fbpx

Медитеранска Исхрана

Медитеранска исхрана

Постојат многу видови диети, но Медитеранскиот начин на исхрана доминира над нив со својата научна потврденост, како и со вековната традиција.

Научните студии се многу на број и ја поврзуваат Медитеранската исхрана со придобивки и превенција против срцевите болести, дијабетот и малигните болести.

Традицијата, пак, ја поткрепуваат епидемиолошките податоци за здравјето на населението околу Медитеранот. Впрочем, веќе се проектира дека Шпанците наскоро ќе бидат нација со најдолг животен век во светот! Toa пред се’ се должи токму на Медитеранската исхрана.

Каква е Медитеранската исхрана?

За прв пат во педесетите години на минатиот век Медитеранската исхрана е дефинирана врз основа на навиките на населението во Крит во тој период.

Принципите на овој начин на исхрана вклучуваат:

  • Претежно овошје, зеленчук, житарки, ореви, семе, маслиново масло и мешунки.
  • Животински протеини претежно во форма на риба и морска храна, минимизирајќи млечни производи, јајца, месо, риба и преработена храна. Риба околу двапати неделно.
  • Билки и зачини наместо сол..
  • Секојдневна физичка активност.
  • Оброците како семеен настан или настан за дружење со пријателите.
  • Цели житарки, а не обработени.
  • Бадемите или оревите како закуска.
  • Избегнување заситени масти како путер и животински масти, а употреба на маслиново масло.

 

Здравствени придобивки

Медитеранската исхрана има неколку здравствени придобивки, вклучувајќи:

  • Подолг животен век.
  • Поздраво срце.
  • Контрола на тежината.
  • Високо ниво на антиоксиданти, кои помагаат против стареењето.
  • Антиинфламаторни својства, кои помагаат против автоимуните болести.
  • Заштитува од дијабетес тип 2.
  • Богата со растителни влакна за здраво дебело црево.

Зошто дава резултати?

Да ги разложиме причините за да видиме зошто Медитеранската диета е толку ефикасна:

1 – Богата е со растителна храна. Медитеранската диета ја сочинуваат претежно зеленчук, овошје, жита, ореви и семиња. Овие храна содржи ензими кои помогнатат во варењето на храната и корисни хранливи материи кои придонесуваат за севкупниот животен стил на вашето тело.

2 – Содржи претежно незаситени масти. Заситените масти од животински извори го затнуваат вашиот кардиоваскуларен систем, што доведува до срцеви заболувања и високо ниво на ЛДЛ (лош) холестерол. Незаситените масти, од друга страна, придонесуваат за подобро здравје, промовирање на губење на тежината, намалување на холестеролот и намалување на ризикот од карцином на дојка.

3 – Ги минимизира животинските протеини и млечните производи. Животинските протеини и млечните производи се еден од најголемите извори на токсини што човекот ги вмесува во себе, вклучувајќи антибиотици, хормони и пестициди.

4 – Исхраната ги потенцира локалните, сезонски производи.

5 – Исхраната е богата со антиоксиданти. Црвеното вино, на пример,  содржи ресвератрол, кој го штити клеточното и срцето здравје.

6 – Минимално се обработува. Дел од причината поради која денешната западна исхрана е толку нездрава се должи на високо преработената храна која најчесто се консумира. Преработените намирници содржат токсични хемикалии, пестициди, вештачки вкусови, бои за храна, шеќер и невротоксини .Јадењето минимално обработена исхрана како Медитеранската исхрана ве штити од многу болести поврзани со преработена храна.

8 – Има малку шеќер. Конзумирањето шеќер предизвикува скокови во гликозата во крвта, што резултира во ослободување на инсулин. Преголемата застапеност на шеќер во западната диета предизвикува прекумерна употреба на панкреасот, што може да резултира во хиперпродукција на инсулин. Исто така, може да престане да го произведува целосно бидејќи се исцрпува механизмот на производство.

9 – Медитеранската исхрана е богата со растителни влакна. Влакната помага во промовирање на здравјето на дебелото црево, одржувајќи го дебелото црево без токсини. Внесувањето на влакна е поврзано со намален ризик од одредени видови на карцином, срцеви заболувања и мозочен удар.

И конечно, Медитеранската исхрана е блиска до нашето поднебје. Кога ќе започне човек доследно да ја применува, нема чувство дека следи некој чуден начин на исхрана. Напротив, тоа е храна која носи во себе долга традиција, не е измислена од никого, не е последица на некој тренд во светот, туку веќе неколку децении полека, но сигурно го докажува своето значајно место во човековото здравје.

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор