fbpx

Викенд готвење за цела недела – практично и лесно!

tonus

Сите сме свесни дека за подготовка на домашно зготвени јадења е потребно доста време и претходно планирање. Недостатокот од време е нешто што најчесто што ги попречува нашите планови за подготовка на домашно зготвено јадење, а тоа е и очекувано со оглед на големиот број обврски кои сите ги имаме.

Но, постои еден трик кој многу почесто се користел во минатото, а и ден денес ја покажува својата ефикасност, практичност и едноставност. „Meal prep“ или т.н „планско подготвување на оброците“, претставува едноставен и ефикасен начин и концепт за полесно планирање и подготовка на оброците во текот на една недела. Токму затоа, во продолжение ќе зборуваме за основите на овој концепт и за бројните придобивки кои истиот ги дава.

 

Што претставува т.н „планско подготвување на оброците“?

 

"“Online”/

Оваа метода е навистина едноставна и подразбира подготвување на оброците однапред. Ова е нешто што е многу познато за голем број на луѓе, бидејќи често се практикува и кај нас, а тоа е така бидејќи има навистина голем број на бенефити. Прво и можеби најважно, ваквиот начин на подготвување на оброците заштедува многу време. Доколку однапред ги подготвиме јадењата за претстојните неколку дена, заштедуваме време за готвење кое би го трошеле секој од тие денови. Подготовката на еден рецепт кој може да се јаде повеќе пати, значи заштеда на време, но значи и полесен начин за контролирање на големината на порциите, почесто јадење на здрави и домашни подготвени оброци, а со тоа и полесна регулација на телесната тежина.

Дополнително, доколку знаеме дека дома нè чека оброк кој е здрав, нутритивен и кој самите сме го подготвиле, помалку е веројатно да јадеме нешто надвор, нешто што е доста калорично и најчесто и нездраво. Имено, тоа го покажуваат и повеќе истражувања, каде луѓето кои биле гладни во текот на работното време, а имале претходно зготвен оброк дома, биле помалку склони кон јадење на брза храна на работното место.

 

Постојат повеќе начини како може да ги подготвуваме рецептите однапред:

 

  • Претходна подготовка на цели оброци – ваквиот начин е доста едноставен и не бара посветување на многу часови во кујната. Постојат голем број на здрави, едноставни рецепти кои може да се подготват од претходниот ден, а потоа да се чуваат во фрижидер до наредниот ден. Ваквата подготовка може да биде исклучително корисна за ручеците, но и за оброци за вечера.
  • Готвење на повеќе порции одеднаш – ова подразбира подготовка на поголема количина од одреден рецепт, а потоа негова поделба во помали порции, кои потоа може да се замрзнат и да се употребуваат во наредните денови или недели. Ова навистина може да заштеди време, бидејќи времето за подготовка на 2-3 порции или на 7-8 порции е речиси слично, а разликата лежи само во количеството на потребни намирници.
  • Подготовка на дел од намирниците – претходна обработка на намирниците (киснење, печење, варење, бланширање) – зеленчук, месо, житарки, мешунки – со цел заштеда на време и директна употреба при самото готвење. На овој начин понекогаш се преполовува времето потребно за подготовка на некое јадење.

 

Секој од овие начини различно ќе одговара на вашиот ритам и секојдневие, па така изборот за еден од нив ќе дојде сам по себе.

 

Како до успешно планско подготвување на рецептите?

 

За успешна изведба на ваквиот начин на готвење, потребни се одредени подготовки и планирања однапред.

 

1 . Одберете рецепти кои ги сакате и кои се лесни за подготовка

 

Најнапред, мора да имате неколку карактеристични рецепти кои може да ги подготвите без никаква потешкотија, а кои ви се вкусни и уживате во нив. Настојувајте тоа да се здрави и нутритивни рецепти, кои вклучуваат повеќе типови на намирници. Одредете колку ручеци или вечери ви се потребни за претстојната недела и дали ќе подготвите неколку однапред или ќе ги подготвите дел по дел. За полесно планирање, поврзете си одредени денови од неделата со одреден тип на храна. На пример, понеделник е ден за паста, вторник за риба, среда и четврток за мешунки итн. Настојувајте рецептите да содржат зеленчук, месо, житарки, здрави масла, риба, мешунки, зачини и сл.

 

2 . Набавете соодветни садови за складирање на храната

 

Однапред подготвената храна мора да се чува во соодветни, квалитетни садови. На тој начин, се зачувува нејзината нутритивност, изглед, боја и вкус. Садот е неопходно да ја заштити храната од изложеноста кон воздух, бидејќи на тој начин процесот на расипување на храната значително се забавува. Покрај садовите, храната треба да се складира и на соодветна температура (со цел микробиолошки да се заштити) и по можност, да не е изложена на светлина. Најдобри во овој поглед се садовите изработени од стакло или не ‘рѓосувачки челик. Чувањето на краток рок секако треба да е во фрижидер, а за повеќе од неколку дена – во замрзнувач.

 

3 . Одвојте и испланирајте си време во кое ќе ги подготвите оброците

 

Иако заштедува време, ваквиот пристап кон подготовката на рецепти, сепак бара време за готвење. Издвојте неколку дена од неделата кога сте послободни и кога ви е најсоодветно да ги подготвите јадењата однапред. Со текот на времето, ќе го пронајдете својот ритам, како во поглед на рецепти, така и во поглед на намирниците, количините и подготовката. Некои луѓе настојуваат оброците да ги подготват за време на викендот, додека други прават делумни подготовки, а потоа ги довршуваат јадењата за сосем малку време во текот на неделата. Важно е да се најде ритам и метода која можете долгорочно да ја практикувате и која ефективно и значително ви заштедува време и енергија.

 

4 . Мислете однапред на потребните намирници

 

За подготовка на било каков рецепт ви се потребни различни намирници. Доколку подготвувате две јадења во еден ден, таа листа на потребни состојки може да биде навистина долга. Затоа, испланирајте, предвидете и набавете ги намирниците кои ќе ви се потребни, однапред. Доколку имате простор за складирање, одредени намирници купувајте ги во малку поголеми количини, со цел да избегнете редовно одење до најблискиот маркет. Имајте во предвид дека различни намирници имаат различен рок на употреба. Свежите намирници купувајте ги неколку дена пред подготовката, додека за сувите и подолго трајните намирници слободно имајте залиха.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор