fbpx

Добри житарки = добри бактерии = здрави црева!

tonus

Сите знаеме дека полнозрнестата храна е секогаш подобар избор од рафинираната, а во една од претходните статии зборувавме и подетално околу причините зошто е тоа така.

[Поврзано: Важни причини зошто треба трајно да ја замениме рафинирата храна (БРАШНА) со ПОЛНОЗРНЕСТА храна]

Во продолжение, повеќе околу една студија според која јадењето полнозрнасти производи од ‘рж, може значително да придонесе во регулирањето и подоброто здравје на корисната цревна микрофлора.

"“Online”/

Бројни корисни ефекти

Ако сте ја прочитале нашата претходна статија, ги знаете главните придобивки од полнозрнестата храна: балансирана корисна цревна микрофлора, превенција од дијабет тип 2, срцеви заболувања, поуспешен процес на слабеење, па дури и превенција од колоректален канцер.

Иако овие заклучоци (корисните дејства) се споменуваат низ повеќето научни истражувања, сепак ретко која студија ни дава директен причинско последичен след за нив, односно кои сè биолошки механизми што се вкучени или стојат зад остварување на бенефитите.

Како и да е, во последно време се публикуваат и сè повеќе такви студии. Денес ќе зборуваме токму за едно такво истражување.

Имено, истражувачите од Универзитетот на источна Финска и Интернационалната агенција за истражување на канцерот од Лион, Франција, откриваат како јадењето полнозрнаста храна од ‘рж влијае на метаболизмот на нашата корисна микрофлора. Тие утврдуваат влијание на оваа полнозрнаста житарка врз крвните нивоа на серотонин, што понатаму има одредени позитивни здравствени импликации.

Намалени нивоа на серотонин

Анализирано било како полнозрнестиот ‘рж влијае на концентрацијата на различни метаболити во крвта, прво кај луѓето, а потоа и кај лабораториските глувчиња.

Прв дел на истражувањето

Во првиот дел од студијата, испитаниците најпрво во период од 4 недели, дневно консумирале помеѓу 6 и 10 кришки ,,обичен” бел леб, со мали концентрации на растителни влакна. Потоа, нови 4 недели наместо белиот леб, испитаниците консумирале исто количества, но полнозрнаст ‘ржан леб. Ова биле единствените промени во исхраната која студијата ги побарала од испитаниците, што значи дека ги задржале навиките за јадење кои ги имале и претходно.

По завршувањето на првите и вторите 4 недели, земани биле крвни примероци од сите испитаници, со цел утврдување на евентаулните промени условени од јадењето  полнозрнеста ‘ржана храна.

По спроведените лабораториски анализи, заклучено било дека вклучувањето на полнозрнестиот рж во исхраната во периодот на вторите 4 недели од испитувањето, значително го намалило нивото на серотонин во крвната плазма на волонтерите, во споредба со првите 4 недели кога истите јаделе бел леб.

 

Втор дел на истражувањето


Во вториот дел од студијата, истражувачите работеле со лабораториски глувчиња во целта да утврдат дали додавањето на полнозрнестиот ‘рж во исхраната може да влијае директно на нивото на серотонин продуциран во тенкото црево.

Серотонинот помеѓу луѓето е добро познат како хормон и невротрансмитер пристутен во мозкот и поврзан со регулирањето на емоциите. Сепак, корисната цревна микрофлора (збирот од пред сè корисни бактерии) исто така може независно да го продуцира овој хормон.

Серотонинот од микрофлората има свои функции, како регулирање на цревната перистатика или движењето на мускулите на гастроинтестиналниот тракт со што се овозможува слободен, нормален проток на храната.

Долгоочекувано објаснување

Во текот на вториот дел од истражувањето, научниците хранеле дел од глувчињата и со дополнителни количества трици од ‘рж и целулозно брашно, во период од 9 недели.

Заклучено било дека глувчињата кои имале исхрана богата со трици од ‘рж имале доста пониски нивоа на серотонин, отколку оние кои биле хранети со целулоза (инаку исто така моќен фиберен супстрат).

Ова всушност објаснува значителен дел од корисниот ефект на полнозрнестите житарки во однос на нивното заштитно дејство од дијабетот. Имено, високите нивоа на серотонин во крвната плазма, се поврзуваат со повишени шеќерни нивоа во крвта.

Дополнително, постојат податоци кои ги поврзуваат високите нивоа на серотонин во крвната плазма со склоноста кон гојазност, метаболен синдром и различни гастроинтестинални нарушувања, помеѓу кои дури и колоректален канцер.

Утврдено е дека консумирањето на полнозренеста храна, како лебот од ‘рж, е поврзано  со намалени крвни нивоа и на некои други метаболити што има позитивни импликации. Метаболити како:

▫ таурин – компонента присутна во повеќе ткива и биофлуиди, како жолчната киселина.
▫ глицерофосфохолин
▫ 2 типа на глицерофосфолипиди

Јадењето ваква храна овозможува циркулација на 15 различни, корисни типови фитохемикали на ‘ржот, во крвниот систем.

Извор:

Decreased plasma serotonin and other metabolite changes in healthy adults after consumption of wholegrain rye: an untargeted metabolomics study

by Marjukka Kolehmainen, Jenni Lappi, Valerie Micard, Jenna Jokkala, Natalia Rosa-Sibakov, Jussi Pihlajamäki, Pirkka V Kirjavainen, Hannu Mykkänen, Kaisa Poutanen, Marc J Gunter, Augustin Scalbert, Kati Hanhineva, June 2019, The American Journal of Clinical Nutrition

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор