fbpx

Се чувствувате ИЗМОРЕНО наутро? Можни причини и решенија

tonus

Дали често знаете да се разбудите поизморени отколку пред легнувањето? Утринската замореност може да биде најразлично доживеана од различни луѓе, но генерално се карактеризира со неволност, истоштеност, силен недостаток на енергија, мотивација и волја за воопшто да станете од креветот. Ваквата состојба често знае да ,,продолжи” и во текот на целиот ден.

Утринската замореност може да има сериозно влијание врз целокупниот квалитет на живеење, односно врз социјалниот и професионален живот и физичкото, менталното и емотивното здравје на човекот.

Затоа, доста е важно да видиме кои се најчестите причини што го предизвикуваат овој проблем и да знаеме како да си помогнеме. Во продолжение, многу повеќе токму на оваа тема.

"“Online”/

Хроничниот замор е проблем на модерното време

Помалку ироничен е фактот што иако внесуваме повеќе храна (енергија) и сме помалку физички активни од било кога во историјата, сепак никогаш човештвото не било ,,поизморено”.

Според Американскиот центар за контрола на заболувањата, околу 15% жените и 10% од мажите во САД редовно имаат постојано чувство на замор и истоштеност. Освен што тој негативно влијае на она што се подразбира под квалитет на живот, генерално, ваквиот замор може да има и поконкретни дури и фатални последици.

Имено, во САД, земјата во која има статистички податоци за речиси секоја тематика, постојат податоци дека 1 од 25 шофери вели дека му се случува барем еднаш во месецот да заспие на воланот. Во оваа насока, околу 72 илјади сообраќајни несреќи и околу 44 илјади повреди, од кои 6000 со фатални последици се препишуваат токму на невниманието при возењето предизвикано од замор.

Секако, утринскиот замор најчесто знаеме од каде ни ,,доаѓа” – недостаток од сон. Излегувања до доцна во ноќта, гледање филмови доцна во ноќта, трета смена итн. Поголемиот проблем настанува кога не знаеме од каде ни потекнува заморот, кога тој нè измачува често и кога после тоа сме уморни во текот на целиот ден.

Главни потенцијални причини за утринската замореност

  1. Лоша ,,хигиена на сон”, нарушен циркадијален ритам

Како што веќе споменавме, најочигледната причина за утринската замореност е недостатокот на сон или лошите навики за спиење.

Редовниот, квалитетен сон од 7-9 часа е оптималната ,,варијанта”. Сепак, сите сме свесни дека доста честа појава е краткото спиење, честото будење во текот на ноќта, лошите навики за спиење итн.

Кога секојдневно си легнуваме во различен период од ноќта, го ,,изместуваме” нашиот т.н. внатрешен, биолошки часовник, или научно кажано циркадијалниот ритам. На тој начин, дури и временски долгото спиење, може да биде недоволно за да сме соодветно одморени, поради нарушениот квалитет на сонот. Ако доволно не ја почитуваме потребата за сон на нашето тело, утринската измореност ќе биде речиси неизбежна работа.

[Поврзано: Како да го подобрите сонот?]

Примери за лоши навики за спиење:

  • Легнување во различни периоди во ноќта и/или постојано будење во различен период.
  • Чести и подолги дневни дремки.
  • Изложување на сина светлина од екраните непосредно пред заспивањето.
  • Неудобен кревет, перница или температура во собата.
  1. Јадење храна која ви го попречува сонот

Јадењето калориски богата храна, како високо-масна храна или лути оброци непосредно пред легнувањето или пак самите обемни оброци пред спиење, можат и те како да влијаат не само на квантитетот, туку и на квалитетот на сонот

[Поврзано: 3 конкретни причини зошто јадењето непосредно ПРЕД спиење не е добра идеја; Зошто шеќерот е највисок наутро?]

Пиењето кафе, различни кофеински пијалаци или алкохол, особено во текот на ноќта, може да го наруши сонот и исто така да доведе до утринска замореност.

  1. Недоволна физичка активност

Редовната физичка активност поттикнува поквалитетен и подолг сон во текот на ноќта. Сепак, треба да се внимава и да не се практикуваат поинтензивни физички активности само неколку часа пред легнувањето, зошто тоа може да има обратен, негативен ефект на сонот.

  1. Недоволна изложеност на природна светлина во текот на денот

Недоволната изложеност на светлина е исто така поврзана со негативни импликации врз претходно споменатиот циркадијалниот ритам или нашиот внатрешен, биолошки часовник.

  1. Неконтролиран стрес

Многу различни фактори можат да го предизвикаат стресот. Акутниот или моменталниот стрес претставува начин со кој организмот се заштитува во одредени ситуации и тој е корисен, но коа ќе премине во хроничен, стресот единствено ни создава проблеми. Дури може да ни го зголеми ризикот и од развој на некои физички заболувања. Секако стресот може да предизвика хроничен замор, а првиот чекор кон решението е да сме свесни дека го имаме. Кратки совети за надминување:

  • идентификувајте го изворот на стрес – без овој чекор невозможно е да го контролирате
  • следете го стресот
  • научете да кажувате не на работите кои не ви се по волја
  • трудете се да избегнувате ситуации кои знаете дека ќе ви предизвикаат стрес
  • зборувајте за проблемите
  • обсервирајте ја ситауцијата и од поинакви агли
  • фокусирајте се на поголемата слика
  • обидете се да ги прифатите работите на кои не можете да влијаете
  • простувањето е важно
  • бидете редовно физички активни

6.      Медицинска состојба

Доколку сте сигурни дека водите здрав начин на живот, oдносно здраво се храните, физички сте активни, се справувате со стресот и доволно спиете, а сè уште наутро чувствувате хроничен замор, тогаш можеби се работи за некое заболување.

Некои од заболувањата кои го имаат хроничниот замор и истоштеноста за симптом се:

но и многу други потенцијални заболувања.

Кратки совети за справување со утринската замореност:

Покрај клучните, добри навики за сон:

  • Немојте да го ,,одложувате” алармот, станете што е можно побрзо откако сте веќе разбудени.
  • Напијте се чаша вода непосредно по спиењето.
  • Измијте го лицето со ладна вода и ако можете, туширајте се со млака или ладна вода.
  • Кафето е одичен избор за расонување, но внимавајте на количествата и додатоците!
  • Правете вежби за истегнување, а ако имате навика за физичка активност и имате време, гледајте таа да биде да биде наутро.
  • Немојте да го прескокнувате доручекот! Јадете нутритивен, но и енергетски богат оброк. Избегнувајте ги шеќерните пијалаци и храната со празни калории. На пример, намачкајте путер од кикирики на интегрално лепче и изедете некаква цела овошка.
  • Внесувајте доволно витамин Ц.
  • Најдете начин за трајно справување со стресот

Поврзано: Која храна ќе ви даде повеќе ЕНЕРГИЈА?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор