fbpx

ЖЕНИ, ДАЛИ СТЕ ПОД РИЗИК ЗА СРЦЕВ УДАР?

tonus

Високиот пулс при мирување може да укажува на ризици од срцеви заболувања кај жени од средна возраст! Ова го една неодамна објавена студија.

Повеќе техники, вклучувајќи крвни тестови и различни системи за проценка на ризикот, се развиени за предвидување на ризикот кај жените од срцев удар. Сепак, тоа може да се направи и на наједноставен начин, односно преку проверка на пулсот, веднаш по будењето наутро.

Пулсот во мирување – бројот на срцеви удари во минута при мирување, може да помогне за предвидување на ризици од срцеви заболувања кај средовечни жени, без разлика на нивото на физичка активност, пушење и други ризик фактори. Слични податоци се пронајдени и за пулсот при мирување кај машкиот пол.

"“Online”/

Како да го измерите пулсот при мирување

Најдоброто време за да го измерите вашиот пулс при мирување е по самото будење, односно пред да станете од креветот наутро. За да го измерите пулсот, спојте ги показалецот и средниот прст на едната рака и поставете ги на позиција кај радијалната артерија во близина на зглобот, на другата рака. Направете одмерен притисок на радијалната артерија со двата прста. Бројте ги отчукувањата во време од 15 секунди, потоа помножете со четири. Добиената вредност го претставува вашиот пулс при мирување.

Студија започната во 2009-та година ја истражувала врската помеѓу пулсот при мирување и срцевите, односно мозочните удари кај 129.135 жени во постменопауза. Пулсот во мирување кај испитаничките бил мерен наутро или откако соодветно ќе мируваат во време од 5 минути. Физичката активност, депресијата и анксиозноста, консумирањето на алкохол и кафе (кофеин), хипертензијата, пушењето, дијабетот и други фактори кај сите испитанички посебно, биле утврдени преку посебно приготвени прашалници и скали за оценување.

Во текот на првите 8 години од студијата, 2.281 жени страдале од срцев удар, а 1877 имале мозочен удар. Жените со највисок пулс при мирување (повеќе од 76 отчукувања во минута) имале за 26% поголем ризик од срцев удар и настапување на смрт заради тоа, отколку оние со најнизок пулс при мирување (62 отчукувања во минута). Оваа релација била утврдена без разлика на расата или етницитетот на испитаничките и независно од присуството или отсуството на хронични болести како што се дијабетес, висок крвен притисок и високи нивоа на холестерол во крвта. Сепак, пулсот при мирување не бил поврзан со ризикот од мозочен удар, според оваа студија.

Според авторите на студијата, иако високиот пулс при мирување (над 76 отчукувања во минута) не може да биде помоќен индикатор за предвидување на срцевите и кардиоваскуларните заболувања општо, од факторите како пушење, дијабет и нивото на холестерол во крвта, сепак е доста корисен индикатор.

Тој како индикатор е поврзан со негативните фактори (ризик факторите) и ,,позитивните” фактори, факторите на превенција (физичка активност и здрава исхрана) на различни начини. На пример доколку имате високо ниво на холестерол, или сте редовен пушач – ќе имате повисок пулс при мирување, а доколку имате редовна физичка активност ќе имате секако помал пулс при мирување. Изборот е ваш.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор