fbpx

Згрутчувања во крвта – Препознавањето на симптомите може да спаси живот!

tonus

Крвните згрутчувања можат да се појават кај било кој од нас, па дури и да доведат и до животозагрозувачки состојби, ако телото соодветно не ги разгради. Затоа е важно да ги забележите знаците што телото може да ни ги ,,покаже” за да реагираме навреме.

Што треба да знаете за згрутчувањата на крвта?

Кога ќе се пресечеме, телото превзема низа на чекори кои ќе и овозможат на крвта соодветно да се згрутчи на точно определеното место. Тоа претставува нормален дел од процесот на самолекување, без којшто би дошло до непотребни губења на крв. Губењето крв е голем ризик по здравјето и може да води до различни сериозни здравствени проблеми.

Кога споменатото згрутчување ќе си ја заврши работата, телото веќе нема објективна потреба од понатамошно одвивање на процесите за згрутчување. Сепак и самото прекинување на згрутчувањето исто така претставува сложен процес, односно потребни се повеќе чекори за тоа да запре. На крајот, како резултати на сите овие процеси, во крвотокот неминовно остануваат поцврсти честички кои циркулираат заедно со крвта.

"“Online”/

[Поврзано: Ковид-19 и згрутчување на крвта. Што се тоа D-димери?]

Згрутчувањата во крвта можат да бидат ,,тивки убијци”. Се манифестираат на повеќе начини и имаат потенцијал за посериозни комликации. Пушењето, високиот притисок, одредени лекарства, инфекции и слично, го зголемуваат ризикот од развојот на крвни згрутчувања.

Препознавањето на симптомите може да ви го спаси животот!

Можно е да имате крвни згрутчувања, а воопшто да не бидете свесни за тоа. Овој проблем најчесто се јавува во нозете, блокирајќи го дотокот на кислород и хранливи материи на околните периферни ткива. Меѓутоа одредени згрутчувања во делови од телото каде нема зафатени ткива, понекогаш поминуваат незабележано.

Крвните згрутчувања што не покажуваат симптоми се посебно опасни, бидејќи нетретирани, сепак поседуваат капацитет да доведат до посериозно компликации во белите дробови или мозокот.

Недостаток од здив или вртоглавица

После умерена или поинтензивна активност секако дека очекуван е одреден степен на замор, потење, па и вртоглавица и ,,плиток здив”. Сепак, ако овие симптоми зачестено се појавуваат, посебно ако се случуваат додека одмараме или имаме лесна активност, не смееме да ги игнорираме!

[Поврзано: 4 симптоми кои НЕ СМЕАТ да бидат игнорирани]

Крвните згрутчувања во белите дробови се нарекуваат белодробна емболија и го ограничуваат снабувањето со кислород. Ваквата ситуација може да биде животозагрозувачка.

Отоци, болки, промена на бојата кожата или печење на нозете или рацете

Промените на бојата на кожата од било каков интензитет и отекувањата на екстремитетите лесно можете да ги препишете на некакви повреди и да ги занемарите. Меѓутоа овие појави можат да бидат и знак на длабока венска тромбоза, или крвно згрутчување кое се појавило и ја блокира крвта на патот до здравото ткиво.

Ако почувствувате еднострана остра болка, црвенило, отечена или затоплена кожа на одредено подрачје, задолжително консултирајте се со лекар.

Длабоката венска тромбоза може да доведе до повеќе здравствени компликации.

Општа слабост, мачнина, проблеми со видот или говорот

Крвното згрутчување може да остане заробено во крвните садови на мозокот кои се стеснети поради масни наслаги. Можат да настанат и поради физички удари на главата што направиле мозочен удар. Бидејќи згрутчувањата ја спречуваат оксигенираната крв да стигне до деловите на мозокот, можно е да почувствувате вртоглавица, збунетост или проблеми со говорот и/или видот.

Дополнително, крвните згрутчувања можат да предизвикаат и широк спектар на невролошки проблеми, од општа слабост, до мозочен удар.

Ако почувствувате некои слични симптоми консулитрајте се со вашиот лекар, особено ако спаѓате во одредена ризичка катерогрија за кардиоваскуларни проблеми.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор