fbpx

Вежбите со тежина го ПРОДОЛЖУВААТ нашиот живот? – Науката вели ДА!

tonus

Физичката активност и редовното раздвижување се незаменлив и неопходен дел од здравите навики. Покрај здравата исхрана, физичката активност може да е од особено значење при подобрување, но и одржување на здравјето. Секако, постојат различни типови на физичка активност и таа секогаш треба да се одбере соодветно нашите можности, возраст, време на располагање и сл. Во продолжение ќе зборуваме малку повеќе за вежбите со тежина и за едно поново истражување кое покажува дека истите може да имаат исклучително позитивен ефект врз здравјето.

Дел од придобивките кои би ги очекувале доколку сме редовно физички активни

Иако постои заблуда дека физичката активност бара премногу слободно време, најчесто луѓето имаат повеќе од доволно време во текот на денот или неделата за да ги искористат придобивките од некаков тип на раздвижување. Проблемот најчесто се јавува во истрајноста, редовноста и дисциплината. Целта е да се воведе здрава, трајна навика која нема да делува како „обврска“ туку ќе се вклопи во нашето секојдневие со леснотија.

Дел од придобивките кои физичката активност ги дава се:

"“Online”/

–  Одржување на телесната тежина – физичката активност помага да ја одржиме, па и намалиме телесната тежина, бидејќи таа ја зголемува потрошувачката на калории. Било кој тип на активност, во било кој период може да ви помогне да потрошите неколку дополнителни калории.

Подобрено срцево здравје и намален ризик од заболувања – вежбањето е добар начин да се регулира „лошиот“ LDL холестерол, а да се подобри нивото на т.н „добар“ холестерол. Редовната физичка активност го намалува ризикот за: мозочен удар, срцев удар, хипертензија, тип 2 дијабет и сл.

Подобар и поквалитетен сон – физичката активност е еден од најдобрите начини за да го подобриме квалитетот на нашето спиење. Повеќе на оваа тема може да прочитате во една од нашите претходни статии, која можете да ја најдете тука.

Подобрена физичка подготвеност, градење ново мускулно ткиво и поздрави и посилни коски.

Подобрено расположение – вежбањето и движењето доведуваат до лачење на одредени хормони – ендорфини, адреналин и сл. Тие се сметаат за заслужни за ефектот на подобрување на расположението кој го има физичката активност.

Што претставува вежбањето со тежина?

Вежбањето со тежина вклучува било каква физичка активност преку која вежбате и зајакнувате одредена мускулна група на вашето тело. Под тоа се подразбира вежбање со некаков отпор – тегови, ластици, сопствена тежина и сл. Преку континуирано подложување на мускулите на ваков отпор и стрес тие растат и се зајакнуваат. Ова е основниот принцип и не треба да се гледа како одење во теретана или вежбање исклучиво со тегови. Вежби од овој тип постојат за сите возрасни групи, а особено се погодни за луѓе со здравствени проблеми од типот на прекумерна тежина, дијабет, срцеви заболувања и артритис.

Овие вежби се лесно прилагодливи и може да се практикуваат и во вашиот дом. Не ви е потребна додатна опрема, а доколку сте во можност слободно може да искомбинирате вежби со тегови или ластици и вежби со сопствена тежина. Важно е меѓу тренинзите да дозволите вашето тело да одмори и да закрепне од вежбањето, а токму во овој период се случува репарација и зајакнување на мускулната група која била акитивирана со вежбите.

Вежбите со тежина го продолжуваат нашиот живот?

Аеробичните или т.н кардио вежби се смета дека се подлабоко проучени од страна на науката и нивните ефекти се добро познати. Но, сè повеќе се проучуваат и ефектите на т.н вежби со тежина. Токму едно поново истражување спроведено во Јапонија ги согледало ефектите на овој тип вежби. Имено, станува збор за мета-студија која ги преработила резултатите од повеќе различни претходни студии со цел подобра и понова интерпретација на резултатите. Целта исто така била да се согледа колку време во неделата треба да се посвети на овој тип вежби со цел да се искористат придобивките од нив. Биле анализирани 16 претходни студии кои биле објавени во периодот од 2012-2020 година. Вкупниот број на испитаници во овие студии бил над 480.000, а минималниот период на следење на испитаниците бил 2 години.

Што покажале резултатите од студијата?

По анализирањето на резултатите, научниците од Јапонија откриле дека вежбите со тежина допринесуваат за 10-17% помал ризик од предвремена смрт. Студијата покажала дека овој тип вежби целокупно го намалуваат ризикот за:

кардиоваскуларни заболувања, дијабет, рак и сл. Максимални резултати биле постигнати кога вежбите биле правени во период од околу 1 час неделно. Оваа динамика била доволна за ризикот за смрт да се намали за 10-20%. Резултатите исто така покажале дека вежбите со тежина допринесуваат за одржување на мускулната маса, што пак допринесува за подобра регулација на глукозата, како и за одржување на подобра рамнотежа и стабилнсот. Ваквиот ефект на вежбите со тежина врз нивото на шеќер во крвта, дополнително допринесува за низа на позитивни здравствени ефекти.

Секако, студијата има свои ограничувања, но резултатите се добар приказ дека начинот на живеење и нашите секојдневни навики имаат сериозна улога во квалитетот на нашиот живот и во одржувањето на нашето здравје.

Голем број други студии ги потврдуваат ваквите резултати и покажуваат дека за бенефитите од физичката активност е потребно редовност и континуитет, а не премногу одвоено слободно време.

[Поврзано: Дали е потребно многу слободно време за да физичката активност биде ефикасна? – Науката вели и 10 минути се доволни!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор