fbpx

Витамин Д може да го намали ризикот од автоимуни заболувања?

tonus

Зимата е период кога имаме помалку сончеви денови, па затоа и почесто слушаме за важноста на витаминот Д. Бидејќи истиот се создава кога сме изложени на сончевите зраци, во зимскиот период кај многумина може да дојде до одреден дефицит. Но, кај многумина ваквиот дефицит не постои, па затоа е важно претпазливо и разумно да се пристапи кон суплементите. Инаку, витаминот Д има огромен број на функции во организмот, а едно поново истражување покажува дека истиот може да го намали ризикот и за појава на автоимуни заболувања. Нешто повеќе за витаминот Д, како и за студијата која ја споменавме, во продолжение на денешната статија.

Иако се смета за витамин, ова соединение всушност припаѓа на групата прохормони или т.н прекурсор на хормон. Дефиницијата за витамини гласи: соединенија кои телото не може само да ги синтетизира, а се неопходни во мали количини за извршување на низа важни процеси во телото.

Витаминот Д може самостојно да се синтетизира и има многу покомплексно дејство од останатите витамини во организмот, но сепак неговото синтетизирање е зависно и иницирано од дејството на сончевите зраци, па затоа се вбројува и во групата на витамини.

"“Online”/

Витаминот Д во организмот се создава преку кожата во вид на провитамин, а под дејство на сончевата светлина (нејзините УВ зраци) се трансформира во активен витамин Д. Кога нашата кожа е изложена на директни сончеви зраци, се создава доволно количество на витамин Д и токму ваквото редовно изложување е најдобриот начин за снабдување на потребите на организмот со овој витамин.

Дел од најважните улоги на витаминот Д во телото се:

–       Здрави коски – има улога во искористувањето на калциумот и фосфорот – минерали кои се клучни за здравјето на коските.

–       Здрав имун систем

–       Здрава кожа

–       Раст и создавање на нови клетки

–       Регулација на хормони

–       Позитивен ефект кај појавата на артритис

Инаку, витаминот Д се наоѓа и во одредени намирнци како: лосос, туна, сардини, јајца и одредени типови сирење. Најчесто количеството во овие намирници е помало или недоволно за зимскиот период, кога немаме доволна изложеност на сонце.

Дали Д може да го намали ризикот од автоимуни заболувања?

Проценките се дека само во САД, над 24 милиони луѓе имаат некој тип на автоимуно заболување. Веќе подолго време научниците верувале дека постои поврзаност меѓу витаминот Д и намалениот ризик за автоимуни заболувања. Сега, со оваа нова студија, тие имаат доказ. Во истражувањето биле вклучени над 25,000 лица (над 50год.) кои биле поделени во повеќе групи. Една група примала витамин Д и омега-3 суплементи, други витамин Д и плацебо, омега-3 и плацебо или само плацебо. Веќе постоечките испитувања покажуваат дека витаминот Д и омега-3 масните киселини имаат силни анти-воспалителни својства. Научниците сакале да истражат дали тоа може да се одрази и со намален ризик за автоимуни заболувања.

Што покажале резултатите?

Во групата на испитаници кои примале витамин Д,  123 испитаници развиле некое автоимуно заболување, додека во групата со плацебо – 155 испитаници. Тоа е за 22% помалку, бројка која е значителна. Во групата која примала омега-3 суплемент, имало 15% помал број на автоимуни заболувања. Исто така, студијата покажала дека ефектот на омега-3 масните киселини кога се внесуваат како суплемент, се јавува по подолг период на користење. Ваквите резултати соодвестуваат и со вистиниските случаи и редовните прегледи, велат истражувачите. Кај лицата со автоимуни заболувања редовно се испитуваат нивоата на витамин Д и речиси секогаш има одреден недостаток.

Суплементирањето со витамин Д се смета дека може да го намали ризикот за заболувања како: ревматоиден артритис, автоимуни заболувања на тироидната жлезда, псоријаза и др.

Инаку, други истражувања покажуваат дека во одредени месеци од годината и самата изложеност на сонце, не продуцира витамин Д. Тоа се зимските и есенски месеци, па и дел од пролетта. Причината е аголот на сончевите зраци. Секако, суплементирање со витамин Д не е секогаш потребно, па можеби најдобро е да внимаваме на одредени симптоми кои може да укажуваат на недостаток од витамин Д, како на пример:

◦ постојана подложност на инфекции

◦ хроничен замор

◦ болки во коските, мускулите, зглобовите

◦ нарушено расположение

◦ нарушено заздравување на раните

◦ загуба на косата

◦ главоболки, депресија

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор