Речиси сите имаме слушнато дека калциумот е важен за здравјето за коските. Сме чуле и за витаминот Д. Но многу ретко се знае вистинското значење и важноста на магнезиумот за здравјето на коските. Џабе се и калциумот и витаминот Д без магнезиум. Негови улоги се:
- Регулирање на транспортот на калциумот,
- Формирање на нова коскена маса,
- Активирање на витаминот Д во неговата функционална форма,
- Правилна апсорпција на калциумот,
- Стимулирање на калцитонин и потиснување на паратхормонот.
Како што гледаме, навистина долга листа на функции на магнезиумот за да имаме здрави коски. Меѓутоа, магнезиумот има многу повеќе улоги во нашето тело. Прво, тој е незаменлив за работата на над 300 ензими во нашето тело. Второ, придонесува за правилна работа на мускулите и го нарекуваат релаксационен минерал. Затоа многу често се присутни грчеви кога има недостаток на магнезиум. Трето, важен е и за работата на срцето и крвните садови, па дури неговиот недостаток може да биде причина и за покачување на крвниот притисок. Кои се можните последици при недостаток на магнезиум?
- Замор
- Намалена можност за вежбање
- Слабост на мускулите
- Грчеви на мускулите
- Астма
- ПМС
- Менструални грчеви
- Главобокла и мигрена
- Фибромијалгија
- Несоница
- Синдром на немирни нозе
- Иритабилност
- Депресија
- Покачен крвен притисок
- Остеопороза
- Срцеви аритмии
Природни извори на магнезиум се: лиснат зелен зеленчук, интегрални житарки и мешунки. Неопходен е секојдневен внес на магнезиум, а и зголемени дози доколку веќе имате недостаток. За конкретната доза и потребата од суплементирање на магнезиум консултирајте се со својот лекар.