fbpx

Како новите истражувања го поврзуваат внесот на полнозрнести житарки со намален обем на стомакот?

tonus

Постојано зборуваме за позитивните здравствени ефекти кои ги имаат полнозрнестите житарки врз нашето здравје. Тие треба да имаат централна позиција во нашата исхрана и на тој начин да нè снабдуваат со енергија, витамини, минерали, растителни влакна и макронутриенти. Во повеќе статии сме ги истакнале потенцијалните здравствени придобивки од консумирањето на полнозрнести житарки – имено: тие имаат позитивен ефект кај луѓето со дијабет, позитивно влијание врз холестеролот, подобрена и олеснета дигестија и сл. Но, едно ново истражување ја покажува и поврзаноста меѓу користењето на производи од полнозрнести житарки и намалениот обем во пределот на стомакот. Зошто се ваквите житарки добри и за слабеењето и за регулирање на обемот, дискутираме во продолжение на денешната статија.

 

Што ги прави полнозрнестите житарки здрави?

 

Полнозрнестите житарки и брашната кои се добиваат од нив се сметаат за едни од клучните, централни намирници на секоја здрава исхрана. На ваквите житарки секогаш треба да им се дава предност во однос на рафинираните. Интегралните – полнозрнести житарки се одличен и здрав извор на сложени јаглехидрати, влакна, витамини, минерали и протеини.

"“Online”/

 

Само полнозрнастите житарки можат да нѝ ги понудат сите бенефити од одредена житарка, бидејќи за разлика од рафинираните, тие не подлежат на процеси во кои ќе им бидат отстранети одредени значајни делови, односно делови полни со различни хранливи материи.

 

Сите полнозрснасти житарки (зрна) се составени од 3 дела: лушпа, никулец и ендосперм. Секоја од овие компоненти е извор на уникатни нутриенти.

Лушпата е особено богата со растителни влакна, Б витамини, различни минерали (железо, бакар, цинк, магнезиум), но и различни други фитонуриенти, помеѓу кои и антиоксидативни соединенција.

Никулецот е богат со здрави маснотии, витамини од Б групата, витамин Е и низа други фитонутриенти. Од друга страна, внатрешниот дел на зрното или ендоспермот е извор на скроб (сложени јаглехидрати), протеини, но во доста помал обем на микронутриентите со кои се богати другите делови од зрното. Секој од овие нутриенти си има свое позитивно влијание. Покрај нив, постојат уште едни нутриенти кои се драстично позастапени во интегралните брашна и пецива, отколку во рафинираните – а тоа се растителните влакна. Тие припаѓаат на групата на јаглехидрати и имаат низа на позитивни ефекти врз нашето здравје.

 

Имено:

 

  • Растителните влакна ја попречуваат работата на дигестивните ензими – со што се успорува дигестијата и на тој начин се избегнуваат шеќерните пикови, а потоа и наглите падови кои се ризични по здравјето, а нè оставаат и постојано гладни. На тој начин се намалува и гликемискиот индекс на целокупната присутна храна во дигестијата.

 

 

  • Влијаат на поуспешното заситување – освен преку регулрањето на глукозата (обезбедуваат нејзино постепено апсорбирање во крвотокот), фиберот делува на заситувањето и преку врзувањето на вишокот вода во стомакот.

 

  • Го подобруваат дигестивно здравје –подобра цревна перистатика, намален ризик од најчестите дигестивни заболувања – дијареа, запек, нарушувања поврзани со корисната цревна микрофлора, воспаленија итн. Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

 

  • Претставуваат храна за корисната цревна микрофлора – здравјето, односно балансот на цревната микрофлора е значаен предуслов не само за дигестивното, туку и за целокупното здравје на човекот.

 

  • Можат да ги намалат холестеролните нивоа – значаен фактор за здравјето на срцето.

 

  • Имаат антивоспалително дејство – повеќе истражувања нѝ даваат податоци според кои можеме да видиме дека оние луѓе што имаат исхрана богата со фибер, имаат пониски вредности за CRP или Ц-реактивниот протеин.

 

 

Истражување – редовниот внес на полнозрнести житарки допринесува кон помала телесна тежина и намален обем во пределот на стомакот

 

 

Едно ново истражување, објавено во јули 2021, во журналот „Nutrition “, покажува како внесот на полнозрнести житарки влијае на главните пет ризик фактори за појава на срцеви заболувања: обемот во пределот на стомакот, крвниот притисок, нивото на шеќер во крвта, нивоата на триглицериди и нивоата на т.н добар – HDL холестерол. Истражувањето се фокусирало на употребата на рафинирани и полнозрнести производи и житарки од страна на испитаниците, во период од 18 години. Во студијата биле вклучени околу 3100 испитаници кои имале просечна возраст од околу 50 години.

Во интервали од 4 години, биле испитувани и мерени споменатите параметри поврзани со кардиоваскуларното здравје на испитаниците. Луѓето биле класифицирани во 4 категории, во зависност од количеството на консумирани полнозрнести производи. Најмалото консумирано количество било околу половина порција вакви производи, а највисокото – дури три или повеќе порции на ден. Препораките за исхрана во САД велат дневно консумирање на три или повеќе „порции“ или т.н „servings“, што содржат полнозрнести житарки. Пример за вакви „порции“ се: едно парче интегрален леб, половина чаша овес или половина чаша интегрален ориз.

 

Резултати од истражувањето

 

Истражувањето покажало дека после секој интервал од четири години, просечно, дошло до зголемување на обемот на стомакот од околу 2,5cm кај испитаниците со низок внес на полнозрнести житарки, наспроти зголемување во обемот од околу 1cm кај лицата со повисок внес. Покрај тоа, просечните вредности за нивото на шеќер во крвта како и за крвниот притисок, биле поголеми кај групата која имала помал внес, наспроти онаа со најголем внес на интегрални житарки. Научниците исто така ги проучувале и петте ризик фактори за срцеви заболувања, кај сите категории на испитаници кои внесувале рафинирани житарки. Оние кои консумирале помалку рафинирани житарки, во просек имале помали зголемувања во обемот на стомакот и подобри вредности за нивото на триглицериди, за секој четири годишен интервал.

Истражувачите заклучиле дека: редовниот внес и инкорпорирање на полнозрнестите житарки како дел од здравата исхрана допринесува кон повеќе здравствени бенефити, меѓу кои е и регулацијата на телесната тежина. Како старееме, полнозрнестите житарки имаат нагласена и важна улога кон полесна и подобрена контрола врз одржување на стабилни и здрави нивоа на шеќер во крвта, како и на крвниот притисок. Контролирањето на овие здравствени состојби, драстично го намалува ризикот за појава на срцеви заболувања.

 

Се смета дека постојат повеќе причини зошто интегралните житарки помагаат во одржувањето на телесната тежина (особено во превенција на акумулирање на масно ткиво околу пределот на стомакот), како и кај низа други состојби. Присуството на растителни влакна, како што веќе и споменавме, нуди бројни здравствени придобивки за нашиот организам. Имено, тие допринесуваат кон чувство на заситеност и помагаат за сузбивање на гладот, а тоа пак помага за полесно одржување на здрава телесна тежина. Прусутните минерали како магнезиум и калиум, како и антиоксидантите кои полнозрнестите житарки ги содржат, се смета дека имаат позитивен ефект врз крвниот притисок, а со тоа и за срцевото здравје. Од присутните растителни влакна, се смета дека растворливите влакна имаат особено позитивен ефект врз шеќерот на крвта, веднаш по оброкот. Тие помагаат бавно и континуирано да се лачи инсулин и да не дојде до нагли покачувања на глукозата во крвта.

 

За време на истражувањето, намирница која допринела најмногу кон внес на полнозрнести житарки, се смета дека е интегралниот леб, особено оној од полнозрнесто пченично брашно. Покрај лебот и полнозрнестите житарки кои се користат за време на појадокот исто така имале значајна улога и допринос. За намирници кои најчесто биле извор на рафинирани брашна, се сметаат белиот леб и тестенините добиени од рафинирано брашно.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор