fbpx

Што ни се случува кога не пиеме доволно вода?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Покрај сите совети за здраво живеење, можеби најосновниот кој постојано и постојано го слушаме е – пијте доволно вода! Сите знаеме дека доброто хидрирање е доста значајно, но дали сте се запрашале зошто е тоа така? Дали е навистина толку опасно да бидеме ,,дехидрирани”?

Водата има клучна функционална, но и структурна улога во организмот, дополнително таа е главниот агенс за прочистување на телото, но и средина во која се одвиваат повеќето физиолошки процеси. Така, водата и е неопходна на секоја една клетка од телото и е витална за телото да може да се ослободи од сите токсини кои ги вдишуваме или внесуваме преку устата.

Во продолжение, малку подетално околу ефектите од недостатокот на вода врз различни делови од телотото и неколку совети како да останете добро хидрирани.

"“Online”/

Мозокот и водата


Кога организмот е во состојба на недостиг од вода, клетките испраќаат сигнали до мозокот (хипоталамусот), кој потоа преку специјализирани механизми ни кажува дека сме жедни. Но, дехидратацијата влијае на мозокот и на повеќе други изненадувачки начини.

Иако сé уште точниот механизам на остварување на е сосем јасен, дехидратацијата се поврзува со нарушено расположение и намалени когнитивни перформанси. Некои истражувања ни даваат податоци според кои можеме да заклучиме дека и дехидрираноста од најмал обем, може значително да ни ги намали способностите за решавање на дадени проблеми и задачи кои бараат внимание, психомоторните способности, краткорочната меморија, но и расположението.

Дехидрираноста исто така предизвикува проблеми во мозокот кога нивото на електролитите е многу ниско. Електролитите претставуваат минерали како калиумот и натриумот, кои имаат улога да помагаат во пренесувањето на електричните сигнали помеѓу клетките. Ако имате ниски нивоа на споментатите компоненти, можни се нарушувања во пренесувањата на сингналите, што може да предизвика пецкање, неволни и отежнати движења на мускулите, но и грчеви и напади.

Fibro Gel

Бубрезите и уринарниот систем

Кога сме дехидрирани, клетките праќаат сигнали до хипоталамусот (централен дел од мозокот), кој ослободува хормон наречен вазопресин, познат како антидиуретичен хормон (ADH). Овој хормон ,,им кажува” на бубрезите да излачуваат што помалку вода од крвта, што води до намалено мокрење и потемна и пононцентрирана урина. За урината како индикатор на дехридрираноста, повеќе прочитајте тука.

Бубрезите се филтерот на крвта и без доволни количества вода, тие не се во можност целосно да си ја извршуваат функцијата, односно да го отстрануваат природниот метаболитички ,,отпад”, но и различните токсини.

При долготрајна состојба на дехидрираност, бубрезите постојано треба да работат со максимален напор, што може да води до акутни повреди, состојби кои потоа се ризик за одредени бубрежни заболувања.

Дополнително, постојаниот недостаток од течности во бубрезите може да биде клучен поттикнувач на камчиња во бубрезите.

Крвта

Организмот има потреба од вода за да ја создаде крвта, па со опаѓањето на нивото на вода, опаѓа и волуменот на крвта.

Експертите велат дека крвните садовите имаат потреба од соодветни количества на течности во телото за соодветно регулирање на нормалниот крвен притисок. Дехидратацијата може да води до хипотензија или намален крвен притисок, што прави да се чувствуваме слабо и безенергично.

При екстремни случаи на дехидратација, можен е хиповолемичен шок, при што намалениот волумен на крвта води до огромен пад на притисокот и нивото на кислород во крвта. На тој начин, срцето повеќе не може да си ја врши својата работа, односно не може да ја испумпува крвта низ телото, што предизвикува откажување на различни витални органи.

Како што крвта се згуснува, односно губи на волумен заради недостатокот на течности, организмот ги зголемува отчукувањата на срцето и бројот на респирации во намера да компензира, ставајќи го телото во состојба на постојан стрес. Дехидрираноста води кон главоболки, замор, намалено либидо, нарушен сон итн, поради тоа што мозокот е фокусиран на стресниот одговор, или на механизмот ,,бори се или бегај”.

Дигестивниот систем

Желудникот има потреба од соодветни количества на вода за правилно да функционира. Водата е потребна и за оптимална цревна перистатика (движење на храната и столицата низ цревниот систем) и општо, здравје на дигестијата.

Дехидратацијата може да го оштети мукозниот слој на цревната површина и корисната цревна микрофлора, двете исклучително важни за дигестивното, но и општото здравје на човекот.

Кожата


Сите сме слушнале дека кожата е најголемиот орган на човекот, но таа делува и како природна бариера против сите патогени микроорганизми од средината. Несоодветниот внес на вода ја суши и напукнува кожата, па олеснет е и влезот на штетните микроорганизми преку неа. На тој начин, зголемена е опасноста и од инфекции.

Експертите дерматолози советуваат дека редовното пиење вода е клучно за здравјето на кожата.

Кратки совети за добро хидрирање:


Не чекајте да бидете жедни за да пиете вода – кога сте жедни, веќе сте дехидрирани во одреден степен. Затоа направете си навика за пиење вода во одредени делови од денот, најдобар избор е постојано покрај себе да имате шише со вода, особено во летниот период.

Урината е добар индикатор за дехидрираност – што е потемна, тоа значи дека имате поголем недостаток од вода. Повеќе на оваа тема прочитајте тука.

• Јадете повеќе свежа храна – свежата храна најчесто е со над 90% содржина на вода.

• Внимавајте на внесот на кофеински пијалаци и алкохол – тие се т.н. диуретици, односно придонесуваат за поинтензивно губење на течностите од телото. Доколку имате редовна навика за пиење кафе, зголемете го внесот и на вода.

• Внимавајте на внесените количества вода преку одредени апликации – особено погодно за помладите

• Намалете го внесот на високо-протеинска храна (животинска) – оваа храна ,,троши” повеќе вода од организмот.

• Доколку навистина не ви оди со пиењето вода, обидете се во неа да додадете и лимон – може и некои други билки, кои ќе ви ја направат водата попријатна и освежителна за консумирање.

Teшко дека може да се одреди точното количество на вода која треба да биде консумирана во еден ден, генерално за сите луѓе. Тоа зависи од многу фактори, како: самата индивидуа, тежината, климата, физичката активност и многу други. Сепак, според повеќето релевантни институции кои се занимаваат со исхраната, најмалото количество вода кое треба да го консумираат мажите е најмалку 2 литри на ден, додека жените нешто помалку од тоа. Овде не е вклучена и водата од другите намирници, во кои скоро редовно е присутна.

Fibro Gel

Повозрасните лица и децата се во поголем ризик од дехидратација. Исто така, под зголемен ризик се и луѓето кои живеат во многу топли и влажни климатски услови и оние кои се потат повеќе од вообичаено. Затоа, споменатите групи на луѓе треба да бидат особено внимателни.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X