fbpx

Недостаток на ВИТАМИН Д – Пробиотиците можат да помогнат?

tonus

Витаминот Д во последно време е се’ попопуларен и тоа е сосем оправдано. Кога ќе се спомене овој витамин, луѓето веднаш го поврзуваат со здравјето на коските. И тоа е точно. Витаминот Д е важен за метаболизмот на калциумот и фосфорот, минерали клучни за здравјето на коските.

[Поврзано: Витамин Д и Ковид-19]

Недостаток од витамин Д

Недостатокот од овој витамин е застапен речиси насекаде, но зошто е тоа така, особено во земјите каде сончевите зраци се присутни во поголемиот дел од годината?

"“Online”/

И кај нас во Македонија постојано имаме сонце, но дали начинот на живот ни дозволува доволна изложеност? Градежните работници и земјоделците на пример, немаат дефицит, но огромниот дел од луѓето работат канцелариска работа, па така изложеноста кај нив е минимална.

Неколку минутното изложување на сонце на лицето и рацете е далеку од доволно. Дополнително проблем е во кој дел од денот излегуваме, потоа, можеби позначајно, кој месец е?

Истражувањата покажуваат дека во одредени месеци од годината и самата изложеност на сонце, не продуцира витамин Д. Тоа се зимските и есенски месеци, па и дел од пролетта. Причината е аголот на сончевите зраци.

Создавањето на витаминот Д нагло почнува во месеците мај и јуни, но во периодот од 10 до 15 часот. Овој период мораме да научиме да го искористуваме.

[Поврзано: 3-те најкористени суплементи за Ковид-19]

Опасности од недостатокот

Симптомите на недостаток од витамин Д вклучуваат:

◦ постојана подложност на инфекции

◦ хроничен замор

◦ болки во коските, мускулите, зглобовите

◦ нарушено расположение

◦ нарушено заздравување на раните

◦ загуба на косата

◦ главоболки, депресија

Ако недостатокот продолжи во подолг временски интервал, можни се посериозни компликации, како:

  • кардиоваскуларни заболувања
  • автоимуни заболувања
  • невролошки заболувања
  • инфекции
  • компликации при бременост
  • одредени типови на малигни заболувања, директно поврзани се 6 групи малигни заболувања – хематолошки, карцином на дојка, дебело црево, бели дробови, кожа и простата

Кои луѓе се во особен ризик од недостаток?

◦ луѓето кои живеат во посеверните краишта на планетата

◦ оние кои живеат во градови со висока загаденост

◦ оние што премногу често користат креми за сончање

◦ вработените во канцеларии и луѓето кои поголемиот дел од денот го поминуваат во затворени простории

◦ они кои имаат потемен тен (поголемите нивоа на меланин водат кон помала апсорпција на витамин Д од кожата)

[Поврзано: Зошто витамин Д не се зема пред спиење?]

Како до зголемување на апсорпцијата на витаминот Д

Од сето претходно наведено суплементирањето се наметнува како веројатно неизбежно. Постојат повеќе начини како да се зголеми апсорпцијата на витаминот Д, а во продолжение ќе разгледаме едно интересно истражување на темата.

Повеќе околу суплементирањето и дозирањето, прочитајте на следниот линк: Витамин Д – КЛУЧОТ на НАД 4000 КЛЕТОЧНИ ПРОЦЕСИ!

Пре-клиничката студија, објавена во Annals of Microbiology, го нагласува видот Lacticaseibacillus paracasei како најдобар помеѓу испитуваните во однос на подобрувањето на серумското ниво на витамин Д по суплементирањето.

Нешто повеќе околу истражувањето

Истражувачите тргнале од претпоставката дека витаминот Д е маснорастворлив, а млечко-киселите бактерии поседуваат биосуфрактантни својства, што помага во создавањето емулзија (смеса помеѓу масло и вода).

За да се утврди дали се подобрува биодостапноста на витаминот Д, испитувани биле повеќе бактерии од семејството Lactobacillaceae (L.paracase, L. rhamnosus, L. reuteri и L.acidophilus).

Бактериите од видот Lacticaseibacillus paracasei покажале најдобар ефект, односно овозможиле најстабилен раствор на витаминот Д. Истражувачите нагласуваат дека исклучиво овој вид на пробиотик поттикнува создавање на ексополисахариди со супериорен емулзивен капацитет.

Добиените резултати укажуваат дека внесувањето на Lacticaseibacillus paracasei заедно со холекалциферол (витамин Д3), може значително да допринесе за одржување на соодветните серумски нивоа на овој витамин/хормон во популацијата со ризик од негов недостаток!

[Поврзано: ПРИЧИНАТА за инстантно подобрување на цревата со ФЕРМЕНТИРАНА храна]

,,Епидемиска” распространетост на витаминот Д во западниот свет, но и кај нас

Како што веќе видовме, недостатокот на овој витамин може да води кон бројни здравствени проблеми, во прва линија кон намалување на отпорноста кон инфекции, вклучително вирусни.

Ако добиените резултати од споменатата студија се докажат и по клинички пат, во иднина докторите ќе можат да препорачуваат специфичен бактериски вид (пробиотик) во комбинација со суплементирањето на витаминот Д заради подобра апсорпција.

Дополнително, пробиотиците имаат и низа други позитивни ефекти за нашето здравје. Повеќе околу нив, прочитајте тука.

[Поврзано: 6 конкретни придобивки од ПРЕбиотиците!]

Lacticaseibacillus paracasei

Станува збор за вид на млечно кисела бактерија често користена за ферментација на млечните производим, како и за природно ферментирање на различни зеленчуци. Значи може да се сретне кај јогуртот и другите млечни продукти како зреено сирење, потоа кај ферментираните зеленчуци како кисели краставички, зелка, цвекло итн.

[Поврзано: Рецепт за ФЕРМЕНТИРАНО ЦВЕКЛО!]

Покрај потенцијалниот ефект за подобра апсорпција на многу важниот витамин Д, бактериите од овој вид потврдено можат да придонесат за подобар имунитет, намалена инфламација, подобра дигестија итн.

Извор:

’’Co-administration of vitamin D3 and Lacticaseibacillus paracasei DG increase 25-hydroxyvitamin D serum levels in mice’’,  Annals of Microbiology, 18 October 2021

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор