fbpx

Поголема хигиена и информираност наместо паника – заштита од корона во домот

tonus

Сосема е природно, по сите информации кои кружат во јавноста околу опасниот корона вирус, да бидеме загрижени за хигиената, особено кога сме надвор од нашите домови. Иако ризикот за инфицирање со вирусите и ризикот од изложувањето на нив е доста поголем на јавните места, особено на доста фреквентните јавни места, често забораваме на фактот дека постои можност и ние самите да ги ,,внесеме” вирусите во нашите домови, без намера и свесност. Тоа може да се случи на пример, доколку капките во кои е присутен вирусот сме ги допреле со рака или на некој начин тие се нашле на нашата облека или обувки. На овој начин можеме да ги внесеме и другите потенцијално опасни, патогени микроорганизми.

Koга веќе превенцијата од вируси го има вниманието од јавноста заради корона вирусот, станува значајно во овие моменти да се осврнеме и на хигиената како најзначаен дел од заштитата од потенцијално штетните, односно патогени микроорганизми (оние кои предизвикуваат болест), општо. Затоа, во продолжение ќе наведеме неколку совети кои би можеле да бидат од помош, за да го зачувате вашиот дом чист, односно без вируси и други штетни миркоорганизми:

1) Чистете го домот почесто, особено местата кои се фреквентни, или местата каде што има повеќе движење и пренесување на предмети

Микроорганизмите можат да бидат внесени во нашиот дом на начините кои ги споменавме. На пример, контаминираните обувки или облека од надворешноста, можат да дојдат во контакт со мебелот или други предмети во домот и на тој начин да ги контаминира и нив. Затоа, многу е значајно (покрај секако чистењето на рацете и деловите од телото кои се изложени на надворешноста, со миење и туширање) редовно да ги чистиме мебелот, површините и подовите, односно сите места на кои се движиме. Исто така, не треба да ги заборавиме и кваките од вратите. Чистењето подразбира редовно чистење со правосмукалка на подовите, бришење со соодветни хемиски средства (или обична оцетна киселина- пововина часа оцетна киселина на 3-4 литра вода) на површините и мебелот.

"“Online”/

2) Обувките и различните ташни треба да бидат соодветно складирани, а облеката почесто да се пере или подобро, да се соблече веднаш по влегувањето во домот

Облеката, обувките и различните ташни, како нешта кои се изложени на надворешноста и на кои што може да се налепат капките, по кивање или кашлање на заразено лице со вирус или друг микроорганизам, треба соодветно да бидат сместени по влегувањето во домот. Ова особено важи ако имате мали деца во домот на кои им е интересно сè да чепкаат, па дури и да ставаат во устата и на лицето. Добро е, наместо седење во домот со облеката од надвор, да имате облека која ја користите само во домот.

Обезбедете си шкафче на самиот влез од домот, во кое ќе ги ставате обувките и ташните веднаш по влегувањето.

3) Употребувајте антибактериски марамчиња и дезинфекциони средства на база на алкохол

Иако миењето на рацето со топла вода и сапун е најдобриот начин да се ослободите од нечистотијата на рацете во која е можно да се наоѓаат и патогени микроорганизми, сепак често се наоѓаме во ситуација да не можеме да ги измиеме рацете. Во тие моменти доста корисни можат да ни бидат антибактериските марамчиња или дезинфекциските средства на база на алкохол. Внимавајте и на животната средина, не купувајте марамчиња кои се направени од матријали од пластична природа!

4) Доколку во домот имате прочистувач на воздухот, вклучете го!

Добрите прочистувачи на воздухот користат посебен механизам кој овозможува филтрација и на најмалите честички, најмалите контаминенти на возудухот, односно 2,5 и 10ppm честичките. Вирусните клетки и бактериските клетки особено, имаат поголеми димензии од ова, па така тие можат да бидат филтрирани.

5) Чистете ги површините на своите смартфони и компјутери

Имајќи во предвид колку се иложени на допири и општо на надворешна средина, паметните телефони и компјутерите се помеѓу најзагадените предмети во домовите, дури може да се каже дека се доста позагадени и од една тоалетна школка, на пример. Масните траги кои потекнуваат од нашата кожа, по допирите на овие површини, можат да им помогнат на микроорганизмите полесно да преживеат надвор од домаќинот. Затоа, важно е да направите навика, според која барем еднаш во денот ќе ги чистите површините на овие апарати со дезинфекциски средства и соодветни влажни марамчиња.

6) Редовно мијте ги рацете

Ова секако се подразбира и важи заради повеќе причини, но правилното миење на рацете е есенцијална навика која треба да се создаде, особено кај помладите. За полесно да се научат младите на овие навики, а и за ние постојано да се потсетуваме, добра идеја е поставување на листа со насоки за правилно миење на рацете, над местото на кое ги миеме рацете, на пример. Исто така, се препорачува користење на течни сапуни наместо оние обичните, заради тоа што на тој начин се минимизира контактот меѓу нечистите раце и сапунот кој подоцна треба повторно да се употреби од други лица.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор