fbpx

Замастен црн дроб – која ХРАНА е најлоша?

tonus

Црниот дроб е вториот најголем орган во телото и орган коj извршува над 500 значајни функции. Меѓу многуте функции, тој ги обработува хранливите материи од храната и пијалаците и ги филтрира потенцијално токсичните супстанции од крвта кои сме ги внеле преку храната или на друг начин.

Содржината на маснотии во црниот дроб до одредена граница се смета за нормална, но доколку нивната концентрацијата во клетките на дробот стане превисока, тоа може да биде знак за заболувањето наречено замастен црн дроб или стеароза.

Замастувањето може да биде алкохолно или неалкохолно. Ваквата состојба е честа и за време на бременоста.

"“Online”/

Неалкохолно замастениот црн дроб е сé почест проблем кој кај многумина може да води и до целосно откажување на овој орган, па се прават сé повеќе студии на оваа тематика.

Една неодамна објавена студија дава интересни резултати

Сите знаеме дека главниот ризик-фактор за оваа состојба е неправилната исхрана и лошиот стил на живот. Постојаното консумирање на препроцесирани производи богати со додадени шеќери, заситени маснотии, трансмасти итн., значително го зголемува ризикот од појава на неалкохолно замастениот црн дроб.

Сепак, една студија која е објавена неодамна нѝ дава податоци според кои не секоја од споментатите ризични храни, делува исто на замастување на црниот дроб. Имено, во студијата се вели дека заситените маснотии се значително посилен ,,тригер” или поттикнувач на замастувањето на дробот, во однос на простите шеќери (компоненти кои доколку организмот нема веднаш потреба од нив, ги метаболизира во маснотии).

Истражувачите со оваа студија поттикнуваат многу важно прашање


Споментата студија од мај месец годинава, за волонтери имала 16 мажи со прекумерна телесна тежина. Половината од нив следеле исхрана богата со заситени масни киселини (ЗМК исхрана), а другата половина, исхрана богата со прости јаглехидрати (ЈХ исхрана).

По одредено време, односно по еден месец, групите се смениле (помеѓу периодите на промена, имале 7 неделна ,,нормална исхрана” или исхрана која ја практикувале пред студијата), па ја имале исхраната на спротивната група.

Студијата утврдила дека ЗМК исхраната  ги зголемила  маснотиите во црниот дроб, но во помал обем придонела и за зголемување на инсулинската резистентност (отпорност) кај волонтерите.

Ова води кон две важни прашање: Како е можно ЗМК исхраната да води кон влошување на ситуацијата со црниот дроб и инсулинската резистентност и како е можно исхраната богата со шеќери да не го предизвика истото?


Како е можно ЗМК исхраната да води кон влошување на ситуацијата со замастениот црн дроб и инсулинската резистентност

Првото прашање има едноставен одговор: Оние кои имале исхрана богата со заситени масни киселини, внесувале околу 400 калории повеќе од нивните дневни потреби и 300 калории повеќе од оние со ЈХ исхрана. Вишокот на калории е многу значаен за складирањето на мастите. Значи, ЗМК исхраната овозможува полесно да се ,,претера” со јадењето.

Дополнително, оние кои имале ЗМК исхрана, не престанале и со консумирањето на јаглехидратна храна, вусшност 35% од дневно внесените калории им биле од јаглехидратно потекло. Според ова, можеме да заклучиме дека исхраната богата со јаглехидрати и заситени маснотии е особено проблематична од аспект на метаболизмот и на здравјето на црниот дроб.

Како е можно исхраната богата со шеќери да не го предизвика истото?

Второто прашање е доста потешко за одговарање. Едниот можен одговор е дека едноставно шеќерите имаат потреба од подолг период за да покажат некаква разлика во однос на масната содржина на црниот дроб.

Како пример, некои студии покажуваат значително зголемување во маснотиите на црниот дроб по шест месеци откако била зголемена употребата на газираните пијалаци. Други пак, утврдуваат негативен ефект на простите шеќери (фруктоза) врз масната содржина во црниот дроб по само 9 денови.

Па се поставува прашањето: Дали е можеби клучен типот на шеќерите? Можеби фрукозата покажува побрз негативен ефект, додека употребата на сахароза има потреба од подолг период за да манифестира сличен ефект.

Заклучоците на студијата веројатно имаат врска и со вкупниот внес на калории, особено ако се има предвид дека повисокиот внес на калории секако делува лошо врз масната содржина на црниот дроб. Овие прашања студијата не ги одговара, но ги отвара за понатамошните истражувања.

Кој е заклучокот?


Заклучокот треба дефинитвно да биде – намалување на храната од животинско потекло, храна која е богата со заситени маснотии, но од друга страна можеби и не е најпаметно  веднаш да се заклучи дека зголемениот внес, особено на прости јаглехидрати (шеќери) не е проблематичен.

Важно е да се запамети и дека јаглехидратната храна, особено онаа полнозрнастата, мешунките, компирите (и останатата храна со сложени јаглехидрати), не нѝ е непријател, вистинскиот непријател е постојаната употреба на препроцесираните шеќерни продукти (како разните слатки и газираните сокови) и производите добиени од бели брашна.

Повеќе околу замастениот црн дроб, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор