fbpx

Традиционален рецепт за “вапсање” јајца со лушпи од кромид! + Најинтересни фотографии што ни испративте!

tonus

Во еден од претходните текстови дадовме примери како на различен начин можете природно да ги обоите Велигденските јајца.

Во продолжение, традиционалниот рецепт кој во Македонија најчесто се користи за природно бојадисување на јајцата – со лушпи од кромид.

[Поврзано: 5 причини зошто јајцата се помеѓу најхранливите намирници]

"“Online”/

Вапсање јајца со лушпи од кромид!

Најпрво, важно е јајцата што ги користиме да бидат што е можно побели, за бојата да може подобро да се “фати”. Во зависност од најансата што сакате да ја добиете, можете да користите црвен или жолт кромид.

За оваа постапка, потребни ќе Ви бидат:

– јајца со што е можно побела лушпа
– лушпи од кромид
– 2 пара стари хулахопки
– ластичиња
– ливчиња за украсување по желба
– 4 лажици масло за готвење
– 2 лажици сол

Постапката:

– Најпрво поделете ги хулахопките на делови во кои може да се замота едно јајце. Внимателно замотајте го јајцето и врзете ја хулахопката (можете да користите и ластичиња за стегнување). Пред да го врзете јајцето, внатре во хулахопката ставете ги ливчињата за украсување што ќе ги одберете. Сето ова правете го многу претпазливо и внимателно. Вака подготвените јајца, ставете ги во вода за ливчињата добро да се слепат.

– Во старо, подлабоко тенџере се редат, најпрво ред лушпи, потоа ред јајца, па повторно лушпи итн. Потоа се додава водата за варење.

– Во тенџерето додајте ги и лажиците масло за готвење, а потоа и солта.

– Потоа варете на потивка температура додека бојата не се ,,фати” според вашата желба за интензитет. Кога водата ќе се олади, внимателно извадете ги вапсаните јајца и исечете ги хулахопките со ножички.

– На крајот, премачкајте ги јајцата со масло за готвење за да добијат на сјај!

[Поврзано: Како да направите здрава ,,Мимоза” салата? – 3 предлози!]

Видео од овој рецепт, можете да најдете на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=vqn6AOjsnas&t=100s

Само неколку од интересни слики што вие ни ги испративте:

Мартина Талевска (со куркума и лушпи од кромид)       

       

Весна Петровска (црвено вино)  

Марија Четелева (црвена зелка)         

Виолета (лушпа од кромид)

Валентина Јакимов (лушпи од кромид)

Анастасија Поповска (лушпи од кромид)


Ивана Милеска (цвекло, црвена зелка, бобинки, куркума)

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор