fbpx

Богат со растителни протеини, одличен за слабеење – ГРАШОК

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Грашокот е семе од едногодишното растение Pisum sativum и спаѓа во семејството на мешункасти плодови, заедно со гравот, леќата, боранијата итн. Присутен е во исхраната на човекот со векови, низ целиот свет. Кај нас исто така се одгледува и често се користи во различни рецепти. Многу често е обработуван од конзервната индустрија во вид на смрзнат грашок или пак во конзерва. Во минатото неговата хранлива вредност била потценувана, но денес се повеќе истражувања го укажуваат спротивното.

Типично, како и сите мешунки, грашокот содржи одличен процент на протеини, растителни влакна, но и антиоксиданти. Со текот на неговото зреење, содржината на јаглехидрати се намалува, а на протеини оди нагоре и до 23%.

Во продолжение, корисните дејства на грашокот и како да се намалат некои потенцијални негови несакани ефекти при исхраната.

"“Online”/

Грашокот – густо-нутритивна храна, богата со антиоксиданти

Грашокот има импресивен хранлив профил. Терминот густо-нутритивна храна реферира на фактот што грашокот има одличен процент на микронутриенти и плус протеини, а покрај тоа има ниска енергетска вредност. Вреди да се спомене и солидниот процент на растителни влакна.

Во 170g добро сварен грашок се содржат:

Fibro Gel

• само 62kcal
• 11g јаглехидрати
4g протеини и 4g растителни влакна
34% од Дневниот Препорачан Внес за витамин А
• 24
% oд ДПВ за витамин К
• 13% од ДПВ за витамин С
• 15% од ДПВ за витамин В1
• 12% од ДПВ за витамин В9
• 11% од ДПВ за манган
• 7% од ДПВ за железо
• 6% од ДПВ за фосфор

Она што го прави грашокот уникатен помеѓу повеќето растителни прехранбени продукти е неговата висока содржина на протеини. Значајна да се напомене е и содржината на полифенол антиоксиданти, кои се одговорни за повеќето корисни дејства на грашокот.

Високата содржина на витаминот А пак, го прави грашокот особено добар за здравјето на очите.

Грашокот е одлична храна за слабеење!



Имајќи го предвид високиот процент на протеини, солидниот процент на растителни влакна, како и промовирањето на чувството на ситост, грашокот е дефинитивно одлична храна за слабеење.

Поттикнувањето на чувството на ситост главно доаѓа токму од високата содржина на протеини и растителни влакна. Повеќето релевантни научни студии, велат дека јадењето на протеинска храна го зголемува нивото на одредени хормони во телото кои се одговорни за намалувањето на апетитот.
Исто така, заедно со растителните влакна, протеините допринесуваат за поспора дигестија. Значи, јадењето на оптимални количества на протеин и растителни влакна, автоматски го намалува бројот на внесени калории во текот на денот, промовирајќи го чувството на ситост.

Грашокот ги содржи сите есенцијални аминокиселини, освен метионинот кој е во помали количини. Ова го прави одличен за оние кои не консумираат животински продукти. Тој често се употребува и за правење на протеински изолати, што е значајно за оние што сакаат да ја зголемат својата мускулна маса.

Грашокот може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта



Грашокот има неколку својства кои можат да го помогнат регулирањето на нивото на шеќерот во крвта.

Пред сè, ова се должи на неговиот низок гликемиски индекс, односно мерка за тоа колку брзо се зголемува нивото на глукоза во крвта, по оброците. Дополнително, високата содржина на протеини и растителни влакна, исто така е значајна во контролата на шеќерот во крвта. Ова е случај поради тоа што тие ја успоруваат дигестијата, а со тоа и апсропцијата на јаглехидратите од храната.


Растителните влакна на грашокот можат да ја подобрат дигестијата



Грашокот содржи сосем солиден процент на растителни влакна, што го прави здрав за дигестивниот тракт и општо за дигестивното здравје.

Значењето на растителните влакна за здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целокупно здравје на човекот е големо. Помеѓу најбитните позитивни влијанија на растителните влакна се: одржувањето на здравјето и перлистатиката на тенкото и дебелото црево, хранењето на корисната микрофлора, обезбедувањето на постепено испуштање на глукозата во крвта и намалувањето на ,,лошиот” холестерол во крвта.
Исто така, преку врзувањето на водата, растителните влакна обезбедуваат продолжено чувство на ситост.

Дополнително, се повеќе студии даваат податоци за улогата на растителните влакна врз оптимизирањето на цревната микрофлора, а преку неа и на целокупното здравје на организмот. На тој начин влијаат на намалувањето на ризикот од развивање на кардиоваскуларни, малигни заболувања, дебелина и дијабет тип 2.

Грашокот може да помогне во превенцијата од кардиоваскуларни заболувања и канцер


Кардиоваскуларни заболувања
Ваквото својство на грашокот се должи пред сè на неговиот состав. Минералите, антиоксидантите и растителните влакна.

Повеќе релевантни научни студии укажуваат дека минералите кои се присутни во грашокот (магнезиум, калиум и калциум) можат да превенираат од висок крвен притисок, што е главен ризик фактор за кардиоваскуларните заболувања.

Високата содржина на растителни влакна, како и антиоксидантите: флавоноиди, каротеноиди и витамин С, исто така му овозможува на грашокот превенирачко својство во однос на овие заболувања. Растителните влакна го намалуваат нивото на LDL холестеролот, а антиоксидантите го спречуваат неговото наталожување во крвните садови, како и оксидативно оштетување на клетките низ целиот организам.

•Малигни заболувања
Регуларната застапеност на грашокот во секојдневната исхрана, според една научна студија, може да го намали ризикот од развој на малигни заболувања, заради неговиот антиоксидативен состав кој значително го намалува процесот на хронична инфламација.
Научно докажан е антиканцерогениот ефект на сапонините, гликозидни компоненти на грашокот.

Дополнително, грашокот содржи уште неколку компоненти кои можат да го намалат ризикот од развој на канцер, како на пример витаминот К(на простата).

Потенцијални несакани ефекти и нивно намалување

И покрај тоа што грашокот изобилува со низа од значајни хранливи компоненти, тој содржи и т.н. антинутриенти. Ова се компоненти кои можат да ја попречат дигестијата и особено апсорпцијата на минералите, од самиот грашок, но и од останата храна која во моментот е во процес на дигестија.

Вакви компоненти кај грашокот се фитичната киселина која ја попречува апсорпцијата на железото, цинкот, калциумот и магнезиумот и лектините кои ја попречуваат дигестијата, а се поврзуваат и со создавањето на гасови и болки во стомакот.

За надминување на несаканите ефекти од овие антинутриенти има 3 совети:

1) Јадете умерено – не повеќе од 200g грашок на еден оброк.

Fibro Gel

2) Внимавајте грашокот да е добро термички обработен – имајќи предвид дека највисокиот процент на антинутриенти се содржи во свежиот грашок, што подолгиот термички третман е поефикасен во нивно ,,неутрализирање”.

3) Експериментирајте со методите за приготвување – потопувањето во вода и ферментирањето може дополнително да ги намали количините на овие антинутриенти.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X