fbpx

Мислите некоја диета е НОВА? Прoчитајте какви се’ постоеле.

tonus

„Од сите паразити кои го нападнале човештвото, јас не познавам поопасен за човековата психа од гојазноста.”

На овој начин Вилијам Бентинг, бизнисмен од Америка го започнува своето „ Писмо за дебелината” , веројатно првата книга со режим на исхрана (диета), објавена во 1864 година. Во неа тој го опишува своето успешно искуство со губењето на килограми (намален внес на леб, шеќер и компири и зголемен внес на протеинска месна храна и свежа храна) и нуди план за исхрана кој ,,може да Ви помогне и вам”.

Од тогаш, па до ден денес, трендот на регулирање на тежината преку диети не е запрен. Низ годините само се менува неговиот облик и интензитет. Во продолжение ќе видите до кои граници се спремни да одат луѓето за да ја достигнат својата идеална тежина. Идеална тежина според самите нив.

"“Online”/

Диети базирани на течности

Во 60тите години на минатиот век се појавуваат алкохолно базирани диети, како на пример ,,Диетата на Пијаниот човек” која подразбирала внес само на ,,машки намирници” како стек, риба, со колку што е можно поголемо количество на алкохол.

Мотивирани од Лорд Бајрон кој тврдел дека неговата витка става се должи на консумацијата на оцет, вода и мед, во 50-тите години се појавува тренд на диета која вклучува пиење на мешавина од оцет, вода и мед. Последната верзија на оваа диета, иако без никаква научна потпора, тврди дека 3 лажички јаболков оцет пред секое јадење помага за контрола на апетитот и ,,горење” на мастите.

Прочистувања

Исто така диети базирани на течности кои се т.н. прочистувачи или детоксификатори. Овие течности треба да помогнат за телото да се ослободи од токсините, иако нашето тело поседува механизми и самото да го направи тоа. Во 40-тите години на минатиот век ентузијастот за алтернативна медицина Стенли Бароус ја креира -,,Лимонада диетата” со која тврди дека се намалува желбата за брза храна, алкохол, цигари и опијати. Се што треба да направите е да консумирате микс од лимон, јаворов сируп и кајене бибер шест пати во денот, најмалку десет денови. Популарната Бијонсе ја враќа во мода оваа диета во 2000-тите, тврдејќи дека само со нејзина помош ослабнала 11 килограми за само 2 недели.
Исто така верзии на оваа диета прави и популарниот доктор Оз, како и други.

,,Селебрити диети”

Познатите личности имаат големо влијание на повеќе аспекти од животот  на нивните следачи, а особено на нивниот имиџ. Имиџот неминовно е поврзан и со изгледот, односно обликот на телото, па со тоа и на прифатливата телесната тежина. Затоа често фановите се интересираат за диетите, а неретко и идолите  ги споделуваат со нив. Овие диети се карактеристични за поблиското минато и всушност повеќето диети кои постојат денес можеме да ги класифицираме во оваа категорија.

Спиењето е можност да се избегне јадењето. Има гласини дека Елвис Присли ја користел диетата ,,Заспана убавица” за да ја одржува физичката кондиција. Оваа диета подразбира употреба на медикаменти за спиење со што се продолжува спиењето и на тој начин се избегнуваат редовните оброци. Од каде да почнеме со објаснување на нејзината погрешност?

,,Беверли Хилс диетата” која станува популарна во 80-тите и е достигнува вртоглава популарност подразбира јадење на еднородна храна во текот на 10 дена. Еднородна во смисла првите десет дена само овошје, потоа само протеини, па само масти.

Диета со колачиња
Доктор од Флорида препорачувал консумирање на блендирани колачиња со посебен рецепт кој подразбира амино киселини и протеини, а го знае само тој, со цел да се контролира апетитот и останувањето на висок калориски дефицит. За кратко време диетата направила бум во Холивуд.

Диетата на Елизабет Тејлор која е објавена во нејзината книга која има голема популарност предвидува јадење на зеленчуци и намази секој ден точно во 3 часот попладне за да се останете витки.

Течната диета на Опра Винфри е хит кон крајот на осумдесетите и промовира течности и протеинска храна.

Во деведесетите години гојазниот бизнисмен Хорас Флечер ослабнува значително и го доведува употребувањето на диетите до феномен на поп култура со својата
,, Диета со џвакање”. Тој предлага џвакање на храната се додека не се втечни за да се избегне прејадување.

ВЕРОЈАТНО НАЈПОГРЕШНАТА: ДИЕТА ПО КРВНИ ГРУПИ

Кон крајот на деведесетите се појаува Диетата според крвната група. Според лекарот Питер Дадамо крвната група одредува што треба еден човек да јаде. Зад ваквите тврдење нема никаква наука.

Макробиотска диета – Оваа диета добива на популарност кога Мадона и некои други ѕвезди почнуваат да ја следат. Таа подразбира отфрлање на процесираните шеќери, млеко месо и јајца и фокусирање на зеленчуци, легуминози (леќа, грав, грашок, боранија) и соја.

,,Саут бич диетата” има голема популарноаст во почетокот на 2000-тите години кога нејзин следач е и претстедателот на САД, Бил Клинтон, по проблемите кои ги имал со срцето. Диетата се базира на книгата од Артур Агатсон и се фокусира на исхрана со храна со низок гликемиски индекс, незаситени масти  и храна богата со протеини.

ПРОТЕИНСКИТЕ ДИЕТИ – ОПАСЕН ТРЕНД

Аткиносонова диета – Во 2000-тите години во голем замав се диетите кои препорачуваат консумирање на храна со ниска содржина на шеќери. Тоа резултира со евидентно помала потрошувачка на храната богата со јаглехидрати како ориз и тестенини. Во последно време Ким Кардашијан и ја врати популарноста на оваа диета.

Диетите кои подразбираат целосна замена на оброците со шејкови стануваат особено популарни во последно време.

Безглутенска диета – Продажбата на ,,глутен-фри” продуктите во периодот од 2012 до 2014 година порасна за вртоглави 63 проценти, иако само 1 процент од Американците страдаат од целијачна болест. Причината за ова може да се бара кај ѕвездите кои ја следат ваквата исхрана како што се Лејди Гага, Мајли Сајрус и многу други.

Алкална диета – Иако диетата потекнува од пред 1 век ѕвездите како Викторија Бекам и Гвинет Палтроу неодамна ја враќаат во мода. Концептот на оваа диета подразбира јадење на храна која создава алкална средина во организмот и ,,има позитивен ефект” кај превенција и лечење на болести како артритис, камења во бубрези, срцеви заболувања, па дури и рак. Вистината е пак дека не можеме да ја промениме pH вредноста во организмот со внесувањето на одредена храна.
Овој режим на исхрана предвидува исклучување на кафето, шеќерот, млечните производи, животинските продукти воопшто.

Палео диета – Познатите актерки Џесика Бил и Ума Турман тврдат дека телото е во најдобра кондиција ако за исхрана го земеме примерот на исхрана на пештерскиот човек, односно јадење само на храна која му била достапна во тој период. Сепак, некои научни студии се сомневаат на постоење на канибализам (јадење на човечко месо) во тој период. Дали тоа значи дека треба да јадеме и човечко месо?

МОЈ СОВЕТ:

Наместо следењето на вакви диети треба да запаметиме дека не постои ,,брз” начин и ,,тајна” за губење на тежината. Постигнувањето и одржувањето на постојана оптимална телесна тежина подразбира соодветно редуцирање, односно намалување на калорискиот внес и зголемување на физичката активност, па потоа може да се потпреме и на магичните својства на грејпфрутот, црвената зелка, па и чајот од маточина.

Медитеранскиот начин на исхрана е досега најдокажаниот и најздравиот начин на исхрана!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор