fbpx

Хипертензија

Убиец број 1 на денешницата е покачениот крвен притисок. Промените на животниот стил се на првата линија на одбрана!

Една од програмите кои се нудат во Центарот на лајфстајл медицина на Д-р Митов е Програмата кај покачен крвен притисок.

Покачениот крвен притисок е значително поврзан со животниот стил.

Исхраната, степенот на физичка активност, пушењето и останатите навики – сите влијаат мошне силно врз крвниот притисок кај човекот. Оттука, тие можат да бидат причина за влошување или за подобрување на крвниот притисок.


ПРВО, ДАЛИ ПОКАЧЕНИОТ КРВЕН ПРИТИСОК Е СЕРИОЗНА РАБОТА?


Наместо одговор, само ќе кажеме дека го нарекуваат „
тивок убиец”. Не дава симптоми, ретко создава дури и главоболка, а сепак убива. Сами проценете дали е сериозна работа.


ВТОРО,  ДАЛИ СЕ ТРЕТИРА САМО СО ЛЕКОВИ?


Не. Не постојат во светот препораки за лекување на покачен крвен притисок кои  се базираат САМО на терапија со лекови. Напротив!
Сите современи препораки за лекување на хипертензијата обврзно вклучуваат дел за промени во животниот стил кај пациентот. Значи, изборот е на пациентот дали покрај терапијата ќе се одлучи и на промени на животниот стил. Тоа секако е препорачано.


ТРЕТО, КОЛКУ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ПРОМЕНАТА ВО ЖИВОТНИОТ СТИЛ?


Кај најголем дел од пациентите на Програмата, за кратко време се јавува потреба од корекција (намалување) на терапијата со лековите. Кај еден дел од пациентите доаѓа до драстично подобрување и целосно исклучување на потребата од лекови. Се разбира, зависи од главната причина поради која дошло до хипертензија. Проценките за фармаколошката терапија ги носи лекарот кој првично ја ординирал терапијата, следејќи ги резултатите од промените во начинот на живот кај пациентите.

Основата на нашиот пристап кон покачениот крвен притисок е јасна: да се лекуваат причините, а не последиците од него.

X