Соња Спасеска
Најпрво почнав да го следам Д-р Митов на Фејсбук и доста често ги читав неговите статии за здрава храна, здрави активности и совети. Со самото читање почнав постепено и да правам здрави оброци и да размислувам за темите кои докторот ни ги посочуваше.
Решен проблем со опстипација и спор метаболизам
Позитивно искуство со програмата “Пролетно Будење”
Истиот период се зачленив и почнав да ја следам програмата “Пролетно будење”. Да напоменам дека пред да ја почнам програмата имав вишок килограми, проблеми од типот подуеност на стомакот, опстипација, утрински болки по целото тело, недостаток на енергија, нервоза и проблем со нередовен менструален циклус или обилно крварење двапати во месецот. Редовно правам крвна слика еднаш, до двапати годишно и редовни гинеколошки прегледи кои секогаш беа во ред.
Програмата со задоволство ја следев, храната ми се допадна. И ден денес правам доста рецепти од таа програма. Физичката активност задолжително ја практикувам. Ако не сум во можност да извежбам, планирам да испешачам добар пат за да го задоволам тој дел. Посебно ми се допаѓаа вклучувањата во живо на Д-р Митов со неговите совети и мотивациони предавања за кои сум му благодарна и често ги преслушувам и се присетувам.
Успешен процес на слабеење
Во текот на програмата, мотивацијата се’ повеќе растеше, килограмите почнаа да се намалуваат. Намалив 7 килограми до крајот на програмата кои до ден денес ги одржувам на истото ниво, без проблем.
Контролирање на стресот и решавање на проблемот со циклусот
Метаболизмот ми е подобрен, подуеноста во стомакот исчезна, нервозата успеав да ја балансирам, имам неверојатна енергија и мојот најголем проблем – крварењето на циклусот ми се среди еднаш месечно, што претходно ми беше огромен проблем.
Ова е моето искуство кое ми го промени начинот на живот на подобро.
Огромна благодарност за Д-р Митов. Благодарам што постоите и што Ве пронајдов!
Со Почит,