fbpx

Повеќе ПОЛНОЗРНЕСТИ житарки и нивни продукти, ПОЗДРАВО тело, но и ПОЗДРАВА животна средина!

tonus

Чиста и оддржлива животна средина. Зелена енергија. Обновливи ресурси.

Овие поими ги слушаме се’ почесто, а во блиска иднина не само што ќе ги слушаме уште почесто, туку нивното остварување ќе мора да стане приоритет за човештвото. Покрај останатите фактори кои условуваат каква животна средина ќе имаме, помеѓу најзначајните се вбројува и начинот на исхрана кој преовладува низ планетата Земја.

Па, како човештвото да има исхрана што ќе ни обезбеди одржлива здрава животна средина, без притоа да ги нарушиме преференците на различните култури? Истражувачите од Универзитетот во Делавер создале модели кои би требало да го одговорат ова прашање. Интересно, како клучна намирница во оваа насока ги наведуваат полнозрнестите житарки и нивните производи!

"“Online”/

Начин на исхрана – Она што е добро за нашето здравје, добро е и за ,,здравјето” на нашата планета!

Револуционерното истражување од познатиот ,,Лансет” (Food in the Anthropocene: the EAT-Lancet Commission on healthy diets from sustainable food systems), објавено во 2019 година, ги потврди теориите дека постои силно преклопување на она што е добро за нашето здравје и она што е оптимално за здравјето на нашата планета, во однос на изборите на храна. Но, истражувачите од споменатото истражување не обрнаа толку внимание на еден значаен, практичен аспект: Дали луѓето се подготвени и ќе сакаат да го јадат предложеното во студијата?

Одржлива, односно еко-здрава исхрана

Ширум светот, различните цивилизации се адаптирале на својата локална клима, односно си создале свои навики за исхрана и своја, засебна кујна. Ова не’ води кон дилемата: Како да ги доближиме здравите навики во однос на исхраната што ќе обезбедат и одржлив еко-систем, без да бидат нарушен различните традиции кои се културно богатство? 

Успевајќи во оваа намера, луѓето ширум светот полесно ќе ги прифатат нужните промени во исхраната.

 Токму оваа дилема е адресирана од Универзитетот Делавер од САД, чии истражувачи направиле специјализирани модели што треба да ни дадат одредени одговори.  Интересно, како можеби клучен елемент на решението се јавува еден поим: полнозрнеста храна.

Повеќе полнозрнеста храна, поздрава животна средина?

Во ноември 2021 година, во студија објавена во Enviromental Research Letters, авторите заклучуваат дека со почестото консумирање полнозрнестата храна (заменување на половина од рафинираните житарки со полнозрнести) може значително да се подобри хранливата вредност на исхраната што ја имаме. На пример, внесот на протеини се зголемува до 10%, на железо и на цинк до 40% итн. На тој начин со помалку храна, ќе се внесат потребните нутриенти, што заштедува на стакленички гасови – значи е поеколошки.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се најдобите извори?]

Понатаму, истото истражување утврдува дека зголемувањето на употребата на т.н. ,,C4 житарки” (како соргум и просо, на пример), пред ,,C3 житарките” (пченица и ориз, на пример) е подобро за животната средина. Разликата помеѓу т.н. C4 и C3 житарките е тоа што првите имаат процес на фотосинтеза кој води до создавање на 4-C компоненти и на тој начин намалување на губењето водена пареа, во однос на C3.

[Поврзано: Има важни причини зошто да користите ПРОСО барем еднаш неделно!]

За да се обезбеди ,,културолошка прифатливост” на споменатите житарки, кои биле давани на различни популации во споменатата студија, во предвид била земена нивната употреба низ последните децении во дадена средина. Значи предложената исхрана може да биде и пошироко применлива на различни територии, а не само за потребите на студијата, што е од исклучителна практична важност.

 Авторите заклучуваат дека комбинацијата од зголемување на споменатите C4 житарки и општо на полнозрнестата храна, ќе резултира со силни подобрувања во хранливата вредност, но и на еколошкиот импакт на исхраната.

Дополнително, самите традиционални кујни преферираат ваква храна, полнозрнеста храна и храна што е помалку обработувана.

Во една од наредните статии ќе зборуваме повеќе околу тоа како да имаме исхрана што ќе може да се нарече ,,пријателска за животната средина” или ,,eco-friendly”.

Извор:

,,Culturally appropriate shifts in staple grain consumption can improve multiple sustainability outcomes”  Enviromental Research Letters

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор