fbpx

5 причини за редовна употреба на наутот!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Наутот, уште познат и како леблебија или слануток, е полјоделска, но и градинарска култура која често се одгледува и во нашата земја. Растението од кое потекнува оваа мешунка е Cicer arietinum и се смета за една од најрано култивираните култури. На Блискиот Исток, нејзини остатоци се пронајдени уште од пред неколку милениуми. Наутот спаѓа во семејството мешунки, заедно со гравот, грашокот, леќата, боранијата итн.

"“Online”/

Во последно време, со сè поголемата заинтересираност за здравата храна, оваа мешунка повторно се враќа на голема врата. Причината е пред сè нејзиниот импресивен нутритивен состав: протеини, витамини, минерали, растителни влакна и многу други хранливи материи од кои телото, на најразлични начини има корист. Исто така, една од предностите е ниската цена на леблебијата.

Лесно може да се вклучи во исхраната, како здрави грицки, во различни чорби, салати, но во последно време, најпопуларно е подготвувањето на хумус, традиционално јадење од Блискиот Исток, со навистина специфичен вкус. Во некој од следните текстови, очекувајте добри рецепти токму за хумусот!

Во продолжение 5 научно поткрепени причини, зошто почесто треба да го имате оброци кои вклучуваат наут, на вашите трпези:

1) Богат извор на различни хранливи материи



Наутот има импресивен нутритивен состав.

Има умерена содржина на калории, обезбедувајќи 46kcal на 28g. 67% од калориите доаѓаат од јаглехидратите, а останатите од протеините. Содржината на маснотиите е сосем ниска.

Fibro Gel

Наутот исто така, нè обезбедува со витамини и минерали, но и значителна количина на растителни влакна и протеини.
Во само 28g подготвен наут се содржи:

• 8g јаглехидрати
• 2g растителни влакна
3g протеини
• 12% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Б9

• 4% од ДПВ за железо
• 5% од ДПВ за фосфор
• 5% од ДПВ за бакар
• 14% од ДПВ за манган

2) Богат растителен извор на протеини

Ова својство го прави наутот особено погоден за луѓето кои избегнуваат или воопшто не јадат животински продукти, а и во време на постите.

Содржината на протеините е слична како кај другите мешунки. Но, некои студии велат дека протеините во наутот се со поголем квалитет од оној кај другите мешунки. Тоа значи дека аминокиселинскиот профил на наутот е на завидно ниво. Имено, речиси сите есенцијални аминокиселини се застапени во оваа храна, со исклучок на метионинот.

Протеините од наутот може да помогнат во контролата на апетитот, а со тоа и во намалувањето на телесната тежина. Исто така, некои студии укажуваат и на нивно дејство на здравјето на коските и мускулите.

3) Наутот е добар за дигестијата и одличен избор доколку сакате да ослабете, а да сте сити!



Како што веќе споменавме, протеините присутни во наутот можат да помогнат во процесот на слабеење, преку намалување на апетитот. Но, можеби позначајна улога при слабеењто, играат растителните влакна и ниската калориска вредност на наутот.

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и движењето на тенкото црево, како и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.

Дополнително, се повеќе студии даваат податоци за улогата на растителните влакна врз оптимизирањето на цревната микрофлора, а преку неа и на целокупното здравје на организмот. На тој начин влијаат на намалувањето на ризикот од развивање на кардиоваскуларни, малигни заболувања (особено цревни), дебелина и дијабет тип 2.

Истражувањата покажуваат дека оние кои имаат исхрана богата со растителни влакна имаат значително, во просек, помала телесна тежина, отколку оние кои се на исхрана со слаб внес на растителни влакна.

Дополнително, растителните влакна и протеините ја успоруваат дигестијата, што исто така промовира чувство на ситост.

Во едно истражување, испитаниците јаделе 100g наут дневно во период од 12 недели. Според резултатите, поголемиот дел од нив чувствувале продолжено чувство на ситост и помала потреба за брза храна, во споредба со периодот во кој не консумирале наут.

4) Помага при регулулирањето на шеќерот во крвта


Ова својство на наутот се должи, пред сè, на растителните влакна. Тој има низок гликемиски индекс, односно по консумирањето не прави силни пикови на глукоза во крвта, а следствено, не прави ниту стрмни падови, што би промовирало и глад. Ова значи дека е погоден за луѓето со дијагностициран дијабет.

Освен растителните влакна, студиите покажуваат дека во ова корисно дејство своја улога имаат и протеините.

На тематика се правени повеќе студии, според кои препорачливо е што почесто да се консумираат оброци во кои е присутен наутот.

5) Наутот може да има превентивно дејство од некои хронични заболувања

Наутот поседува неколку карактеристики, кои можат да помогнат во намалувањето на ризикот од неколку хронични заболувања:

Кардиоваскуларни заболувања – наутот е добар извор на магнезиум и калиум, многу значајни минерали за здравјето на срцето, кои играат улога во регулирањето на крвниот притисок. Високиот крвен притисок е еден од главните ризик фактори за повеќето кардиоваскуларни заболувања. Дополнително, како што веќе споменавме, растителните влакна можат да помогнат во намалувањето на нивото на вкупниот холестерол во крвта, што е исто така помеѓу главните ризик фактори за срцеви заболувања.

• Малигни заболувања – редовното консумирање на наутот го промовира продуцирањето на бутиратот, масна киселина која повеќе студии ја поврзуваат со потенцијал да го намали хроничното воспаление на дебелото црево, што е пак, помеѓу главните причини за рак на дебело црево. Понатаму, наутот е добар извор на сапонините, растителни компоненти кои во некои студии покажуваат антиканцерогено дејство(го спречуваат растот на некои малигни ткива). Исто така, некои од повеќето минерали и витамини кои ги содржи наутот, покажуваат одредени превентивни својства во однос на канцерот.

• Дијабетес – како што веќе наведовме, наутот е погодна храна за дијабетичари. Тоа е случај, бидејќи има низок гликемиски индекс, односно има добро количество на растителни влакна и протеини. Дополнително на ова, микронутритивната содржина на наутот, одосно неговите витамини и  минерали, исто така во некои студии покажуваат превентивно дејство во однос на дијабетот тип 2 (магнезиум, Б витамини, цинк итн).

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X