fbpx

3 интересни идеи за здрави ДЕСЕРТИ

tonus

Печени палачинки со сливи

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  •     150g  крупни овесни снегулки
  •       1 чаша (250ml) растително млеко, најдобро овесно*
  •       2 ½ кафени лажички прашок за пециво (едно пакетче)
  •       1 многу зрела, голема банана
  •       1/2 лажиче ванилин шеќер или екстракт од ванила, по желба
  •       2 сливи, тенко исечени (можете да користите и било какво друго овошје)

Начин на подготовка:

1) Загрејте ја рерната на температура од 180°C и подгответе едно кружно тавче за печење.

"“Online”/

2) Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се комбинираат. Смесата треба да биде течна и да изгледа како вообичаеното тесто за палачинки.

3) Истурете ја смесата за палачинки во големото, кружно тавче. Можете да наредите неколку парчиња од вашето овошје по желба. Печете го тестото во претходно загреаната рерна околу 30 минути, или додека тестото не добие златножолта боја. Проверете дали центарот на тестото е убаво испечен пред да го извадите од рерна.

4) Откако ќе ја извадите од рерна, оставете ја палачинката околу 5-10 минути за да се излади, а потоа служете со свежо овошје.

-Овој рецепт прави 4 порции.

Нутритивна вредност
(1 порциja):

Калории: 113 Јаглехидрати: 24g од кои растителни влакна: 2.7g и шеќери: 10g;  Протеини: 2.7g; Масти: 5.1g од кои заситени масти: 1.3g; Железо: 1.4mg; Витамин А: 477 IU; Калциум: 104mg; Витамин Б2: 0.25mg

*Рецепт за овесно млеко

Овесното млеко се состои од изблендирана смеса од овес и вода која потоа се процедува низ тенка крпа/маица. Преостанатата пулпа содржи дел од потребните диетални влакна и протеини, но многу голем дел од нив се содржани и во млекото. Ова е така бидејќи овесот има способност многу добро да ја апсорбира водата, а со тоа ги задржува нутриентите во себе.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 90 г овесни снегулки
  •       960 мл вода (користете помалку вода за погусто, кремасто млеко)
  •       прстофат морска сол
  •       1 урма со извадена семка (за посладок вкус)
  •       1/2 кафена лажичка екстракт од ванила (по избор)
  •       10 г какао во прав – доколу сакате да направите “чоколадно млеко” (по избор)

Начин на подготовка:

  1. Додадете овес, вода, сол и какви било дополнителни додатоци (по желба) во блендер на голема брзина. Блендирајте околу 30-45 секунди, или додека смесата не изгледа добро комбинирана. Млекото не мора да биде целосно течно, па затоа не претерувајте со блендирање, бидејќи прекумерното мешање може да го направи овесното млеко лигаво во текстурата. Доколку млекото не ви е доволно слатко, додадете уште една урма.
  2. Истурете ја смесата во голем сад за мешање покриен со многу тенка крпа или чиста маица. Обичната цедалка не го процедува овесното млеко доволно, па затоа обидете се да користите некоја од другите понудени опции.
  3. Пренесете во некој помал сад или во стаклено шише и ставете го млекото во ладилник. Овесното млеко можете да го чувате најмногу 5 дена во фрижидер, или пак да го смрзнете во комора најмногу еден месец. Важно е да не го загревате пред употреба, бидејќи така млекото добива желатинозна текстура и станува лигаво.

Џем од чиа семе

За овој џем, потребни ќе ви бидат:

  •       2 шољи (околу 400g) свежо или замрзнато овошје (можете да користите било какво сочно овошје, на пример: јагоди, капини, боровинки, малини, цреши, праски, кајсии, сливи, ананас, киви…)
  •       2 лажици семе од чиа
  •       1 лажица свежо исцеден сок од лимон (можете да користите и цеден портокал)
  •       1-2 лажици мед или јаворов сируп (само доколку ви е потребно – овошјето само по себе дава сладок вкус, меѓутоа се’ зависи од тоа какво овошје ќе користите)

Дополнителни додатоци:

  •       ½ кафена лажичка екстракт од ванила
  •       изрендана кора од лимон
  •       прстофат од некој зачин (како цимет, ѓумбир или морско оревче)

Начин на подготовка:

1) Загрејте го овошјето во мало тенџере на средно-висока температура, мешајќи повремено, додека овошјето не се загрее и не започне да се распаѓа и прави меурчиња. Користете лажица или гмечалка за да го испасирате овошјето до посакуваната конзистентност.

2) Додадете ги двете лажици чиа семе и сокот од лимон и мешајте додека не се комбинираат. Потоа вкусете го џемот и додадете 1 или 2 лажици засладувач, доколку е потребно.

3) Тргнете го од оган и оставете го да се олади 5 минути. (Џемот ќе се згусне значително додека се лади.)

4) Темелно промешајте го џемот уште еднаш, а потоа тргнете го од оган и сервирајте веднаш, или префрлете го во затворена тегла (откако ќе се излади). Чувајте го во фрижидер до 1 недела. Можете и да го замрзнете, но најмногу 3 месеци.

ИДЕИ ЗА СЛУЖЕЊЕ:

– 1 лажица премачкана на парче ФИБРОГЕЛ леб;

– 1 лажица премачкана на леб, во комбинација со путер од кикирики;

– во овесна каша, заедно со свежо овошје.

Нутритивна вредност:
(на целиот џем, направен со малини и засладен со 1 лажичка мед– нутритивната вредност варира во зависност од овошјето и количеството мед што го додавате)

Калории: 350 Јаглехидрати: 66g од кои растителни влакна: 24.2g и шеќери: 32.8g;  Протеини: 8g; Масти: 9.4g од кои заситени масти: 1g; ; Витамин Ц: 80mg; Витамин К: 173 µg; Манган: 3mg; 

 

Чоколаден мус со авокадо

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 100g темно чоколадо со најмалку 75% какао
  • 1 зрело авокадо, излупено и со извадена семка
  • 1 кафена лажичка мед или агаве сируп

Додатоци:

  • Малини
  • парчиња црно чоколадо
  • ф’стаци или некакви други јаткасти плодови

Начин на подготовка:

1) Растопете го чоколадото во микробранова печка или во сад над тенџере со врела вода со постојано мешање, а потоа оставете да се излади една минута. Ставете го авокадото во блендер и миксирајте  додека не стане многу мазна паста. Додадете 1 лажица вода ако има потреба. Додадете ги растопеното чоколадо и медот или сирупот и убаво промешајте.

2) Поделете го мусот во 4 мали чаши и оставете ги во фрижидер додека не ви требаат. Одозгора ставете малини, парчиња чоколадо и ф’стаци за сервирање.

* Oвој рецепт прави 4 порции.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор