fbpx

Истражување: со ВЕЖБАЊЕ не може да компензирате за НЕЗДРАВАТА ИСХРАНА!

tonus

Добро ни е познато дека физичката активност и здравата исхрана се темелите за одржување и подобрување на нашето здравје. Но нажалост, тие често се занемарени од голем дел од популацијата. Уште поштетно е кога луѓето мислат дека доколку се физички активни можат да јадат нездрава храна и обратно, оние што се хранат здраво дека не им е потребна физичката активност. За поврзаноста меѓу исхраната и физичката активност ќе зборуваме во продолжение и ќе издвоиме една неодамнешна студија токму на оваа тема.

Зошто е толку важна правилната исхрана?

Во многу претходни статии и преку многу примери сме ја согледувале поврзаноста меѓу правилната, избалансирана исхрана и здравјето. Врз речиси сите здравствени состојби, исхраната на помал или поголем начин има влијание. Исто така, исхраната е докажано дека има огромно влијание и врз нашето ментално здравје, а преку повеќе студии е докажано дека таа може да ги намали ризиците од појава на анксиозност и депресија кај луѓето. Значи, исхраната е клучна во одржувањето на нашето целокупно здравје. 

Исхраната има огромно влијание и врз нашата способност и врз резултатите од физичката активност која ја практикуваме. Правилниот сооднос на течности, јаглехидрати и протеини, консумирани во соодветно време, може да ги подобрат нашите перформанси при вежбањето и да го намалат уморот. Таа исто така влијае и врз нашето спиење, нашето ниво на енергија, нашето репродуктивно здравје, нашите умствени и когнитивни способности итн. Накратко речено, исхраната е она што нè придвижува, она што нè одржува здрави, енергични и витални. Затоа, таа е неопходно да биде балансирана и здрава. 

"“Online”/

[Поврзано: Истражување – МЕДИТЕРАНСКАТА ИСХРАНА може да го продолжи ЖИВОТНИОТ ВЕК!]

Зошто е важно да сме физички активни?

Редовната физичка активност, покрај здравата исхрана, е можеби една од наједноставните, а сепак најефикасни алатки за одржување на нашето здравје и виталност. Како здрава навика, вежбањето може значително да допринесе кон подобрување на нашето физичко, но и ментално здравје.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

  • Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.
  • Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.
  • Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.
  • Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.
  • Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност и токму за ова ќе зборуваме во продолжение.

Колку навистина одат физичката активност и здравата исхрана рака под рака?

Иако многумина мислат дека една од овие здрави навики може да компензира во целост за другата, науката вели поинаку. Една нова студија ја проучувала ваквата поврзаност, а во неа биле вклучени над 350.000 луѓе. Наместо да ги пренесеме само финалните резултати, ние ќе се задржиме на коментарите на еден од главните истражувачи. 

Имено, научникот И-Мин Ли напоменува дека на почетокот од истражувањето, сосема очекувано, тимот научници очекувал луѓето со најголем степен на физичка активност да имаат и најмала стапка на смрност, за време на следењето. Ова било потврдено во студијата и степенот на намалување на стапката на смртност бил во границите кои и би се очекувале. Потоа била вклучена и исхраната како параметар. Навиките за исхрана на испитаниците биле поделени во три групи : лоши, умерени и добри

Кои биле главните откритија од студијата?

Без големи изненадувања, луѓето кои имале најдобри резултати и во двете полиња (физичка активност и исхрана), имале и најдобри целокупни резултати. Исто така, луѓето со умерени оцени во двете полиња, имале умерени резултати. Неизненадувачки, луѓето кои воопшто не биле активни и имале нездрава исхрана имале најлоши резултати и највисока стапка на смртност. За научниците, интересно било што целосно била побиена теоријата дека едниот фактор може да компензира за другиот. Со други зборови, неактивноста или лошата исхрана си имаат засебен ефект, кој не може да се поништи или балансира со подобрување на само еден фактор/навика. Доколку сме физички активни, а имаме лоша исхрана, тоа значи дека сме во умерениот, па дури и во зголемениот ризик за здравствени проблеми. Научниците напоменуваат дека ова е особено важно да го разбереме и да престанеме да го користиме изговорoт: „физички сум активен, па можам да јадам што сакам“. Важи и обратното, здравата исхрана не треба да биде изговор за целосен недостиг на физичка активност. 

Тајната лежи во умереноста

Научниците исто така истакнуваат дека не забележале голема разлика меѓу лицата кои имаат умерена, редовна физичка активност и оние кои имале навистина интензивен и ригорозен режим на вежбање. Истото важи и за исхраната. Луѓето не мора да се опседнати со здравата храна, туку таа треба да биде дел од нивното секојдневие и навики. Повремени „задоволства“ се целосно прифатливи и тие не прават голема разлика на целокупното здравје. Во студијата, оние кои редовно консумирале овошје, зеченчук и риба, а го лимитирале внесот на црвено месо и месни преработки, имале најдобри резултати. 

Научниците заклучуваат дека реузлтатите од студијата ја побиваат заблудата дека физичката активност и исхраната одат рака под рака и дека нивните ефекти се взаемни. Важно е луѓето да не ги употребуваат овие изговори и да се стремат да ги доведат овие две навики до подобрено, здраво ниво. Здравата исхрана не треба да биде изговор за физичка неактивност, а редовното движење не смее да биде оправдување за нездрава исхрана.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор