fbpx

Заморот не е само физички, тој може да биде и емоционален!

tonus

Секојдневието само по себе е составено од разни проблеми и ситуации кои понекогаш се непосакувани. Тие се често извор на стрес, нешто што на секој од нас му е познато. Но, важно е да разбереме дека стресот е природна човекова реакција и истата е невозможно да се избегне. Проблемот се јавува кога доаѓа до негово акумулирање и кога истиот трае подолг период. Тогаш е можно да се јават промени и во нашето здравје, а особено во нашето ментално здравје. Токму затоа, денес ќе зборуваме за нешто што се јавува кај голем број луѓе, но за кое се зборува сосем малку и ретко, а тоа е емоционалната исцрпеност.

Што претставува емоционалната исцрпеност и кои се најчестите симптоми?

Емоционалната исцрпеност претставува состојба при која се чувствуваме емоционално потрошени, односно уморни од константната изложеност на стресни ситуации. Луѓето кои проаѓаат низ ваков период често чувствуваат дека немаат контрола над секојдневието и ситуациите во нивниот живот и имаат чувство на заробеност или заглавеност во проблемите. Доколку ваквата состојба трае подолг период, односно е хронична, може да предизвика сериозна штета врз здравјето – физичко, но и ментално.

Ниското ниво на енергија, лошиот сон и намалената мотивација се дел од најраните симптоми, а и од ситуациите кои може да го отежнат пребродувањето на ваквата состојба.

"“Online”/

Дополнителни, чести симптоми се:

  • Надразливост
  • Физички замор
  • Чувство на безнадежност
  • Отсутност
  • Проблеми со концентрацијата
  • Нервоза
  • Намален апетит
  • Апатија

Што ја предизвикува ваквата состојба?

Како што споменавме, дневните ситуации е нормално и често може да се извор на стрес, но доколку тоа е за време на подолг и константен период, истото може да предизвика проблеми.

Емоционалната исцрпеност следува по пролонгирана изложеност на стрес, но важно е да се напомене дека стресот различно делува и различно го доживуваат луѓето. Дали некоја ситуација ќе предизвика стрес кај некого е индивидуално и не секогаш исто за останатите.

Најчестите извори на стрес кои предизвикуваат емоционална исцрпеност се:

  • Работно место кое вклучува работа под притисок
  • Стрес при школувањето
  • Долги и стресни смени
  • Принова во семејството
  • Финансиски проблеми
  • Семејни проблеми
  • Проблеми во врската

Здравствени проблеми кои може да се јават поради емоционална исцрпеност

Стресот кој доаѓа напоредно со ваквата состојба, може да предизвика и низа други здравствени проблеми. Хроничниот стрес делува негативно на имуниот систем, работата на срцето, метаболизмот и општата благосостојба.

Емоционалната исцрпеност го зголемува ризикот за:

  • Хипертензија
  • Настинки и ослабнат имунитет
  • Зголемена телесна тежина
  • Несоница
  • Анскиозност и депресија

За среќа, ваквата состојба се смета за состојба која лесно може да се третира. Најчесто се започнува со елиминирање на изворот на стрес, а доколку тоа не е можно, подобро и насочено справување со таквиот стрес.

Општи совети за подобро справување со емоционалната исцрпеност

1 . Елиминирајте или намалете го стресот

Иако целосното елиминирање на стресот не е секогаш возможно, обидете се бар да ја намалите изложеноста на стресни ситуации. Исто така, начинот на кој се справуваме и гледаме на ваквите проблеми може многу да влијае на нивото на стрес. Некогаш нашите реакции се неосновани и прекумерни, а проблемите се не секогаш толку значајни и сериозни.

Одвојте време за себе, за пријателите и блиските, како и за некое ново хоби или активност. Сето ова може да помогне за полесно справување и намалување со стресот.

2 . Хранете се здраво

Здравата исхрана богата со овошје, зеленчук, житарки, извор на протеини и здрави масти – може да допринесе кон оптимално функционирање на нашиот организам. Како и остатокот од телото, мозокот има потреба од бројни нутриенти за негова правилна функција. Добрата исхрана исто така може индиректно да помогне со емоционалната исцрпеност со тоа што ќе го подобри сонот, нивоата на енергија, дигестијата, мотивираноста и сл.

3 . Практикувајте физичка активност

Речиси нема област од менталното здравје каде физичката активност не се покажала како ефективна и корисна. Било каков тип на активност може да допринесе кон лачење на ендорфините и серотонинот. Науката ја има потврдено нивната позитивна улога и влијание врз расположението и менталното здравје на човекот. Вежбањето исто така го намалува стресот, ни помага да го тргнеме умот од проблемите и може да го подобри квалитетот на спиењето.

4 . Не го заборавајте сонот

Спиењето е исклучително важен дел од емоционалното здравје. Здравата „хигиена“ на спиење може да го подобри расположението и секојдневното функционирање. Обидете се да воспоставите редовни часови за спиење и тие да бидат во опсегот од 7-9 часа.

5 . Одвојте време за пауза и социјализација

Повремено, одвојте време за да ги оставите обврските и проблемите зад вас и посветете си неколку часа на себе. Практикувајте некоја активност која ве релаксира или пак искочете на прошетка во природа со некој близок. Ваквите „мали“ секојдневни задоволства може навистина да ви помогнат да го намалите и контролирате стресот. Слободното време треба да биде за „обнова“ на самите себе и време кога се релаксираме и уживаме.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор