fbpx

Зошто ВИТАМИНОТ Д е важен за ТИРОИДНАТА ФУНКЦИЈА?

tonus

Во оваа статија ќе зборуваме за ефектот и важноста на витаминот Д во поглед на создавањето на тироидните хормони и нивната функција.

 

Што претставува витаминот Д и кои се неговите главни функции во телото?

Малкумина знаат дека иако се смета за витамин, ова соединение е всушност  прохормон или прекурсор на хормон. Дефиницијата за витамини гласи: соединенија кои телото не може само да ги синтетизира, а се неопходни во мали количини за извршување на низа важни процеси во телото.

Витаминот Д може самостојно да се синтетизира и има многу покомплексно дејство од останатите витамини во организмот, но сепак неговото синтетизирање е зависно и иницирано од дејството на сончевите зраци, па затоа се вбројува и во групата на витамини.

"“Online”/

Витаминот Д во организмот се создава преку кожата во вид на провитамин, а под дејство на сончевата светлина (нејзините УВ зраци) се трансформира во активен витамин Д. Нашата кожа кога е изложена на директни сончеви зраци создава доволно количество на витамин Д и токму изложеноста на сонце е најсигурен начин за истиот да се синтетизира.

Дел од најважните улоги на овој витамин во телото се:

  • Здрави коски – има улога во искористувањето на калциумот и фосфорот – минерали кои се клучни за здравјето на коските.
  • Здрав имун систем
  • Здрава кожа
  • Раст и создавање на нови клетки
  • Регулација на хормони
  • Позитивен ефект кај појавата на артритис

 

Како влијае врз функцијата на тироидните хормони?

Витаминот Д влијае и има важна улога во одржувањето на здравјето на тироидната жлезда, првенствено поради неговата вклученост во регулацијата на имунолошкиот систем и синтезата на тироидните хормони. Рецепторите на витамин Д се застапени во ткивата на тироидната жлезда, а соодветните нивоа на витамин Д се неопходни за модулација на имунолошкиот одговор. Оваа поврзаност е особено значајна кај автоимуните нарушувања на тироидната жлезда, како што е Хашимото тироидитис, каде што недостатокот на витамин Д е поврзан со зголемена подложност и сериозност кон овие заболувања.

Витаминот Д помага и да се регулира производството на тироидни хормони со тоа што влијае на генетската експресија вклучена во синтезата на тироидните хормони. Дополнително, антиинфламаторните својства на витаминот Д помагаат во ублажување на хроничното воспаление, што е честа карактеристика кај автоимуните состојби на тироидната жлезда. 

Истражувањата покажуваат дека лицата со ниски нивоа на витамин Д имаат поголема веројатност да имаат проблеми (особено автоимуни) со тироидната жлезда, вклучувајќи ги хипотироидизмот и јазлите на тироидната жлезда. Одржување на оптимални нивоа на витаминот Д, преку изложување на сончева светлина, здрава и разновидна исхрана или суплементирање, може да се покаже како особено корисен и важен чекор за поддршка на здравјето на тироидната жлезда и спречување на автоимуни нарушувања.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор