fbpx

Fybro-Gel

279.00 ден

Цена на достава за купен 1 Фибро-Гел – 150 ден
За купени 2 Фибро-Гел – Доставата е бесплатна

Категорија:

Опис

ФИБРОГЕЛ е природен производ, лушпи од семето на растението Plantago ovata.

Во светот има повеќе имиња, помеѓу кои се и: испагула, псилиум, исабгол и други. Во основа, ФИБРОГЕЛ се состои од природни растителни влакна.

Затоа велиме дека е ПРЕБИОТИК  и претставува супстанција потребна за природен раст на бактериите (ПРОБИОТИЦИТЕ) во нашите црева.

ФИБРОГЕЛ е природен лаксатив, односно придонесува за здраво и редовно празнење на цревата. Неговиот механизам да дејствување е преку создавање ВОЛУМЕН на изметот.

Значи, забрзувањето на перисталтиката не е врз основа на дразнење на цревата, туку врз основа на зголемениот волумен и мекост на изметот. Затоа и не создава зависност, како други лаксативи, туку едноставно ги раздвижува цревата.

ФИБРОГЕЛ придонесува за формирање на мека столица и помага во сите состојби каде таа е потребна. Покрај ефектите на перисталтиката, ФИБРОГЕЛ придонесува за подобра контрола на холестеролот.

Имено, кога растителните влакна се движат во цревата, тие имаат капацитет да го врзат холестеролот и да го изнесат од организмот.

Растителните влакна се најчестиот недостаток/дефициенција во развиениот свет. Нивниот недостаток е поврзан со низа болести.

КАКО СЕ ЗЕМА? За забрзување на перисталтиката се препорачува по една лажичка во голема чаша вода после оброк, до три пати на ден. Кога ќе се воспостави добро и редовно празнење на цревата – доза на одржување е една лажичка дневно.

Се препорачува да не се остава подолго во чашата вода бидејќи ќе добие гел структура и може да бида малку непријатно за консумирање. Значи, лажичката Фиброгел се додава во голема чаша вода, се размешува и набргу се пие. Ефектот е видлив во рок од 24 – 42 часа од земањето на првата доза.

 

________ ФИБРОГЕЛ го има во сите аптеки на ЕУРОФАРМ.

X