fbpx

До скоро не знаев што е ВЛАСЕЦ

tonus

На нашите подрачја постојат навистина бројни намирници што содржат многу малку калории, а од друга страна се избор на низа корисни нутритивни компоненти. Во оваа категорија намирници може да се вбројат кромидот, младиот кромид, лукот, празот и еден релативно не толку популарен член од истото семејство на овие растенија – власец. Претходно ги разгледавме токму овие слични растенија на власецот – кромидот, лукот и празот, но денес ќе продискутираме за власецот и ќе погледнеме кои здравствени придобивки ги пружа, како да го искористиме во нашата секојдневна исхрана и зошто вреди да се испроба во нашиот следен рецепт.

Што е всушност власецот?

 

 Власецот е растение од родот на луковите, кое е повеќегодишно и природно застапено во голем дел од Европа, Азија и Северна Америка. Има доста честа примена како билка во кулинарството и е чест придружник на рибата, компирите и многу други јадења. Достигнува висина од 30-50cm, со луковици од 2-3cm.

Власецот има специфичен, умерен, малку сладникав вкус што малку потсетува на лукот и кромидот. Неговата употреба е најчесто како зачин и како намирница за декорација на јадењата. Значи, може да се употребува свеж, сув, па дури и да се замрзнува.

"“Online”/

Кои се здравствените придобивки од власецот?

 

  • Подобар сон и регулација на расположението и меморијата

Власецот содржи мали количества на холин, соединение кое помага при одржување на структурата на мембраните на клетките. Тој исто така има позитивно влијание врз расположението, разни функции на нервниот систем, мускулите и меморијата. Власецот има мало количество од ова соединение, но со негов почест внес може да си помогнеме во исполнување на препорачаниот дневен внес на холинот.

[Поврзано: Холин – Што треба да знаете за витаминот Б4?]

Покрај холинот, власецот содржи и фолна киселина или витамин В9 кој се смета како клучен во превенција на заболувања како: Алцхајмерова болест, деменција, кардиоваскуларни заболувања, депресија итн.

 

  • Власецот е добар извор на витамините А, Ц и К

Бидејќи власецот најчесто се користи како декорација, зачин или во мали количества како прилог на главното јадење, количеството на овие витамини кои би ги внесувале преку него би било и очекувано мало. Но, на пример заменувајќи мал дел од младиот кромид во некоја рецептура, би можело да ги зголеми количествата на нутриенти со кои власецот е богат. Витаминот К се смета за исклучително важен за згрутчување на крвта, здравјето на коските и нивната густина. Во Азија овој витамин се користи како суплемент за кој се смета дека е ефективен при третирање на остеопорозата.

 

  • Потенцијално антиканцерогено дејство

Некoлку научни студии кои биле спроведени, а ги опфатиле растенијата од родот Allium, во кој спаѓа и власецот, утврдиле дека овие растенија доведувале до можна превенција на појави на канцер. Една ваква студија покажала дека 16 различни видови на растенија од родот Allium имале вакви анти – канцер својства.

Студијата ги нагласила соединенијата како што се: кверцетин, флавоноидите (антиоксиданти) и S-allyl mercaptocysteine, како соединенија кои биле заслужни за ваквите својства. Меѓу овие соединенија, сулфурот присутен во власецот исто така преку студии бил докажан како ефективен при спречување на раст и ширење на канцерни клетки низ телото.

 

Употреба на власецот во нашата секојдневна исхрана

 

Власецот е одличен зачин или додаток за рецепти кои содржат компири, јајца или пак за  салати. Тој во изглед потсетува на младиот кромид, но за разлика од него има нешто поумерен и понеутрален вкус. Токму овој понеутрален вкус може да биде привлечен за луѓето на кои малку лутиот вкус на младиот кромид не им се допаѓа. Бидејќи може да се користи како зачин, може да се складира и подолго време како сув. Како свеж може делумно да го замени младиот кромид во некои јадења и со тоа да даде нов вкус на веќе постоечките рецепти. Ги содржи витамините А, Ц и К, како и разни антиоксиданти кои може да помогнат при воспаленија, поздрави коски, превенција на рак и при некои хронични заболувања. Ова го прави власецот намирница која задолжително треба да се проба и ужива.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор