fbpx

Покачени масти

Покачениот холестерол е темпирана бомба: исклучете ја пред да Ви направи непоправлива штета.

ПРОБЛЕМ:

Покачените масти во крвта носат значителни ризици по здравјето. Покачениот холестерол и триглицериди придонесуваат за стврднување на артериите и со тоа водат кон срцев и мозочен удар. Многу покачените триглицериди можат да предизвикаат панкреатитис.

Покачените масти ретко доаѓаат самостојно како проблем. Почесто тие се дел од позначајно нарушување именувано метаболен синдром.

Оттука, покачените масти може да бидат знак и на тип 2 дијабетес, хипотироидизам, ретки генетски состојби и др.

Постои една замка со покачените масти која многумина не ја одминуваат, а тоа е: иако крвната анализа покажува покачени масти – вие се чувствувате одлично и без симптоми. И многумина токму заради тоа го игнорираат  проблемот со покачени масти и мислат дека штом не ги чувствуваат ефектите на покачените масти – истите реално и ги нема. За жал, кога ќе се почувствуваат последиците, штетата може да е голема…

РЕШЕНИЕ:

Откако ќе се дијагностицира проблемот на покачени масти во крвта, за многумина, првото препорачано решение  не е фармаколошка терапија (апчиња). Многу може да се постигне со промени во начинот на живот на пациентот. Со едноставни промени во исхраната, степенот на физичка активност и природни суплементи – може да се намалат и целосно регулираат покачените масти во крвта.

Програмата за животен стил при покачени масти на Д-р Митов ја има токму таа цел: во период од неколку недели, по пат на природни интервенции и во согласност со медицината основана на докази , да дојде до регулирање на нивото на мастите во крвта.

X