочува енергијата кон позитивни, корисни ефекти во организмот. Покрај трошењето на калории, самата физичка активност за телото се смета како физиолошки „стресна“, со што предизвикува „штета“ на клетките и ткивата. Но, одговорот на телото кон оваа „штета“ е она што всушност помага да сме поздрави и посилни со редовно движење. Одговорот на телото може да биде обнова на мускулното ткиво – со што се добива нов, поголем и посилен мускул, обнова на на ‘рскавиците и сл. Покрај тоа, по вежбањето се создаваат низа на соединенија кои имаат анти-воспалителен и антиоксидантен ефект. Без физичка активност, има помало создавање и лачење на овие соединенија. Репарацијата и обновата на клетките се покажало како клучно за намалување на ризикот за бројни заболувања – канцер, прекумерна телесна тежина, дијабет, остеопороза, Алцхајмерова болест, депресија и сл.

Дури и мала физичка активност е доволна за да се иксористат придобивките

Биологијата на човековото тело е резултат на екстремно долг еволутивен пат. Во последните неколку илјадници години тоа еволуирало и се адаптирало да биде физички активно, дури и во староста. Во минатото нашите предци немале избор, нивниот опстанок зависел од константното движење и снабдување со ресурси за преживување. Денес, ние мораме сами да се мотивираме да сме физички активни. Затоа, клучно е да најдеме активност во која ќе уживаме и која лесно ќе премине во трајна навика. За истата не е потребно премногу време – само 20 минути на ден се доволни за одржување на нашето здравје. Затоа не користете повеќе изговори и започнете да водите барем малку поактивен живот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор