fbpx

Дали сексот се брои за физичка активност и колку е ризичен за срцето?

tonus

Како што одминуваат години, мажите сé почесто се прашуваат дали сексот за нив е добра и безбедна форма на физичка активност или опасна активност по здравјето на срцето. Ваквите прашања за многумина се табу тема, но вусшност тоа се релевантни прашања кои заслужуваат и имаат соодветен, научно-заснован одговор.

Споредба на обичната физичка активност и сексуалната

За проценување на кардиоваскуларниот ефект кој го има сексуалната активност, истражувачите ги набљудувале волонтерите додека вежбале (одење) на лента за трчање во лабораториски услови и при нивната сексусална активност во домашни услови. Испитувани биле 13 жени и 19 мажи, на просечна возраст од 55 години.

Обичната физичка активност се покажала како доста понапорна. Имено, пулсот при сексуалната активност бил 30% понизок од вредноста на пулсот при вежбање, а крвниот притисок, за 20% понизок. На скала за интензитет од 1 до 5, испитаниците ја оцениле физичката активност 4,6, а сексуалната само 2,7. Кај жените напорот при секс бил уште помал.

"“Online”/

Сексот како физичка активност

Изгледа дека мажите трошат повеќе енергија на мислење и зборување за сексот, отколку на самиот сексуален чин. Во текот на сексуалниот интеркорс, пулсот на мажот ретко надминува 130 удари во минута, а неговиот ,,горен” крвен притисок скоро секогаш е под 170.

Кога ќе се земе сé во предвид, просечната сексуална активност може да се рангира како лесна до умерена физичка активност. Потрошувачката на кислород е слична како при танцувањето или играњето пинг-понг. Во просек, се трошат околу 5 калории во минута, односно 4 калории повеќе отколку при гледањето телевизија, а исто како при чистењето лисја, снег или играњето голф, на пример.

Значи, ако мажот може без проблем да го избегне лифтот, односно да помине неколку ката по скалите, без никаква тешкотија, може да се смета за физички подготвен за секс.

Сексот е уникатна активност, за среќа побезбедна од што мислите!

Можеби чистењето снег бара повеќе кислород и исто калории, но сексот е сепак нешто поинакво, уникатна физичка, но и ментална активност. При овој чин, стресот може да предизвика лачење на дополнителни количества адреналин, на ист начин како што тоа го прави физичката активност. Зголемените количества адреналин можат да бидат ризик-фактор за срцев удар, аритмија и лош ритам на срцето.

Но, дали и дополнителните количества на адреналин при сексот можат да го предизвикаат ова? Теоретски, да. Сепак, праксата покажува дека несаканите ефекти на овој адреналин се многу ретки, особено при конвенционален секс, со близок партнер.

Статистиката вели дека помалку од 1 од 100 случаеви на срцев удар има некаква поврзаност со сексуалната активност, а за фаталните аритмии, само 1 во 200. Можеби вака изгледа како доста реален ризик, но да ја протокуваме статистиката и на друг начин. Таа исто така вели дека ризикот за добивање срцев удар кај здрав 50 годишен маж во било кое време е 1 во милион. Ваквиот ризик би се дуплирал доколку го додадеме сексуалниот чин како фактор. Значи 2 во милион.

За мажите со кардиоваскуларни заболувања, ризикот е 10 пати поголем, но дури и кај нив, шансите за срцев удар при секс, се 20 во милион. Ова се многу добри бројки кои треба да ги израдуваат.

Ако не е лош, дали е добар?

Но, дали е сексот добар за срцето, ако веќе не може да се смета за лош? Веројатно да.

Едно истражување од Велика Британија за испитаници имало 918 мажи со генерално добро општо здравје, кога студијата започнала. Секој волонтер редовно пополнувал прашалници во врска со фреквентноста, односно зачестеноста на неговата сексуална активност. Студијата траела 10 години и утврдила дека мажите кои пријавиле 3 или повеќе оргазми неделно, имале дури 50% помала смртност од мажите кои ејакулирале поретко од тоа.

Друга студија од Масачусетс, САД, дава резултати според кои исто така сексот делува заштитувачки на здравјето. И нивните испитаници(над 1165) биле здрави кога започнала студијата. Кај 213 од нив се појавила ерективна дисфункција и биле посебно анализирани. Помеѓу останатите 952ца без овој проблем, оние кои имале секс 2 пати или помалку во текот на месецот, имале дури 45% поголем ризик од кардиоваскуларни заболувања од оние кои имале секс повеќе од 2 пати месечно.

Сепак, овие податоци не мора да се целосно релевантни, односно не мора да значи дека подоброто срцево здравје, кај оние со поголема сексуална активност, се должи токму на неа. Дејството може да биде и индиректно, на пример можеби оние кои почесто имаат секс, генерално се позадоволни со животот – што е добро за срцето.

Од друга страна, можно е оние кои пријавиле нередовен секс да биле повеќе изложени и на други ризик-фактори за срцеви заболувања, како пушење, пиење алкохол, или други лоши животни навики.

Безбеден секс

Сексот е нормален дел од човековиот живот. За сите мажи, без разлика дали имаат или немаат некакви кардиоваскуларни заболувања, најдобриот начин за да го направат сексот дополнително безбеден е всушност да ги прават оние работи кои се добри за срцето, но и за целокупното здравје, односно:

• да ги остават цигарите

да бидат редовно физички активни

да имаат здрава исхрана

да избегнуваат алкохол

На овој начин, сексот ќе биде побезбеден за срцето, но тој треба да е безбеден и за останатиот дел од организмот. Веројатноста за компликации при инфекцијата со сексуално преносливите болести е значително поголема, отколку за компликациите кои може да ги направи самиот секс за срцето. Затоа мораме да внимаваме и на овој дел, особено ако немаме постојан партнер.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор