fbpx

Што се тоа ПРАЗНИ КАЛОРИИ и зошто се опасни?

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

 

Поимот празни калории се однесува на храна која ни ја обезбедува нејзината калориска вредност без притоа да ни обезбеди било какви есенцијални нутриенти или хранливи материи. Најчесто такви производи се шеќерните пијалаци, брзата и многу масна храна, различните грицки и различна друга препроцесирана храна.

Голем дел од десертите

Всушност, празни калории се оние калории кои доаѓаат од додадените шеќери и цврсти маснотии, но и од процесирани масла, поконкретно:

десерти базирани на јаглехидрати: разни тортички, колачи, бисквити, крофни, мафини, па и барови
шеќерни пијалаци: газирани, енергетски и овошки
• разни чоколадни барови
• некои месни процесирани производи, вклучително сланина, колбаси, виршли итн.
• некои продукти полни со заситени маснотии: путер, сладоледи итн
• процесирани растителни масла
• кечап и разни други слични сосови
• се што се подразбира под браз храна(хамбургери, пици, хотдог итн.)
• алкохол

"“Online”/

Колку празни калории внесуваме на ден?

Исхраната богата со храна со празни калории, може да предизвика не само гојазност, туку и некои здравствени проблеми поврзани со дефицит од некои нутриенти.

Способноста да ја разликуваме, односно да ја препознаваме ваквата храна, може значиелно да ни помогне во воспоставувањето и одржувањето на здравиот начин на исхрана.

Едно истражување од 2012 година, дава податоци дека машките возрасни лица, во просек внесуваат околу 900 калории кои се празни калории, додека женските, во просек внесуваат околу 600 празни калории, на дневна основа.

Fibro Gel

Додадените маснотии и шеќери прават оваа храна со празни калории да биде со особено интензивен вкус, па така многумина не можат да и одолеат.

Во 1g шеќери има 4kcal, во 1g маснотии 9kcal, додека во истата количина на чист алкохол, 7kcal.

Водат кон недостатоци

Редовното консумирањето на ваква храна на дневна основа, може да води кон зголемување на телесната тежина, но и до недостаток од некои важни есенцијални хранливи материи. На пример, индивидуите кај кои голем дел од калориите на дневна основа, отпаѓа на празните калории, можат да имаат недостоци од:

• витамини
• минерали
• протеини
• есенцијални масни киселин
• растителни влакна

Празните калории кај децата

Една студија од САД покажува дека дури 40% од внесените калории кај децата од 2 -18 години се празни калории. Состојбата и кај нас не е многу далеку од ова. Затоа, овој загрижувачки тренд треба да го вклучи алармот. Половина пак, од тие празни калории, децата ги внесуваат само од 6 типа на храна:

• газирани сокови
• овошки, густи или бистри сокови со додаден шеќер
• млечни производи и сладолед
• пица
• полномасно млеко
• различни грицки и колачиња

За таа цел, веќе и кај нас по градинките се воведуваат некои планови на исхрана кои се базираат на здрава храна, но потребно е многу повеќе работа од страна на институциите, но и од самите родители.

Како да направиме поздрав избор на храна?

Здрави навики. Велиме навики, што значи дека е потребно да најдеме начин да ги стекнеме. И нездравиот начин на исхрана е навика. Навиката е важна заради тоа што таа подразбираа нешто долгорочно, а не нешто што има рок на траење(сите диети). Што подразбираме под здрави навики за исхрана?

Едноставно, накратко кажано тоа е, пред сè, полнозрнаста храна, свежа храна, односно зеленчук и овошје, јатки, протеинска храна и многу важно: исклучување или избегнување на процесирана храна или споменатата, храна со празни калории.

Недоразбирањето околу овошните сокови

Една студија исто така од САД, вели дека т.н. грицки или храна за ужина или освежување (различни типови на сокови, чипсови, благи работи итн) влегуваат со над 30% од вкупно внесените калории на дневно ниво. Значи, во ваквата храна спаѓаат и соковите.

Многумина ќе се запрашаат: Но, чекајте, нели се работи за производи добиени од овошки или зеленчукот, свежа храна која се смета за здрава.

Вистина е дека овошни сокови содржат одредено количество на витамини и минерали, но исто така и на огромно количество додадени шеќери. Луѓето многу често не се ни свесни колку празни калории или шеќери внесуваат само со неколку чаши сок.

Како пример, 0,35l сок од портокал содржи дури 7,5 кафени лажички шеќер, односно 160 калории! Јадењето на свежи овошки не само што не е толку концентриран извор на енергија, туку обезбедува и низа на микронутриенти и растителни влакна. Дополнително, многу побрзо промовира ситост. Исто така, нашата перцепција за овошјето е дека тоа претставува храна, а за сокот дека е само некаков вид на освежителен додаток, не храна.

Затоа, корисно би било на пример да ги замениме овие овошни сокови со вода, минерална вода или вода со лимон.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X