fbpx

ТРИ успешни стратегии за трајно слабеење

tonus

Вишокот телесна тежина измачува огромен дел од светската популација, па губењето на килограмите е една од најчестите здравствени и фитнес цели.

Според Американскиот центар за превенција и контрола на заболувањата (CDC), речиси половина од населението во САД во последните 12 месеци имало некакви обиди за слабеење.

Желбата за слабеење резултира со безброј стратегии и методи за слабеење, некои поцврсто, а некои многу послабо базирани на наука, повеќе на ,,искуство”.

"“Online”/

Неодамна објавено истражување во едно од подобрите списанија кога станува збор за гојазноста – Obesity journal, се обидува да ги идентификува ефективните бихевиорални(збир од навики и однесувања) и психолошки стратегии, споделени од луѓето кои успеале трајно да го загубат вишокот телесна тежина.

Студијата  анализирала волонтери кои успеале трајно да ослабат 9 или повеќе килограми, во текот на 3 години и утврдила неколку специфични разлики кои ги одделувале овие поединци од другите помалку-успешни во обидите за губење на килограмите. Покрај главанта разлика – јадењето здрава храна, разликите вкучувале развивање на силни навики за здраво јадење и редовна физичка активност, техники на самоевалуација(себе преиспитување и надгледување) и стратегии за справување со психолошкиот стрес.


Слабеењето е процес кој има потреба од сеопфатен пристап

Според експертите, оваа студија уште еднаш ни потврдува дека трајното слабеење е процес кој има потреба од внимателен и целосен, сеопфатен пристап.

Значи не е само калорискиот дефицит(кој без дилема ќе донесе резултат, затоа и повеќето диети се успешни, но само на почетоците) оној што ќе ни донесе резултат.

Само градењето на здрави навики во однос на исхраната, но и физичката активност, спиењето и успешното справување со стресот можат да водат кон траен резутлат. Исто така, друг нераскилив фактор е и едукацијата во однос на сите претходно набројани фактори.

Значи и кога станува збор за слабеењето, треба да мислиме со главата, а не со стомакот.


3 стратегии за успешно и трајно слабеење

1) Формирајте ,,цврсти” навики

Секој успешен, долгорочен план за слабеење има потреба, односно треба да содржи идеи за трајни промени во навиките. Превземајќи чекори кон формирање трајни, цврсти навики, се намалуваат шансите од значително варирање на тежината во иднина или враќање на загубените килограми. Според резултатите на споменатата студија, волонтерите кои постигнале најголем успех имале усвоено цврсти навики во однос на здравата исхрана и редовната физичка активност. Сето ова има смисла и не е нешто сосема ново, но како да ги добиеме или како да ги стекнеме ваквите цврсти навики?

Еден од истражувачите од студијата вели дека мотивот, правилните позитивни размислувања и упортноста се неопходните компоненти за успех. Еден од најдобрите начини за формирање на добри навики е прво нивно утврдување, а потоа изнаоѓање на најприфатлив начин на кој можеме да ги оствариме.

На пример, пазарувањето само на здрави намирници и нивната постојана достапност во кујната, за повеќето луѓе го прави полесно одолелвањето на искушенијата кои се чести.

За многумина е исто така полесно, наместо целосно да променат некоја навика, да ја направат барем малку поздрава. Така, полесно ќе дојдат и до најздравата опција. На пример грицките. Можеби и здравите грицки имаат доста калории, но тие побрзо ќе ве заситат и со текот на времето ќе можете полесно да се справите со количните.

Друг пример, ако често јадете од досада или стрес, кога ќе дојде тој момент на потреба за храна, најдете нешто друго за правење, како некој друг вид активност што ви претставува задоволство или пак направете некоја здрава активност, како пешачење или возење велосипед.

На крајот, нешто многу значајно што треба да го разбереме е дека прогресот во однос на слабеењето скоро никогаш не е линеарен. Што значи тоа? Тоа значи прогресот не е постојано со ист интензитет и дека повеќето луѓе имаат периоди во кои работите не одат ,,според планот”. Ова не треба да демотивира, напротив, тоа е нормално и затоа слабеењето се нарекува процес. Џабе користите диети и се изгладнувате кога во главата ви се врти идејата за ,,последниот ден” и враќањето на старите навики. Ниту пак предобриот резултат не треба да мотивира да се вратите кон некоја стара и лоша навика.

2) Процес на семоевалуирање или себенадгледување

Постојат неколку начини за успешно следење на губењето телесна тежина. Во студијата, како најефективна стратегија од овој аспект се покажало запишувањето на тежината на график и следењето на калорискиот внес секојдневно, определувајќи целна вредност (најчесто во некаква апликација). Следењето на физичката активност, исто така била од помош. Поентата на ова следење е да се создаде чувство кои одлуки како влијаат на калорискиот дефицит, но и целокупното чувство и како тоа се одразува во прогресот во реалноста.

По одреден период, веќе нема ниту да имате потреба од толку детално следење, бидејќи пресметките за калорискиот дефицит ќе одат ,,на памет”, а ќе знаете и кои производи и активности како влијаат на намалувањето на килограмите.

Според експертите од студијата, следењето на резултатите, освен што ни овозможува увид во тоа каде грешиме и со тоа, што треба да поправиме, туку ни дава и чувство на успех и задоволство по добриот резултат. Ваквото чувство мотивира, а мотивот е клучен во однос на трајните промени.

3) Справување со психичкиот стрес


Било какви промени во животот, можат да ви создадат одреден интензитет на стрес, вкучително и промените во исхраната и физичката активност, кои се нужни за правилното слабеење. Затоа, како доста битни се јавуваат механизмите за справување со стресот предизивкан од овие промени.

Во студијата, специфичните стратегии за справување со стресот, како размислувањето за веќе постигнатите успеси и размислувањето на позитивен начин околу процесот на слабеење, се покажале како доста важни. Тие се клучни во моментите кога ,,нешто не оди според планот”.

Затоа, експертите советуваат дури и да си ги запишувате и најмалите успеси кои се постигнати во процесот на слабеење, да се потсетите на посветеното време и што е најважно, на мотивот – нешто што е нужно да го утврдите во самиот почеток.

Тие советуваат и комбинација од искрен и внимателен однос кон себеси- рационалност која ќе ви овозможи емоциите да не надвладеат, што е ризик за подложност на стрес и враќање на некои ,,лоши задоволства”.

Свесноста за претходните постигнати успеси и позитивната настроеност кон целта, ќе ви помогнат да сфатите дека голем дел од работите се под ваша контрола.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор