fbpx

Што најдобро гаси жед: вода или природен сок?

tonus

Покрај сите совети за здраво живеење, можеби најосновниот кој постојано и постојано го слушаме е – пијте доволно вода! Ова станува особено важно при летните горештини.

 

[Поврзано: Како да избегнете топлотен удар?]

 

Периодов секој од нас бара начин да се освежи, олади и да се хидрира. Честопати луѓето одбираат погрешен начин за летно освежување, како калорични сладоледи, газирани пијалаци и сокови од најразлично потекло.

"“Online”/

 

Во продлжение ќе објасниме зошто наједноставното пиење вода е најздраво и доволно за соодветно да се освежиме, оладиме и хидрираме.

Мнгоу подетално околу влијанието на водата врз нашиот организам, прочитајте во една од нашите претходни статии: Што се случува со нашето тело кога не пиеме доволно ВОДА?]

 

0 калории


Знаеме дека без вода нема живот. Таа има навистина бројни функции во организмот, но главно служи како средина во која се одвиваат повеќето од метаболитичките процеси. Телото не ја користи водата како извор на енергија, па таа има точно 0 калории.

 

[Поврзано: Што всушност претставуваат калориите и колку ни се потребни на дневна основа за да слабееме?]

 

На овој начин, водата не допринесува кон калорискиот суфицит, односно неопходниот предуслов за зголемување на телесната тежина. Дополнително, водата помага во слабеењето и на неколку други начини: го супресира апетитот, го забрзува метаболизмот (телото има потреба од вода при ,,согорувањето” на маснотиите) и го прави вежбањето многу полесно и поефикасно.

 

Но, ни остана да споменеме уште еден, можеби и клучен начин според кој водата може силно да придонесе кон слабеењето – намалената потреба за газирани пијалаци и различни други засладени и незасладени калорични сокови.

 

Во една супена лажичка има околу 4g шеќер. Замислете 7-10 вакви лажички, во една обична чаша вода. Изгледа премногу нели? Но, во соковите немаме чувство дека количината на додаени шеќери е толку голема. Тие се на некој начин, ,,прикриени”.

Ова прави да бидат ,,калориска бомба”. Дополнително на ова, енергетските пијалоци содржат и коефин кој го покачува крвниот притисок.

Да обрнеме внимание на поимот ,,додадени”. Ова значи дека веќе и природно, на пример густите и бистри сокови, содржат овошен шеќер. Помеѓу овој шеќер и обичниот кристален шеќер и не постои некоја разлика, разликата постои кога овошниот шеќер се консумира од самата овошка. Тоа е случај бидејќи овошката содржи и многу други корисни компоненти и компоненти кои овоможуваат да нема пикови на шеќерот во крвта, а си имаат и своја значајна физиолошка улога во телото.

[Поврзано: НАЈОПАСНИТЕ калории: ТЕЧНИТЕ калории!]

 

Дополнително, тука е важно да се споменат и освежителни алкохолни пијалаци, исто така богати со калории. Внесувањето калории преку течностите ,,оди” навистина лесно, посебно во периоди кога сме изложени на повисоки температури.

 

Едно истражување покажува дека жените со прекумерна телесна тежина што ги замениле слатките пијалаци со вода, имале далеку поуспешен процес на слабеење. Истото не е утврдено во целост за лицата што пиеле други пијалаци со засладувачи без калории.

Обичната вода е незаменлива во однос на хидрирањето, соковите можат да придонесат и кон дехидратација


Сета слатка храна, сосема логично го покачува нивото на шеќер во крвта. Тоа во целост важи и за било кои сокови – концентриран извор на шеќер, без разлика дали е тоа додаден или присутен од самите овошки (100% сокови).

 

Сите слатки пијалаци прават т.н. шеќерни пикови во крвта, што го зголемува чувството на жед. Ова неминовно има влијание на нивото на хидрираност во организмот.

 

Покачениот шеќер во крвта предизвикува повлекување на вода од околните клетки за постигнување на баланс. Како што клетките губат вода, му сигнализираат на мозокот дека имаат потреба од дополнителни количества H2O. Така, само 10-тина минути по јадењето/пиењето слатко, се јавува значителна потреба од вода.

 

[Поврзано: Горката вистина за БЛАГИТЕ сокови! (и т.н. 100% сокови се проблематични!]

 

Пиењето вода наместо сокови е одлично и за бубрезите

 

Нашите бубрези ја искористуваат глукозата за моменталните енергетски потреби, а остатокот го реапсорбираат и го враќаат во крвотокот. Сепак, при поголеми количества шеќер, глукозата преминува и во урината, а честото изложување на бубрезите на високи нивоа глукоза може значително да им наштети. Пиејќи постојано газирани и густи сокови, го зголемуваме ризикот од ваквите проблеми со бубрезите.

 

[Поврзано: Дијабетичарите треба да внимаваат на своите бубрези! Зошто?]

 

Бубрезите се филтерот на крвта и без доволни количества вода, тие не се во можност целосно да си ја извршуваат функцијата, односно да го отстрануваат природниот метаболитички ,,отпад”, но и различните токсини.

При долготрајна состојба на дехидрираност, бубрезите постојано треба да работат со максимален напор, што може да води до акутни повреди, состојби кои потоа се ризик за одредени бубрежни заболувања.

Дополнително, постојаниот недостаток од течности во бубрезите може да биде клучен поттикнувач на камчиња во бубрезите.

 

Пиењето вода превенира од дијареа и констипација, но придонесува и за нивна превенција. Шеќерните пијалаци се ризик-фактор

 

И без дијареата, често луѓето не хидрираат доволно, но тоа станува особено важно при сите типови на дијареа.

Самата природа на оваа состојба води кон значително губење на течности од организмот, па со пиењето на вода и други течности, можеме значително да го надополниме загубеното, односно да си помогнеме.

Според Светската здравствена организација, дури 90% од полесните случаи на дијареа можат ефективно да се третираат само со доволното пиење на вода, односно со оралната рехидратација.

Заедно со водата, се губат и минералите, па најдобро би било да се пие водат од чешма со одредена минерална содржина или да се пијат електролитни пијалаци (како на пример некои спортски пијалаци).

Одредени истражувања покажуваат дека кај децата корисна може да биде и суплементацијата со цинк. Секако, пред било каква суплементација, консултирајте се со лекар.

[Поврзано: Летото е сезона на ДИЈАРЕА – што треба да знаете?]

 

Од друга страна, избегнувањето на кофеинските и газираните пијалаци може да превенира, но и да биде корисно во третманот на дијареата.

 

Покрај недостатокот од растителни влакна, една од главните причини за констипацијата е недостатокот на вода или недоволното хидрирање.

 

Пиењето слатки сокови од било кој тип, води кон губење на вода и електролити во стомакот, што го успорува движењето на цревата. Премногу шеќер во исхраната, може да води кон дијареа.

 

 

Корисни совети како подобро да хидрираме и да си ја направиме водата поприфатлива

 

  • Не чекајте да бидете жедни за да пиете вода – кога сте жедни, веќе сте дехидрирани до одреден степен. Затоа направете си навика за пиење вода во одредени делови од денот, најдобар избор е постојано покрај себе да имате шише со вода, особено во летниот период.
  • Урината е добар индикатор за дехидрираност – што е потемна, тоа значи дека имате поголем недостаток од вода. Повеќе на оваа тема прочитајте тука.

  • Јадете повеќе свежа храна – свежата храна најчесто е со над 90% содржина на вода.
  • Внимавајте на внесот на кофеински пијалаци и алкохол – тие се т.н. диуретици, односно придонесуваат за поинтензивно губење на течностите од телото. Доколку имате редовна навика за пиење кафе, зголемете го внесот и на вода.
  • Внимавајте на внесените количества вода преку одредени апликацииособено погодно за помладите
  • Намалете го внесот на високо-протеинска храна (животинска) – оваа храна ,,троши” повеќе вода од организмот.
  • Доколку навистина не ви оди со пиењето вода, обидете се во неа да додадете и лимон – може и некои други билки, кои ќе ви ја направат водата попријатна и освежителна за консумирање.

Teшко дека може да се одреди точното количество на вода која треба да биде консумирана во еден ден, генерално за сите луѓе. Тоа зависи од многу фактори, како: самата индивидуа, тежината, климата, физичката активност и многу други.

Сепак, според повеќето релевантни институции кои се занимаваат со исхраната, најмалото количество вода кое треба да го консумираат мажите е најмалку 2 литри на ден, додека жените нешто помалку од тоа. Овде не е вклучена и водата од другите намирници, во кои скоро редовно е присутна.

Повозрасните лица и децата се во поголем ризик од дехидратација. Исто така, под зголемен ризик се и луѓето кои живеат во многу топли и влажни климатски услови и оние кои се потат повеќе од вообичаено. Затоа, споменатите групи на луѓе треба да бидат особено внимателни.

 

[Поврзано: 7 научни докази што ќе ве потсетат за моќта на лимонот (комбиниран со вода)]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор