fbpx

Состојби поради кои е ТЕШКО да се покачи телесната тежина

tonus

Кога ќе се спомене ,,телесна тежина”, првата асоцијација ни е ВИШОК телесна тежина. И тоа не е случајно, бидејќи особено во последните декади, светот се соочува со гојазност од пандемски размери.

Сепак, постои и група на луѓе кои имаат проблеми со премногу мала телесна тежина, односно имаат проблеми да најдат начин да ја покачат својата телесна тежина.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволно, колку и кои се најдобрите извори?]

"“Online”/

Постојат повеќе објаснување зошто се јавува овој проблем. Да почнеме од наједноставното – недоволен внес на храна или калории и (во комбинација) ,,побрз” метаболизам. (Ова е посебна тема на која ќе посветиме посебна статија.) Сепак, за жал, понекогаш наглото губење килограми и неможноста тие да се покачат, се поврзува со одредени, некогаш и опасни заболувања.

[Поврзано: Изгубениот апетит некогаш знае да биде сериозен знак. Зошто?]

Во продолжение повеќе на оваа тема, односно основни информации околу нарушувањата што потенцијално можат да условат неможност за зголемување на килограмите и/или понагло слабеење.


Ова би требало да ни помогне во препознавањето на симптомите и заклучувањето дали можеби нешто друго освен нашиот начин на живот,
не спречува да имаме доволно килограми.

[Поврзано: Индекс на телесна маса – предности и маани]

Животен стил како фактор

Како што веќе забележавме, како најчеста причина за проблемите со неухранетоста или малнутрициите се јавува недоволниот внес на калории во текот на денот, нешто што се провлекува подолг период.

,,Прескокнувањето” на оброците заради различните секојдневни обврски или едноставно нејадењето доволно и од соодветната храна, како јаглехидрати и масти, може да биде сериозен фактор за развојот на малнурициите.

Интензивната физичка активност, без притоа соодветно да се ,,надомести” во енергетска и нутритивна смисла, исто така може да биде чест фактор за недоволна телесна тежина

[Поврзано: 5 распространети НЕВИСТИНИ за јаглехидратите!]

Ако животниот стил ,,не ви дозволува” да ги покачите килограмите, како стартно решение се наметнува построгото следење на внесот на храна и калории и општо, посериозно посветување внимание на храната што се внесува. Секако, стручната помош е секогаш најдобар избор.

Сепак, ова е посебна и широка тема на која ќе и посветиме повеќе внимание во една од наредните статии. Денес, повеќе околу можните здравствени проблеми со потенцијал да условат малнутриции.

[Поврзано: Што ВСУШНОСТ се калории и колку треба да внесуваме?]

Хипертироидизам

Тироидната жлезда се одразува на нашиот метаболизам преку хормоните што ги лачи. Кога продуцира премногу тироксин, метаболизмот забрзува и согорувате калории побрзо – состојба позната како хипертироидизам.

[Поврзано: Тироидна жлезда и исхраната – кои продукти се поволни, а кои не?]

Апетитот често се покачува, но телесната тежина не варира и покрај внесот на повеќе храна. Другите симптоми можат да вклучат: зголемувања во пределот на вратот, неправилен срцев ритам, лесна надразливост, анксиозност, тресење на рацете и забрзано движење на цревата. Кај жените може да се јават и промени во менструалниот циклус.

Дополнително, можни се мускулна слабост, нагло губење на телесната тежина и хроничен замор. Доколку ги искусите овие симптоми, со или без проблеми со зголемувањето на телесната тежина, задолжително консултирајте го вашиот лекар.

[Поврзано: Кога ви е потребен тест за тироидната жлезда?]

Гастроинтестинални проблеми

Проблемите со вашите црева можат да условат лоша апсорпција на храната што ја јадете, што директно би можело да значи проблем со зголемувањето на тежината.

[Поврзано: Едно е што ќе ставиме во устата, но сосема друго што завршува во крвта?]

Дури и ако јадете доволно храна, можете да страдате од малнутриции и да не сте во можност да ја покачите својата телесна тежина. Типот на заболувања што водат кон вакви проблеми се нарекуваат синдроми на малапсорпција. Еден од најчестите типови од овие заболувања е синдромот на нервозни црева. Многу повеќе околу него, прочитајте тука.

[Поврано: 5 начини за природна помош кај ГАСТРИТИС]

Други чести заболувања со слични последици, можат да бидат и Кроновата болест, чир на желудник, целијакија и слично. Нивните симптоми можат да вклучат, крвава столица, несоодветна цревна перистатика, замор, стомачна болка, гасовиж и забрзано губење на телесната тежина.

Ако ги искусувате овие симптоми, заедно со неможност за здебелување, задолжително консултирајте го вашиот лекар.

Дијабетес

Постојат два типови на дијабет. Тип 1, кој вообичаено се дијагностицира порано, односно уште во детството, но може да се дијагностицира и подоцна во животот и дијабет тип 2. Дијабетот тип 1 е причинет од недостатокот на инсулин во телото.

Другиот тип на дијабет (2), се карактеризира со инсулинска резистентност и вообичаено се јавува кај возрасните поради лошиот животен стил.

[Поврзано: Што секој од нас треба да знае за дијабетот?]

Инсулинот ги регулира количествата глукоза во организмот, па први што страдаат од проблемите со него се телесната тежина и апетитот поради тоа што глукозата е основниот извор на енергија за телото.

Двата типови дијабет можат да водат кон недостаток од телесна тежина, дури и при зголемен апетит (иако кај дијабетот тип 2 значително почест случај е гојазноста).

Други симптоми на дијабетот можат да бидат: замаглен вид, замор, зголемен апетит, жед и често уринирање. Ако искусите било кои од наведените симптоми, со или без проблеми со зголемувањето на телесната тежина, консултирајте се со лекар.

[Поврзано: Како до подобра контрола при дијабет?]

Други заболувања (или ситуации) кои поретко можат да водат до нагло слабеење и/или неможност за зголемување на телесната тежина:

  • Користење на одредени медикаменти
  • Одредени инфекции во некој дел/ови на организмот
  • Малигни заболувања
  • Невролошки проблеми

Ако се сомневате во било која причина, единствениот совет е – консултирајте стручно лице, бидејќи пораното утврдување може да значи спасување на живот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор