fbpx

17 распространети заблуди за КОВИД-19

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Корона вирусот е главна тема во целиот свет веќе со месеци, особено откако СЗО прогласи пандемија.

Така, воопшто не е неочекувана лавината од лажни вести, митови, па и различни теории на заговор околу вирусот. Во овој текст ќе се осврнеме на најчестите и најраспространетите митови околу корона вирусот, кои и моментално циркулираат главно низ интернет просторот и социјалните мрежи.

1) Прскањето на алкохол и хлор на кожата може да го убие вирусот во телото

Овие средства не само што не можат да го убијат вирусот кој потенцијално се наоѓа во нас, туку можат да предизвикаат сериозни иритации на кожата, особено ако навлезат во очите, носот или устата.

"“Online”/

 

2) Само повозрасните лица и оние со нарушен имунитет се под ризик


Covid-19 заболувањето, впрочем како и другите вирусни заболувања, може да инфицира лица од било која возраст. Но сепак, вистина е дека повозрасните лица и лицата со нарушен имунитет имаат поголема веројатност да развијат многу тешка клиничка слика.

Како и да е, постојат и примери на помлади, здрави индивидуи кои тешко се справуваат со вирусот.

3) 5G технологијата го помага ширењето на вирусот

Помасновото воведување на оваа нова технологија се совпадна со пандемијата.
Дополнително, Вухан е еден од првите градови кои почнаа да ја применува 5G мрежата. Паниката комбинирана со лажни вести, предизвика популарност на теориите на заговор околу тоа дека ова не е случајност.

Најчесто сретнуваната теорија е дека 5G технологијата е одговорна за брзото ширење на вирусот низ целата планета. Теоретичарите на заговор велат дека 5G технологијата им помага на вирусите да комуницираат меѓу себе, најчесто цитирајќи една студија која дава податоци дека бактериите можат да комуницираат помеѓу себе, преку електромагнетни сигнали.

Сепак и да му дадеме некаков контекст на тврдењето, корона вирусот не е бактерија.

Исто така, Иран е доказ дека и земјите без воопшто инсталирана 5G технологија, можат да бидат силно погодени од новиот корона вирус.

Корона вирусот и 5G технологијата, немаат никаква поврзаност.


4) Пиењето алкохол може да го намали ризикот од инфекција со короната

Заради огромното прифаќање на овој мит ширум некои земји (во Иран загинаат многу луѓе како директна последица на предозираност со алкохол), Светската здравствена организација издаде соопштение во кое се објаснува дека иако со алкохолот можете да ја дезинфицирате кожата, тој не делува на ист внатре во организмот.

Од таму објаснуваат дека пиењето ,,обичен” алкохол (со околу 10% алкохолна содржина) може да предизвика ризици по здравјето, но внесувањето на средства со превисоки содржини на алкохол (над 70%), може да предизвика многу сериозни компликации, вклучително и брза смрт.

Алкохолот влијае и на намалување на имунитетот, па така тоа може да ве направи само поранливи во однос на корона вирус инфекцијата.


5) Децата не можат да се инфицираат

Како што веќе споменавме, секој може да биде инфициран, без разлика на возраста.

Вистина е дека до сега, повеќето заболени се повозрасни (барем симптоматски), но децата не се имуни. Според некои студии, повеќето деца иако се инфицирани, не пројавуваат скоро никакви симптоми. Значи, децата можат да бидат ,,погодни” пренесувачи на вирусот.

6) Корона вирусот е ист како обичниот грип (инфлуенцата)



Точно е дека постојат низа на сличности, особено во лесната симптоматологија како кашлица, температура, но и потешките симптоми како пневмонија. Исто така, и обичниот грип може да биде фатален.

Сепак, целокупната слика вели дека Covid-19 заболувањето е многу посериозно. Досегашните студии покажуваат дека смртноста се движи од 1 до 3%. Оваа вредност кај обичниот грип е 6-10 пати помала.

7) Скоро секој заразен со корона вирусот умира

Постојаното присуство на оваа тема низ медиумите, нормално е да предизвика страв. Неретко луѓето мислат дека оваа болест е 99% фатална.

Како што споменавме претходно, само мал процент од заразените (1-3%) умираат. Тоа се најчесто пациенти и со други здравствени состојби, поодмината возраст или нарушен имун одговор.

Според СЗО, дури 80% од заболените развиваат многу слаби симптоми, а голем дел остануваат асимптоматски. Умерените симптоми подразбираат треска, повишена температура, сува кашлица, замор и недостаток од здив.

Значи огромниот број од пациентите лесно се справуваат со вирусот.

8) Домашните миленичиња (кучињата и мачките) го шират вирусот


Досега, не постојат докази дека дека кучињата и мачките можат да го шират вирусот. Сепак, кај некои домашни миленичиња чии сопственици биле позитивни на корона вирусот, тој бил утврден.

Експертите советуваат дека мораме да правиме разлика помеѓу вистинска инфекција и само детектирање на вирусот. Тие сметаат дека потребни се повеќе истражувања во оваа насока, но нема простор за паника. Досегашните истражувања даваат силни докази дека вирусот стана пандемски со пренесување од човек на човек.

9) Ако носиме маска и ракавици, 100% сме заштитени

Секако дека овие мерки можат да не заштитат, но ништо не може да не заштити 100%, па ни маските и ракавиците. Ако неправилно ја користиме маската, ја носиме предолго и потоа неправилно ја вадиме, впрочем го зголемуваме ризикот од инфекција. Исто така, ракавиците се залудни ако со нив го допреме лицето или неправилно маневрираме со нив.

Маските се најкорисни во заштитувањето на останатите од нас, односно од нашите секретни капки. Тие задолжително треба да се носат во затворени простории и на места каде што социјалната дистанца е тешко возможна.


10) Новиот корона вирус е само мутиран грипозен вирус

Корона вирусот нема никаква врска со инфлуенцата која го предизвикува грипот. Заедничко им е што главно предизвикуваат респираторни инфекции.

Новиот корона вирус е дел од поширокото семејство корона вирус. Некои од нив предизвикуваат обични настинки, додека други како SARS и MERS се особено опасни, со многу поголема смртност и од овој вирус.

11) Потребни се најмалку 10-15 минути интензивен контакт со заразен за да го добиете вирусот

Вистина е дека што подолг е контактот, толку поголема е веројатноста од заразување, но сепак имајќи предвид дека вирусот се пренесува преку секретни капки, доволни се и неколку секунди за да се пренесе. Тоа е случај ако се бакнеме или сме во близина на заразен кој кива или кашла.

Дополнително, фаќањето на контаминирани површини и потоа лицето, исто така може да нè зарази. Во оваа ситуација заразениот не мора ниту да е присутен.

12) Правењето гаргара или пиењето на дефинциенси  може да го убие вирусот

Ова стана популарно по една изјава на Трамп. Точно е дека овие хемиски средства можат да го убијат вирусот, но тоа малку ќе ни вреди, бидејќи со нив можеме и самите да се убиеме.

13) Антибиотиците го убиваат вирусот

Антибиотиците делуваат исклучиво на бактерии и тоа селективно. Третманот на пациентите со Covid-19 со антибиотици е заради можните придружни инфекции од бактерии при инфекцијата со корона вирус.

14) Лукот помага во заштитата од корона вирус

Точно е дека постојат доста истражувања кои велат дека компонентата алицин од лукот може да го запре растот на некои микроорганизми, но тие микроорганизми се бактерии, а не вируси. За било какво делувањето на лукот на вируси, особено на новиот корона вирус, не постојат докази.


15) Домашни лекови, различни тревки и морска сол можат да го излекуваат вирусното заболување

Не постојат апсолутно никакви докази дека ,,природната медицина” може да не заштити од корона вирусот. Тука влегуваат и различните предлози од некои надрилекари, како: витамин Ц, есенцијални масла, сусамово масло, лук, често пиење вода итн итн.

16) Голема е веројатноста да фатите вирус со јадењето храна од кинески ресторан

Вирусот, за разлика од бактериите, не може да се размножува во храната, туку му е потребен домаќин. Дополнително, Кинезите што ја готват храната живеат во Скопје, не во некое жариште на вирусот. Веројатноста да се заразите од кинеска храна е еднаква на веројатноста да се заразите од било која друга храна. Всушност близу 0.

Fibro Gel

17) Вирусот ќе биде убиен од топлото време

Иако без сомневање надворешните фактори влијаат на сите живи организми, сепак сè уште не знаеме, односно немаме докази како жешкото време ќе делува на овој вирус.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X