fbpx

Добри вести за љубителите на КАФЕТО!

tonus

Пред само неколку години, кога ќе се спомнеше кафето научната јавност главно зборуваше за неговите негативни ефекти – покачен крвен притисок, забрзана работа на срцето, нарушен сон, па дури и причинител на малигни заболувања.

Денес, Светската здравствена организација веќе го има тргнато кафето од листата на потенцијални канцерогени намирници. Дополнително, сè повеќе научни студии укажуваат дека кафето всушност не само што не е штетно, како што се сметаше, туку напротив, може да биде добро за здравјето. Толку добро, што можеби во иднина и докторите ќе го препорачуваат.

Што се смени? Што велат фактите?

"“Online”/

Можни здравствени придобивки од кафето

Во последниве декади, слободно може да се каже дека кафето е една од најистражуваните прехранбените намирници. Во последно време, вестите се сè подобри и подобри.

Умерената консумација на кафето (2-3 чаши во текот на денот) некои студии ја поврзуваат со продолжен животен век. Имено, една студија од 2015, објавена во списанието Circulation ни дава податоци според кои редовното консумирање кафе се поврзува со 8-15% намален ризик од смртност од било која болест.

Други студии покажуваат дека пиењето кафе може да го намали и ризикот од:

• кардиоваскуларни заболувања (вклучително срцев удар и мозочен удар)
• дијабетес тип 2
• Паркинсонова болест
• рак на грлото на матката и на црниот дроб
• цироза
• гихт (уричен артритис)

Причините и механизмите според кои овие корисни дејства се возможни, не се целосно јасни. Еден фактор, секако, може да биде кофеинот, но тоа тешко може без дилема да се заклучи од студиите, бидејќи во повеќето од нив не стои дали кафето кое го употребувале содржело кофеин или не.

Од друга страна, исто така низа од студии го поврзуваат кафето со негативни влијанија на здравјето, вклучително:

• зголемен ризик од рак на мочен меур и простата
• кардиоваскуларни заболувања
• несоница и анксиозност

Сепак, важно да се спомене околу овие студии е фактот што повеќето се правени многу одамна , методот им е проблематичен, а исто така и негативните ефекти се поврзуваат со консумирање на преголеми количини на кафе (над 4 чаши на ден).


На што се должи промената на мислењето на Светската здравствена организација?


Во јуни 2016, СЗО и официјално го отстрани кафето од листата на потенцијално канцерогени храни. Дополнително, експертите од СЗО сега го наведуваат кафето како храна со потенцијално заштитно дејство од канцер на грлото на матката и црниот дроб.

Но, СЗО не е единствената релевантна здравствена организација која го вклучи кафето во листата на безопасни и потенцијално корисни намирници.

Министерството за здравство на САД, ги ревидираше поранешните стојалишта за штетноста на кафето и умереното пиење кафе (3-4 шолји, дневно) и го означи пиењето кафе за ,,здрава навика”. Светскиот истражувачки фонд за канцер, исто така, смета дека умерената консумација на кафе, може да придонесе за намалување на ризикот од некои типови на канцер.


Дали треба да пиеме кафе?


Имајќи ги предвид сите овие нови, добри вести за пиењето кафе, можеби ќе се охрабрите да ја зголемите консумацијата на кафе или  да почнете да пиете кафе.

Еве неколку наши совети во врска со ова:

• Доколку не ви се допаѓа пиењето кафе, немојте да се грижите. Барем досега, не постојат препораки за да почнете да пиете. Во секој случај, доколку бидат утврдени точните механизми за позитивните дејства на кафето, можно е да се произведе лек кој ќе ги ни ги обезбеди бенефитите, без несаканите ефекти (вкусот на кафето или кофеинот). Но секако, полесно и попрепорачливо би ни било да пиеме кафе, наместо лек.

• Ако веќе сте љубител на кафето и редовно го пиете, ова се добри вести за вас. Пиењето кафе, веќе не се поврзува со ризикот од малигни заболувања. Сепак, тоа не значи дека треба да ја зголемите ,,дозата”. За целосна потврда на здравствените бенефити од кафето се потреби многу повеќе истражувања.

Внесот на кафето нека ви биде умерен! Иако не постојат истражувања кои потврдуваат дека ова би било опасно, ризикот од несакани ефекти е минимизиран со умерената консумација.

Немојте да пиете кафе кое е врело! Или било кои друг врел пијалак. Освен тоа што можете физички да се повредите, односно да се изгорите, некои истражувања покажуваат дека пиењето течности со температури над 65°С, го зголемува и ризикот од езофагијален канцер.

Како краток заклучок..

На крајот, не е воопшто вообичаено некоја храна да биде тргната од листата на ,,потенцијални предизивкувачи на рак”, па и дополнително на тоа, да биде прогласена за ,,здрава храна”. Но, како што ќе ви кажат милионите луѓе кои секојдневно уживаат во уникатниот вкус на кафето, кафето е уникатно и има посебна магија! Наздравје!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор