fbpx

5 причини зошто постојано се чувствувате ЗАМОРЕНО

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Дали често си го поставувате прашањето: Зошто постојано се чувствувам толку заморено?
Ова особено е видливо во периоди како што е корона карантинот, бидејќи поголемиот дел од времето сме дома и не трошиме енергија, па од каде доаѓа тој замор?

Во продолжение ќе видиме кои можат да бидат главните и најчести причини за овој замор, кој не ви е сосем јасно од што е предизвикан.

Статистиката вели дека заморот може да предизвика и многу опасни последици

Според Американскиот центар за контрола на заболувањата, околу 15% жените и 10% од мажите во САД редовно имаат чувство на замор и истоштеност. Освен што тој влијае на она што се подразбира под квалитет на живот, генерално, ваквиот замор може да има и поконкретни дури и фатални последици.

"“Online”/

Имено, во САД, земјата во која има статистички податоци за речиси секоја тематика, постојат податоци дека 1 од 25 шофери вели дека му се случува барем еднаш во месецот да заспие на воланот. Во оваа насока, околу 72 илјади сообраќајни несреќи и околу 44 илјади повреди, од кои 6000 со фатални последици се препишуваат токму на невниманието при возењето предизвикано од замор.

Секако, заморот најчесто знаеме од каде ни ,,доаѓа”, излегување до доцна во ноќта, динамичен работен ден, гледање на филмови доцна во ноќта или трета смена… Проблемот настанува кога не знаеме од каде ни потекнува заморот.

Па да ги видиме главните скриени причинители на хроничниот замор и неколкуте начини на кои можеме да го кренеме нивото на енергија во текот на денот:

Fibro Gel

1) Недоволно спиење

Без сомение една од главните, најчестите предизвикувачи на хроничниот замор. Секако, ќе речете ова не е скриена причина за замор, но во САД 1 од 3 возрасни има континуиран недостаток од сон. Ова значи дека тие лица не се ниту свесни дека имаат недостаток од сон, туку за нив е нормално да спијат 3-6 часа во текот на ноќта.

Сè што е под 7 часа, за возрасните лица е недоволно. За децата минимумот е 8.

Според главните институции кои се занимаваат со спиењето како здравствен фактор, лицата помеѓу 18 и 60 години имаат потреба од најмалку 7 часа сон во текот на ноќта, за оптимално функционирање на организмот.

Факторот спиење често се потценува, но тој не е причина само за замор во текот на денот, туку ако не спиеме доволно го зголемуваме ризикот од разни заболувања како дебелина, висок крвен притисок, депресија, различни кардиоваскуларни заболувања итн.

Кратки совети за постигнување на доволен сон:

создадете рутина – обидете се да легнувате навечер и да станувате наутро во истото време, дури и за викендот

• избенувајте ги дневните дремки – ова го нарушува ноќниот потребен сон и прави дисбаланс

• ограничето го времето во кое сте будни во кревет – ако имате проблем повеќе од 10 минути да заспиете, а сте во кревет, станете и седнете во темно се додека не почувствувате дека ќе заспиете, потоа вратете се во кревет

• проверете дали можете да го направите просторот за спиење поудобен

• за квалитетен сон е потребна малку пониска температура и целосно отсуство и на мала светлина

• ограничете ги кофеинските пијалоци, алкохолот и цигарите

Доколку имате хронична несоница, обструктивна спиечка апнеа или некое друг медицински проблем поврзан со спиењето, најдобро е да се консултирате со лекарот

2) Нездрава исхрана

Се чувствувате уморно, поспано и без енергија? Она што се наоѓа на вашата чинија може да биде една од причините за ваквата состојба. Но, за среќа, може да биде и едно од решенијата.
Тоа што го јадеме има моќно влијание на општото чувство на енергичност, а енергичноста пак, влијае на тоа со каква ефикасност и ефективност ќе ги извршуваме сите поставени предизвици во текот на денот.

Така, со паметно одбирање и комбинирање на времето и составот на оброците и ужините, можеме да си помогнеме во избегнувањето на чувството на безенергичност и поспаност во текот на денот. Кратките совети во однос на овој фактор би биле:

• јадете почесто, во помали количини
• пијте вода!
• внимавајте со нездравите грицки и ужини
• внимавајте дали внесувате доволно витамин С
• консумирајте повеќе мешункаста храна
• појадокот е задолжителен (добро е почесто да се јаде овес за појадок)
• користете ги јатките и бананата за ужина
• кажете им стоп на шеќерните пијалоци и храна
• внимавајте на калориите

3) Неактивниот начин на живот

Кога се чувствуваме изморено, седењето и релаксирањето го гледаме како единствен одговор. Но, раздвижувањето на различни начини може да биде најдобрата работа која можеме да ја направиме за да си ја вратиме енергијата.

Знаеме дека во последно време во светот владее и една друга пандемија, а тоа е ,,седечкиот” начин на живот. Tреба сериозно да ја сфатиме природната потреба на телото за движење, а надминувањето на хроничниот замор е само уште една дополнителна причина.

Една студија од Атинскиот Универзитет дава интересни податоци. Имено, истражувањето покажало дека умереното вежбање во времетраење од 20 минути го зголемува енергетското ниво значително повеќе отколку мирното седење за истото време.

Ако не сте активни подолго време, почнете полека. Прошетката нека биде 10 минутна некој период, потоа гледајте само како се зголемува. Најважна е конзистентноста. Секако не е ни важен типот на активност.

4) Хроничен стрес

Многу различни фактори можат да го предизвикаат стресот. Акутниот или моменталниот стрес претставува начин со кој организмот се заштитува во одредени ситуации и тој е корисен, но коа ќе премине во хроничен, стресот единствено ни создава проблеми. Дури може да ни го зголеми ризикот и од развој на некои физички заболувања. Секако стресот може да предизвика хроничен замор, а првиот чекор кон решението е да сме свесни дека го имаме. Кратки совети за надминување:

• идентификувајте го изворот на стрес – без овој чекор невозможно е да го контролирате
• следете го стресот
• научете да кажувате не на работите кои не ви се по волја
• трудете се да избегнувате ситуации кои знаете дека ќе ви предизвикаат стрес
• зборувајте за проблемите
• обсервирајте ја ситауцијата и од поинакви агли
• фокусирајте се на поголемата слика
• обидете се да ги прифатите работите на кои не можете да влијаете
• простувањето е важно
• бидете редовно физички активни

5) Медицинска состојба

Доколку сте сигурни дека водите здрав начин на живот, oдносно здраво се храните, физички сте активни, се справувате со стресот и доволно спиете, а сè уште чувствувате хроничен замор, тогаш можеби се работи за некое заболување.

Некои од заболувањата кои го имаат хроничниот замор и истоштеноста за симптом се:

• aнемија
• дијабет
• депресија
• анксиозност
• заболувања на тироидната жлезда
• уринарни инфекции
• срцеви заболувања
• недостаток од витамини или минерали
• интолеранција на некоја храна

Fibro Gel

но и многу други заболувања.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X