fbpx

Зошто ВИСОКИОТ КРВЕН ПРИТИСОК е особено ризичен во комбинација со ДИЈАБЕТОТ?

tonus

Дијабетот е здравствена состојба која е сè позастапена и која сама по себе претставува еден вид на „пандемија“. На глобално ниво, се проценува дека секој единаесетти човек страда од дијабет, односно над 400 милиони луѓе. Дополнително загрижувачки е што ваквата енормна бројка е во постепен, благ раст. Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои е и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот како. Во тој поглед, проблемите со кардиоваскуларното здравје, а особено покачениот крвен притисок може да претставува ризик фактор за појавата на дијабет. Токму затоа, денес ќе зборуваме малку повеќе за поврзаноста меѓу покачениот крвен притисок и дијабетот.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестационален дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

"“Online”/

Покрај лекарствата кои може да помогнат при третирање на било кој тип на дијабетна состојба, промени во животните навики исто така може да имаат исклучително позитивен ефект. Регулирање на телесната тежина, поредовна физичка активност, добра хигиена на спиење, избегнување и контролирање на стресот и секако здрава исхрана се дел од најчестите препораки за подобро справување, па дури и превенција на дијабетот.

Доколку дијабетот веќе се јавил, посветување внимание на исхраната е еден од првите чекори кои го превземаат луѓето. За намирниците и ужинките кои се пожелни и безбедни за дијабетичарите веќе имаме пишувано во претходни статии и за нив може да прочитате тука, додека намирниците кои треба да се избегнуваат може да ги најдете тука.

Како се поврзани покачениот крвен притисок и дијабетот?

Луѓето кои имаат дијабет тип 2, треба особено да внимаваат на својот крвен притисок и редовно да го мерат. Доколку има покачување во вредностите за крвниот притисок (хипертензија), потребно е соодветно третирање за истиот да се доведе во нормала. Доколку не се третира, покачениот крвен притисок може да направи доста компликации кај луѓето со дијабет.

Можно е да се јават проблеми  со видот и здравјето на бубрезите, како и проблеми со циркулацијата и нарушено кардиоваскуларно здравје. Комбинацијата од дијабет и покачен крвен притисок е особено опасна за крвните садови. Имено, дијабетот ги оштетува нашите крвни садови и допринесува за нивно стврднување – состојба која се нарекува артериосклероза. Ова дополнително може да го покачи крвниот притисок и да предизвика проблеми со здравјето – особено зголемувајќи го ризикот за оштетување на крвните садови, инфаркт, мозочен удар или проблеми со бубрезите.

Некои проценки велат дека луѓето кои имаат и дијабет и покачен крвен притисок имаат 4 пати поголем ризик за појава на кардиоваскуларни проблеми, отколку оние кои ги немаат овие две состојби. Исто така, се проценува дека над 60% од луѓето со дијабет имаат покачен крвен притисок. Ризикот за кардиоваскуларни проблеми дополнително се зголемува доколку се присутни и некои други ризик фактори:

  • Покачена телесна тежина
  • Пушење
  • Консумирање на прекумерни количества алкохол
  • Физичка неактивност
  • Исхрана богата со масти и сол
  • Генетски предиспозиции
  • Возраст

Многу повеќе информации за крвниот притисок можете да прочитате доколку кликнете тука.

Како може да го намалиме ризикот?

Најдоброто и наједноставно решение лежи во нас, односно во нашите секојдневни навики. Позитивните промени во начинот на живеење можат значително да ја подобрат вашата моментална здравствена состојба и да спречат прогресирање и влошување на сегашните проблеми. Во тој поглед се препорачува:

  • Здрава и избалансирана исхрана (консумирање на храна богата со растителни влакна, редовно внесување на овошје, зеленчук, мешунки, полнозрнести житарки, избегнување на црвеното месо, редовно консумирање на риба и сл.)
  • Редовна физичка активност
  • Менаџирање и контролирање на стресот
  • Откажување на цигарите
  • Консумирање на алкохол само во умерени количини
  • Избегнување на процесирана храна која е богата со додадени шеќери, масти и сол

Контролирање на дијабетот значи и контрола врз нашата целокупна здравствена состојба, што пак индиректно ќе влијае позитивно и на нашиот крвен притисок. Најлошото нешто што може да го направиме е да бидеме пасивни околу нашето здравје. Крвниот притисок особено може да биде проблематичен бидејќи не покажува забележителни симптоми, па поради тоа луѓето живеат со нетретирана хипертензија со години.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор