fbpx

Физичка активност по ВАКЦИНАЦИЈА – ДА или НЕ?

tonus

Бројот на вакцинирани лица во нашата земја постојано се зголемува, па сосема природно се зголемува и бројот на прашања и дилеми околу самиот процес, но и околу тоа како треба да се однесуваме по примената вакцина. Помеѓу почестите прашања е и следното: Дали непосредно после првата или втората доза на вакцината против Ковид-19, смее да се практикува физичка активност?

Краткиот одговор од експертите би бил: Да, секако, во најголемиот број на случаи е сосема прифатливо, сè додека чувствувате добро и доволно подготвени во физичка смисла.

Сепак, најчесто некои од типичните реакции по вакцинацијата, негативно се одразуваат на плановите за вежбање, па добро е да бидете свесни за тоа. Всушност, да го прилагодите вашиот распоред за активност, односно да оставите барем неколку денови одмор, непосредно по самиот ден на вакцинација.

"“Online”/

 

Кои се најчестите непријатни ефекти по вакцинацијата?

 

Дали ќе се чувствувате доволно добро за да вежбате после вакцинацијата зависи од тоа кои несакани ефекти ќе се појават кај вас. Најчестите непријатности, според релевантните истражувања вклучуваат: болка, црвенило и подуеност на местото на убод, но и замор, безенергичност и поспаност, главоболка, мускулна болка, треска, покачена температура и гадење.

 

Ваквите непријатности вообичаено се појавуваат ден или два по примањето на вакцината. Тие некогаш знаат да имаат обем кој ќе ни ја оневозможи секојдневната рутина, вклучително и вежбањето. Во суштина, ваквите ефекти не се нужно лоши, бидејќи претставуваат знак дека имунитетот одговара на вакцината, односно дека таа ,,функционира”. Тие се неспоредливи со ефектите што може да ги има вирусот врз нашето здравје, особено ако спаѓаме во некоја ризична категорија на луѓе.

 

Дополнително, непријатностите не се очекува да траат повеќе од неколку денови, што значи вакцинацијата нема да ви направи значително нарушување на одредени здрави навики, како оние за редовна активност.

[Поврзано: Пандемијата како мотив за промена на навиките кон подобро!]


Кај помладите, ефекти се поизразени

Сосема е очекувано споменатите ефекти да се поизразени кај помладата популација (под 50 години), бидејќи нивниот имунитет е посилен. Секако, самата природата на ефектите и степенот на непријатност која ја предизвикуваат е индивидуална работа.

За оние што вежбаат редовно, но и за сите останати што ќе се вакцинираат, важно е да се каже дека статистиките на CDC утврдуваат: Кај одредени вакцини, како Pfizer и Moderna, несаканите ефекти се поизразени по примањето на втората доза, во однос на првата.

Според експертите од областа (инфектолозите), не постои никаква опасност ако вежбате по примањето на вакцината, дури и доколку ако имате некои од понепријатните несакани ефекти, како болки во мускулите и слаба треска.
Единствениот ризик се состои во тоа што непријатните ефекти можат да го намалат квалитетот на тренингот и значително да го намалат задоволството од него. Дополнително, можно е благо влошување или дополнително зголемување на одредени несакани ефекти, како заморот, главоболките, мускулната болка и слично.

Друг важен податок: Вежбањето непосредно пред или по примањето на вакцината, на ниту еден начин не може да влијае на ефективноста на вакцината.

 

Експертите препорачуваат да си го слушате сопственото тело

 

Ако по вакцинирањето не се чувствувате добро, особено не расположено за физичка активност, земете си ден за одмор. На оние што имаат редовна навика за вежбање, ова може да им падне особено тешко, но подобро е да се одморите 1 до 2 денови, отколку да се чувствувате уште понепријатно поради лошиот тренинг што би го извеле.

 

Ако инсистирате на вежбање, а имате одредени непријатности поради вакцината, изберете ја најлесната верзија од вашиот предвиден тренинг.

На пример, ако имате тренинг со тежина, а ги имате типичните болки во раката, наместо да вежбате раце, тој ден фокусирајте се на друг дел од телото.

 

Друг пример – ако сте безенергични, а сакате да се раздвижите, наместо поинтензивна активност, изберете подолга проштека.

 

[Поврзано: 5 изненадувачки бенефити од ,,најобична” прошетка!]

 

 

Ако се чувствувате добро, немајте дилема – слободно вежбајте

 

Ако по вакцинирањето се чувствувате добро и немате ниту еден од посочените ефекти, не треба да имате дилеми дали да вежбате! Тоа нема да ви наштети ниту вам, ниту на ефективноста на вакцината.

Дополнително, ако имате одредени непријатности што можете лесно да ги ,,истрпите” или пак користите медикаменти, како ибупрофен, аспирин и слично (секако, добро е да се консултирате со лекар пред земањето на било кој лек) после кои се чувствувате подготвено за вежбање, исто така нема причина да не бидете физички активни.

Во кој случај не треба да вежбате и да консултирате лекар?

 

  • Имате силна треска
  • Силно чувство на замор
  • Значителна мускулна болка
  • Доста покачена телесна температура
  • Подуено место и доста црвено на убод

 

Ако ваквите ефекти не минуваат или се влошуваат во текот на 24 часови, треба да се консултирате со вашиот лекар кој ќе ви даде соодветни препораки.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор