fbpx

ЗГОЛЕМЕНА ПРОСТАТА – Што треба да знаат мажите?

tonus

Мажите често се преплашени од самата идеја за преглед на простатата. Сепак, имајќи предвид дека зголемената простата или бенигна простатична хиперпласија (БПХ) е многу честа состојба што ги погодува мажите со текот на нивното стареење, многу е важно да се биде информиран на темата и да се направи тест на простата ако има потреба.

[Поврзано: Кога има потреба од тестирање на простата?]

Проблемот со зголемената простата обично ги погодува мажите над 50 години, а според достапните статистики, дури околу 50% од мажите помеѓу 51 и 60 години ја имаат оваа состојба. Иако е можно, сепак искучително ретко се случува помладите мажи, или оние под 40 години, да имаат проблем со БПХ. Иако ваквиот проблем има потенцијал да биде доста непријатен, сепак не се работи за животозагрозувачка состојба.

"“Online”/

 

Ако имате уринарни симптоми, вообичаено не станува збор за малигни промени



Експертите од областа велат дека уринарните симптоми вообичаено не се знак за канцер на простата. Како и да е, важно е да се направи проверка за да се утврди фактичката состојба. Денешната медицина има одлични минимални и неинвазивни методи за помош при најчетите уринарни симптоми.

Дијагностицираната зголемена простата често ги збунува мажите во однос на опциите за третман. Сепак, по соодветната комуникација со стурчно лице, тие дилеми треба да бидат разрешени.

 

Што е простата и што значи ,,зголемена простата”?

 

Простатата е мала жлезда со облик на орев што се развива само кај мажите. Taa е дел од нивниот репродуктивен систем. Се наоѓа под мочниот меур и во непосредна близина на аналниот отвор.

Простата игра клучна улога во репродуктивниот систем на мажите, односно ја храни и насочува спермата на патот од тестисите кон пенисот за време на ејакулацијата.

 

Поимот ,,зголемена простата” се однесува на состојбата во која имаме зголемена простата, но без малигни промени.

Хормонските промени и растот на клетките, што се резултат на процесот стареење, можат да водат кон отекување на простата, често притискајќи ја уретрата или мочниот канал. Ова води кон задебелување на ѕидовите на мочниот меур и понатаму спречување на неговото соодветно празнење.

Кои се ризик-факторите што водат до зголемување на простата?

Уште е нецелосно јасно што точно го поттикнува зголемувањето на простата, но познати се главните ризик-фактори:

 

  • Возраста: Над 90% од мажите над 80 годишна возраст, имаат зголемена простата.
  • Семејна историја: Мажите што имаат генетска склоност кон оваа состојба, имаат и поголеми изгледи да страдаат од неа.
  • Одредени други заболувања: Maжите што имаат проблеми со телесната тежина, со кардиоваскуларни заболувања или со дијабет тип 2, имаат значително поголем ризик за дијагностицирање на зголемена простата.

Кои се можните симптоми?

 

Процесите што водат до БПХ најчесто започнуваат во 40-тата година, но се манифестираат подоцна. Вообичаено симптомите се јавуваат во 6-тата деценија, иако над половината од случаите се без никакви симптоми.

Најчестите симптоми се честото и отежнато мокрење. Станува збор за сè потешко мокрење, послаб и испрекинат млаз на мокрача, ноќно мокрење или никтурија, воспаление на самата простата и мочните канали, ретенција, а во најлош случај и враќање на урината до бубрезите.

[Поврзано: Бојата на урината кажува многу за вашето здравје!]

 

Moжни компликации

 

Нетретирањето или одложувањето на третирањето на овие проблеми поседува потенцијал да предизвика опструктивна нефропатија, компликација што на подолг рок води до бубрежна слабот и дијализа.

 

[Поврзано: Како да се спречат камчињата во БУБРЕЗИТЕ?]

 

Други можни компликации се крв во мокрачата (хематурија), уринарни инфекции, оштетување на мочниот меур, камчиња во бубрезите итн. Како најсериозна компликација се јавува уросепсата, која се манифестира со висока температура, треска, малаксаност и типични промени во крвната слика.

 

[Поврзано: Повторувачки УРИНАРНИ инфекции – превенцијата е клучот!]

 

Разликата помеѓу рак на простата и БПХ

 

Зголемената простата многу ретко преминува во рак, ракот најчесто се јавува сосема независно од аденомот. Затоа, како што веќе рековме, уринарните симптоми не нужно се знак дека имате рак. Она што е проблематично е што малигните промени на почетокот не даваат никакви симптоми.

Ако се дијагностицира на време, постојат можности за лекување на ракот, но ако откривањето е доцна, изгледите за лекување се доста намалени.

 

 

Што може и треба да направат мажите за да си помогнат?

 

Пред да биде дијагностицирано зголемување на простата:

 

  • Практикување на здрав начин на живот, односно здрава исхрана и редовна физичка активност.
  • Начини за трајно контролирање на стресот.

 

  • ПСА тестирање еднаш годишно за лицата помеѓу 55-69 години и анализирање на факторите што можат да влијаат на резултатот заради можноста од резултати што наведуваат на неправилен заклучок.

[Поврзано: Сè што треба да знаете за ПСА тестот?]

По дијагностицирањето зголемување на простата:

 

  • Промени на навиките, особено корисна работа кога симптомите се на почетокот – здрава исхрана, редовно вежбање.
  • Контролирање на стресот – мажите што се нервозни почето мократ, затоа потребни се начини за релаксација.
  • При одење во тоалет, дајте си време комплетно да го испразните мочниот меур. Тоа ќе го намали бројот на одења во тоалет.
  • Избегнувајте пиење на премногу течности, посебно навечер. Ова особено важи за алкохол и кофеински пијалаци.
  • Вежби за пелвичните мускули и за бешиката (програм за распоред на уринирање).
  • Редовно земање ако е препорачана одредена терапија од лекар.
  • Примена на одредени минимално инвазивни процедури за соодветно отстранување на вишокот простатно ткиво. Достапни се и хируршки интервенции за истата цел.

 

Многу повеќе на оваа тема, прочитајте тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор