fbpx

Д-р Александар Митов

Д-р Александар Митов е магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз здравјето. Дипломира медицина на Медицинскиот факултет во Скопје како првенец на генeрацијата, со просек 9,9. Магистрира јавно здравје на кипарскиот институт на Harvard School of Public Health како валедикторијан, со највисок просек во генерацијата (3,9/4).

Потоа завршува магистерски студии за животна средина во Кембриџ, Велика Британија, како член на престижниот колеџ St. John’s и стипендист на фондацијата Пексим. Академското образование е силната страна на д-р Митов и доказ за степенот на неговата посветеност и студиозност.

Од 2012-та година до 2017-та е Советник за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија, а беше и главен стручен консултант на кампањата за здрава храна на Владата на РМ, „Здравјето е избор!“. Преку многубројните настапи на медиумите и социјалните мрежи, како и преку сопствената емисија „Д-р Митов советува”, тој се труди да придонесе кон подобрување на јавното здравје во Македонија.

Последните години интензивно работи со пациенти со цел да успеат да ги променат своите навики и преку поздрав животен стил да стекнат подобро здравје. Следејќи ја медицината основана на докази, но и природните интервенции за кои има доволно убедливи научни студии, д-р Митов има сеопфатен пристап во третманот на хроничните болести.

Д-р Митов активно соработува со повеќе чинители во општеството, почнувајќи од невладини организации, преку државни институции, научни институции, како и компании од реалниот сектор во државата. Во доменот на невладините организации, Д-р Митов со години активно соработува со невладината организација Линкакрос, македонско-американска невладина организација која придонесува во повеќе сектори во нашето општество, а особено во здрваството. Заедничките проекти се неколку на број, активни кампањи за едукација на населението во повеќе теми поврзани со јавното здравје, но и јакнење на капацитетите на јавноздравствените установи. Дополнително, д-р Митов досега има соработувано со неколку институции во државата со цел да се подобри исхраната во градинките и училиштата. посебно успешна беше соработката со градинката „Мајски цвет” во општина Карпош, Скопје, каде беа направени современи и научно базирани промени во начинот на исхрана на децата.  Во реалниот сектор, д-р Митов досега има остварено соработка со неколку компании во Македонија. Во два наврати соработуваше со Алкалоид, поврзано со неговиот телевизиски проект „Д-р Митов советува”, како и за видео серијалот „Биди здрав”.  Сите соработки се насочени во делот на подобрување на здравствената едукација на населението, промоција на здравјето и здравите навики, унапредување на свеста за здравиот начин на живот како и медицината базирана на докази.

 

slika-dr-mitov

Д-р Митов работи индивидуално со пациенти, како и општествено – со цело население. 

Поединечната работа, еден на еден, Д-р Митов ја остварува преку консултации со пациентите. Целта е да ги води низ промена на животниот стил што има директен бенефит за конкретната здравствена состојба во која се наоѓаат. 

Општествената работа
 на д-р Митов  е позната на сите: настапи на сите медиуми, јавни предавања, пишува текстови на социјалните мрежи и се труди да влијае на создавање здрави навики кај што поголем број граѓани. Да ги лекуваме причините, не последиците!

Лајфстајл медицина, или медицина на животен стил (lifestyle medicine) е всушност основата на работата на д-р Митов.

Тоа опфаќа промени во начинот на исхрана, степенот на физичка активност, природни додатоци во исхраната, менаџирање на стресот и доволно спиење.

Целта на лајфстајл медицината не е само краткорочен режим или диета, туку трајно менување на животните навики кон подобро!

Не.
Д-р Митов е доктор по медицина (завршен Медицински факултет Скопје со просек 9.9), магистер по јавно здравје и влијанија на животната средина врз човековото здравје (University of Cambridge и CII/Harvard School of Public Health), притоа под животна средина подразбирајќи сите можни влијанија врз здравјето : храна, вода, воздух, физичка активност и хемикалии.

Болестите можеме да ги организираме во три групи:
прва, таму каде лајфстајл медицината со сигурност има ефект,
втора група – каде ефектот е индивидуален и зависи од пациент до пациент,
и трета група на болести каде лајфстајл медицината не може да помогне.

Во првата група спаѓаат:

  • Дијабет;
  • Предијабет, хиперинсулинемија, инсулинска резистентност;
  • Кардиоваскуларни болести;
  • Атеросклероза;
  • Висок крвен притисок,
  • Зголемена телесна тежина;
  • Нарушени масти во крвта;
  • Замастен црн дроб;
  • Синдром на полицистични јајници;

    X
    Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор