fbpx

Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопаузата

tonus

Менопаузата медицински e дефинирана како отсуство на менстурален циклус во текот на една година. Toa е состојба која е предизвикана поради падот на продукцијата на естроген и прогестерон од јајниците. Кај некои жени овој период доаѓа без никакви симптомите, но кај поголемото мнозинство, 60-80% од жените чувствуваат повеќе симптоми меѓу кои најчесто:

• бранови на топлина
• сува вагина
• постојани, нагли промени во расположението
• намалено либидо
• потење во текот на ноќта
• главоболки
• сува кожа
• губење на косата
• губење на концентрацијата
• депресија
• остеопороза

Според некои студии ваквите симпомптоми, за жал, можат да траат и до една деценија, па и подолго. Така, дури и жените во своите 60ти години често можат да ги искусат непријатните симптоми.

"“Online”/

Промени во животен стил – прва линија на терапија

 

Иако постојат повеќе истражувања според чии резултати хормонската терапија може да биде безбеден и ефикасен начин за контрола на симптомите, сепак докторите го избегнуваат ваквиот пристап како примарен.

Повеќе медицински експерти кои се занимваат конкретно со оваа тематика, советуваат најпрво да се обидете да направите некои модификации или промени во животниот стил. Овие обиди треба да траат барем неколку месеци (3-4), пред да посегнете по хормонска терапија, доколку сметате дека нема никакви подобрувања.

Нехормонско третирање на ,,жешките бранови”

Во продолжение, неколку постапки кои се покажале како успешни во намалувањето на непријатното чувство од жешките бранови – најчестата причина која влијае на намалувањето на квалитетот на животот на жените во менопауза:

• Контрола на стресот т.н. когнитивно-бихевиорална терапија и во помала мера, клиничката хипноза, се покажале како доста ефективни во намалувањето на жешките бранови. Науката има сè повеќе докази дека намалувањето на стресот на најразлични начини, може да доведе до сериозно намалување на негативниот импакт на жешките бранови.

• Намалување на телесната тежина – Истражувањата покажуваа дека жените со прекумерна, или зголемена телесна тежина имаат полоши искуства со жешките бранови. Исто така, докажано е дека оние кои ја смалиле својата тежина, во голема мера си помогнале со жешките бранови, но и другите непријатни симптоми кои се јавуваат кај менопаузата. Ова значи дека промената на животните навики има силно влијание и при менопаузата.

• Соја – Интересно, но постојат повеќе докази дека продуктите од соја можат да придонесат за значајно ублажување на жешките бранови. Генерално, сојата која е побогата со компонентата даизеин, има најголем ефект. Диазеинот е компонента која може да премине во соединение наречено еквол, кое пак може да се врзе за рецепторите на естроген и да создаде ефекти за телото слични на оние на естрогенот.

Но, овде е важно да се напомене дека помал дел од жените (според достапните истражувања, најчесто во Азија и источна Европа) имаат бактерии кои можат да го создадаат екволот од диазеинот. Затоа, можеби суплементот од еквол може да биде поефикасен за вас. Постојат некои почетни докази според кои 20mg од суплементот Ѕ-equol суплементот дневно, можат да ги контролираат жешките бранови, без дополнителни несакани дејства.

Сепак, потребни се повеќе студии за да се утврди ефективноста.

• Медикаменти на нехормонска база – единствениот нехормонски лек за ,,жешки бранови”, со соодветно одобрение за употреба е Пароксетинот. Тоа е всушност антидепресив кој се употребува и за депресија. И други антидепресиви можат да помогнат, но тие не се потврдени за оваа намена.

• Внимвајте на хербалните лекови! – повеќе чести лекови ,,на природна база” и покрај огромниот број правените студии, не покажале никаков намалувачки ефекти на жешките бранови и другите симптоми на менопаузата. Такви се: гинсенгот, дивиот јам, донг кваи итн.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор