fbpx

Практични совети како да ги задржите здравите навики за исхрана

tonus

Во последно време, сè поголем број луѓе работат од дома, а многумина остануваат дома и заради различни други причини. Ова може значително да го наруши нормалниот, здрав ,,распоред за јадење”. Останувањето дома го зголемува ризикот од т.н. седечки начин на живот и значи постојана достапност до храна или грицки во било кое време од денот, па неретко може да добиете впечаток дека постојано сте во кујната, иако не сте вистински гладни.

Дополнително, стресот може да допринесе за емотивно јадење, односно прејадување, особено во овој период на пандемија кога имаме и дополнителен сериозен ,,извор” на стрес – коронавирусот. На кој начин стресот ја зголемува телесната тежина, прочитајте тука.

Покрај тоа што стресот води кон прејадување, како по правило тоа прејадување е со препроцесирана нездрава храна со високи вкусови карактеристики, а особено ниска нутритивна вредност.

"“Online”/

Зошто е важно да се водиме според некаков распоред за јадење?

Најголемиот дел од нашите однесувања се дел од некаква навика, а навиките се градат. Така, на почетокот можеби ќе нѝ биде неопходен одреден распоред за здрава исхрана по кој ќе се водиме, за подоцна веќе тоа да нѝ премине во навика која ќе ја применуваме ,,автоматски”. Овој распоред е индивидуална работа и треба да биде направен според вашите потреби.

На пример, ако знаете дека после 3 часот попладне енергетските нивоа ви опаѓаат, добро е токму во тој период да имате здрава ужина – богата со растителни влакна и протеини, за да ве одржи сити подолг период.

Имањето план ќе помогне да бидете сити и енергични во секој дел од денот, односно ќе ви го балансира шеќерот во крвта. Многу пати сме споменале дека прескокнувањето на оброците е една од најголемите грешки, особено ако имате намера да слабеете. Со прескокнувањата имате енергетски падови кои водат кон прејадувања и високи шеќерни пикови, а потоа и нагли падови, што води повторно кон прејадувања – и така се формира циклус.

Во продолжение, неколку совети како да го воспоставите или полесно да го задржите планот за здрава исхрана и да избегнете прејадувања.

Направете си календар

Работењето од дома не мора да значи дека сте помалку зафатени, па така наоѓањето на време за јадење и готвење може да биде проблем. Заради овие причини потребно е да си го организирате времето за оброци, пазарење и готвење. Определете точно време за сите најважни 3 оброци во денот, пресметајте колку време ви е потребно за готвење, но и за набавување на сите потребни намирници. На тој начин ќе превенирате обемни оброци и постојана потреба од храна. На следниот линк прочијтате 10 причини Зошто сте постојано гладни?

Набавките можете да ги правите на неделно ниво, а можете и да готвите еден ден порано.

Можете да готвите еднаш, но јадете барем 3 пати

Ако немате време за готвење, можете да си ги подготвите сите ужини и оброци за денот одеднаш. Исто така, можете да ги подготвите и еден ден (вечерта) однапред.

Најпамето е, на пример да си ги подготвите мешунките за повеќе денови и потоа да можете да ги користите за подготвување на брзи и здрави оброци. Сварете нешто поголеми количини од грав, наут, леќа или друга мешунка и потоа комбинирајте ги во најразлични здрави и брзи рецепти во текот на наредните неколку денови.


Кор
истете смрзната храна

Некои видови на претходно подготвена храна, можат и да се смрзнат, па подоцна да се користат. Дополнително, постојат и смрзнати здрави оброци кој можат да се купат од маркетите. Смрзнувањето на храната (подготвените оброци/ужини) е уште еден добар начин да избегнете прејадувања и хроничен глад. Прочитајте 4 конкретни здрави замени за препроцесираните сладоледи на линкот: Здрав начин да го замените сладоледот.

Бидете подготвени за постојани модификации

Немојте да се разочарувате ако нешто не оди според планот. Планот треба да се ориентира според вас, а не вие според потребите на планот. Тој треба да претставува еден вид на водич кој ќе ве води во рамките на одредени принципи за здрава исхрана, тој не е библија. Меѓудругото, ова е една од главните причини зошто сите диети се погрешни.

Ако имате неодложна потреба од храна, а тоа го нема во вашиот планер, слободно имајте ужина, но ако тоа постојано ви се случува очигледно постои проблем во планирањето, па треба да го модификувате планот.

Ако не можете самите да си направите план за здрава исхрана или имате постојани проблеми во неговото спроведување, побарајте помош од професионалци.

Прочитајте кои се најважните принципи на здравото слабеење и како да избегнете прејадувања на следните линкови:

Важни принципи на слабеењето – Што треба, а што не треба да правите?

13 практични совети како да не се ПРЕЈАДЕТЕ

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор