fbpx

Редовното користење на ЗАЧИНИ и БИЛКИ во исхраната може да го НАМАЛИ крвниот притисок!

tonus

Хипертензијата или покачениот крвен притисок е еден од најчестите здравствени проблеми, особено кај постарата популација. Некои проценки велат дека на глобално ниво, дури 30% од повозрасната популација страда од хипертензија. Таа се смета за еден од главните ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања, а особено за коронарни срцеви забоулувања и мозочен удар, но исто така и за заболувања на бубрезите, аритмија и деменција. Начинот на живот и исхраната играат голема улога во превенцијата на покачениот притисок, па токму во продолжение ќе зборуваме за позитивниот ефектот кој може да го имаат и зачините и билките кој се употребуваат во секојдневната исхрана.

 

Што претставува хипертензијата и зошто е толку опасна?

Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  • Систолички или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  • Диастолички или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

"“Online”/

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната.

Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

 

Како храната влијае на крвниот притисок?

Иако хипертензијата може да се јави без очигледна причина, храната може да има голем удел при третирањето и живеењето со оваа состојба. Покрај препишаните лекарства од страна на вашиот лекар, здравата исхрана е втората препорака и често е подеднакво важна. Таа може директно да го покачи или намали притисокот, а индиректно може да влијае преку телесната тежина. Имено, со зголемување на телесната тежина доаѓа до покачување и на крвниот притисок.

Дополнително, солената храна, храната која содржи огромни количества додаден шеќер како и храната богата со заситени масти може да доведат до покачен крвен притисок. Нивниот внес треба да се лимитира или во одредени случаи и целосно да се елиминира.

Се препорачува луѓето со хипертензија да внесуваат што е можно повеќе зеленчук и овошје, полнозрнести житарки, јатки, риба и сл. Особено е пожелна исхраната која е богата со калиум, а повеќе на тема може да прочитате тука.

Некои истражувања велат дека и зачините и билките кои се користат во исхраната, може да имаат позитивен ефект врз покачениот крвен притисок. Повеќе на оваа тема, во продолжение.

 

Што велат истражувањата за ефектот на зачините врз крвниот притисок?

Ефектите кои ги имаат зачините и билките врз крвниот притисок не се познати како што е познат ефектот кој го има пример, готварската сол. Но, претходни истражувања го имаат потврдено позитивниот ефект на зачините врз нивоата на триглицериди во крвта, а тие може да имаат и антиоксидативен ефект, односно да го намалат оксидативниот стрес во организмот.

Во поглед на кардиоваскуларното здравје, односно ефектот врз крвниот притисок, некои истражувања исто така покажуваат позитивен ефект. Едно вакво истражување, открило дека високата употреба на зачини и билки во исхраната довело до намален крвен притисок мерен во период од 24 часа. Научниците велат дека овие ефекти на зачините и билките врз крвниот притисок се релативно нови на науката. Досега, добро познати негативни ефекти имаат: алкохолот, натриумот (внесен преку солта) и кафеинот, додека позитивен ефект за крвниот притисок имаат: редовната физичка активност, контролирање на телесната тежина, избегнувањето на транс и заситените масти, внесот на калиум, магнезиум и калциум преку исхраната и сл. .

 

Во ова испитување биле вклучени околу 70 луѓе, на возраст од 30 до 75 години. Сите имале еден или повеќе ризик фактори за кардиоваскуларни заболувања и сите имале прекумерна телесна тежина. Нивниот крвен притисок бил внимателно следен и биле вршени мерења кога тие немале консумирано никаква храна. За време на испитувањето тие биле поделени во 3 различни групи кои вклучувале исхрана со ниско, средно и високо количество на зачини и билки, односно внес на 0,5g ; 3,3g и 6,6g на зачини дневно.

Тие имале  идентичен тип на исхрана, најкомпатибилен со исхраната која редовно би ја имале. Како зачини, главно биле вклучени циметот, ориганото и куркумата. Испитувањето траело 4 недели, а на крајот биле анализирани резултатите.

Студијата покажала дека групата која консумирала најмногу зачини и билки во рецептите имала подобри вредности и кај нив дошло до поголем пад во крвниот притисок во период од 24 часа. Не биле откриени значителни ефекти врз нивото на холестеролот, шеќерот или оксидативниот стрес. Но, научниците сметаат дека ефектот е значителен, особено во поглед дека 24-часовната мерка за крвен притисок е подобар индикатор за кардиоваскуларното здравје отколку моментално, единечно мерење на крвниот притисок. Научниците исто така потенцираат дека внесот на зачини и билки во исхраната не може да компензира  и да служи како замена за здрава и балансирана исхрана. Тие сметаат дека внесот на зачините во здрава и разновидна исхрана може дополнително да го нагласи нејзиниот позитивен ефект врз здравјето, особено во поглед на кардиоваскуларното здравје.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор