fbpx

Се будите неколку минути пред да заѕвони алармот? Како е можно?

tonus

Една од првите ,,жртви” на модерниот начин на живот е спиењето. Премногу често луѓето жртвуваат неколку часа од својот сон, во целта да бидат попродуктивни во текот на денот. Ваквата навика е сериозна грешка. Повеќе околу причините, прочитајте тука.

Веројатно не постои човек што не го мрази утринскиот аларм. Тој претставува симбол на недоволниот сон. Но, дали сте забележале дека честопати знаеме да се разбудиме непосредно пред да заѕвони алармот? Сте се запрашале ли како е тоа можно? Во продолжение ќе се обидеме да дадеме одговор на ова прашање.

Биолошки часовник

На сите ни е познато дека човековото тело функционира според одредени свои принципи и има свој ,,ритам”. Впрочем, сосема е логично да се заклучи дека мора да постои одредена координираност помеѓу илјадниците биохемиски процеси кои во организмот се одвиваат истовремено. Затоа времето е важно, па така особено е значајно KOГА јадеме и КОГА легнуваме и стануваме од спиење.

"“Online”/

Оваа функција (координација) ја овозможува еден сложен механизам наречен циркадијален ритам.

Станува збор за нашиот главен внатрешен, биолошки часовник кој ни овозможува соодветно да ги регулираме нашите ,,биолошки шаблони” и навики, од оние за јадење, па сè до спиењето – неопходни работи за оптимално одржување на благосостојбата и здравјето на човекот.

Всушност, речиси секоја клетка од нашиот организам поседува свој внатрешен ,,часовник”, а ,,главниот” часовник во мозокот, наречен уште и циркадијален ритам, ги синхронизира сите часовници на периферните ткива. Било какво нарушување во овој систем се поврзува со некаков тип метаболичка дисфункција.

Машина која сака да предвидува

Мозокот е систем од неврони кои обожуваат предвидување. Нашите тела се многу поефикасни кога постои некаква рутина што треба да се следи. Значи, ако секоја ноќ си легнуваме во ист период и секое утро се будиме во исто време, телото многу внимателно ќе ја усвои ваквата рутина.

Нашиот циклус на спиење е регулиран од протеините наречени PER (period). Нивното ниво секојдневно се качува и паѓа. Кога нивоата на овие протеини се ниски, крвниот притисок се намалува, срцевиот ритам забавува, а забавува и способноста за концентрираното размислување. Всушност, стануваме ,,поспани”.

Ако следите одредена рутина на спиење, односно легнувате и се будите во ист период, нашето тело учи да го зголемува нивото на PER протеините во истиот период кога треба да се разбудите. Околу час пред да се разбудите, нивоата на PER растат, заедно со телесната температура и притисокот. Во намерата соодветно да се подготви за ,,стресот” од самото будење, телото излачува коктел од стресни хормони, ,,на чело” со кортизолот. Така, постепено сонот станува послаб и послаб.

[Поврзано: Уште една студија за тоа колку е важен сонот!]

Алармот го нарушува постепеното будење

Нашето тело го мрази алармот. Тој ни нанесува стрес уште пред да започне денот. Всушност ја нарушува смислата на постепеното будење која претходно ја споменавме.

Така, во намерата да избегнеме вознемирување, нашето тело прави нешто неверојатно: Почнува да го зголемува нивото на PER и на стрес хормоните нешто порано во ноќта. Тоа се случува за да не биде нарушен процесот на постепено будење. Така, овозможено е будењето неколку минути (некогаш дури и неколку секунди!) пред самиот аларм да започне со својата ,,пријатна” мелодија.

Телото има свој аларм?

Едно истражување од Универзитетот Лубек од Германија ни дава навистина интересни информации во овој контекст.

Истражувачите анализирале 15 волонтери, во период од 3 ноќи. Првата ноќ на испитаниците им било кажано дека ќе бидат разбудени во 6 часот наутро, додека останатите две вечери им било кажано дека ќе бидат разбудени во 9 часот. Но, секое утро испитаниците биле будени во исто време – во 6 часот.

Добиените резултати биле доста интересни. Имено, првата вечер испитаниците имале покачени стресни хормони многу порано во ноќта, во 4:30, бидејќи телото се подготвувало за порано будење. Кога на волонтерите им било кажано дека ќе бидат будени подоцна, стресните хормони не биле излачени толку рано и испитаниците се буделе целосно поспани.

Еден од водечките истражувачи во оваа студија заклучува ,,со други зборови нашите тела го забележуваат времето кога се надеваме да го започнеме денот и постепено нè подготвуваат за свесност во тој период”.

Впрочем, ако не се будите пред алармот, најверојатно имате недостаток од сон или пак немате конзистентна навика за спиење/хигиена на сон. Затоа, важно е да си легнуваме и стануваме во ист период. Без таа конзистентност, нашето тело е ,,збунето” и не е во можност соодветно да нè подготви за постепено будење.

[Поврзано: Како да си го подобрите сонот?]

Заборавете на snooze копчето

Навивањето повеќе аларми или одложувањето на алармот, веројатно е најлошата работа што можете да си ја направите во однос на будењето и започнувањето на денот. Одложувањето на будењето целосно го збунува нашиот ,,внатрешен часовник”, односно го прави залуден целиот тој труд што телото го има вложено во процесот на постепено будење. Сите хормони што ни помагаат да заспиеме се ,,мешаат” со хормоните што ни помагаат да се разбудиме.. Резултатот е започнување на денот со замореност, поспаност и нервоза.

[Поврзано: 5 причини зошто постојано се чувствуваме заморено?]

 

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор