fbpx

АМЕРИКАНСКИ ПАЛАЧИНКИ во ЗДРАВА варијанта!

tonus

Веројатно не постои човек што има нешто ,,против” вкусните палачинки во најразлични облици.

За жал, најчесто палачинките се асоцираат со нездрава храна. Премногу шеќер, бело брашно, високо-калорични кремови и сосови….

За среќа, постојат и здрави палачинки (погледнете нутритивна табалеа најдолу)! Овес наместо бело брашно, банани наместо шеќер, ореви и мед, наместо нездрави високо-калорични и масни полнења! Дополнително, вкусните зачини и додатоци, им даваат посебен шмек на нашите здрави палачинки! 

"“Online”/

[Поврзано: РЕЦЕПТ: леб од БАНАНИ – и здрав, и лесен, и вкусен!]

Во продолжение, интересна верзија на американските палачинки. 

Американските палачинки се разликуваат од оние на кои сме навикнати да ги обожаваме уште од детството, но токму поради тоа се и поинтересни. Помали се и имаат сунѓереста структура што потсетува на пандишпан, па носат едно поинакво доживување.

Здрав рецепт за американски палачинки!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

Додатоци:

  • Комбинација 1 – додајте половина банана, малку индиски ореви и малку јаворов сируп како прелив + малку кардамон
  • Комбинација 2 – премачкајте ги палачинките со путер од кикирики или од некои други јатки.
  • Комбинација 3 – бобести овошки по извор и 2 лажици мед

Начин на подготовка:

  1. Поставете ги сите намирници (освен оревите и чоколадото) во блендер и блендирајте до хомогенизација околу 30 секунди до 1 минута. Треба да добиете густа смеса. Ако смесата изгледа преретко, слободно додајте уште малку од освесните снегулки. Ако пак смесата ви се чини прегуста, додајте уште малку од бадемовото млеко или пак малку вода. Сето ова можете да го направите и без блендер, само треба да имате овесно брашно наместо снегулки.

  2. На добиената смеса додајте го ситно искршеното чоколадо, заедно со оревите. Нежно промешајте.

  3. Загрејте една нелеплива тава за печење на средно-висока температура. Претходно премачкајте ја со многу малку кокосово масло.

  4. Кога тавата ќе биде доволно загреана, излејте неколку помали кругови од смесата. Печете додека не видите дека се формираат меурчиња на површината, па потоа превртете со лажица за палачинки. Ако палачинките се премногу темни, намалете ја температурата, а ако немаат воопшто кафена обојување, појачајте ја плочата.
  • Со ова количество намирници, треба да добиете околу 9 помали палачинки.
  • 3 палачинки се сметаат за еден оброк

Нутритивна вредност:

(на еден оброк, со првата комбинација)

Калории: 350; Јаглехидрати: 52g, од кои растителни влакна: 6,5g и шеќери: 21g; Протеини: 8g; Масти: 14g, од кои заситени: 4g; омега 3 масни киселини: 0,8g; Витамин Б1: 0,2mg; Витамин Б2: 0,3mg; Витамин Б3: 1,1mg; Витамин Б6: 0,4mg; Витамин Б5: 1mg; Витамин Б9: 40mcg; Витамин Е: 0,5mg; Витамин К: 5mcg; Калциум: 50mg; Железо: 3mg; Цинк: 2,2mg; Фосфор: 220mg; Мангнезиум: 150mg; Манган: 2mg; Бакар: 0,6mg; Селен: 11mcg; Калиум: 600mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор